Јас мачкам шеа путер од Авон, трошам второ и немам стрии до сега. 27 сум полна. Мислам, имав дома две три паковања собрани па реков сеа ќе.трошам. Мрсно, топ се покажа. @danichap козметиката за бебиња на babylove како котира кај вас, солидна ли е? Од пелените бев презадоволна, сеа сакам да земам комплет козметика за бебе, па ме интересира мислење.
Ми се плаче што се изнадавав пари за еуцерин и веледа.. По 1000че на секои две недели.. И пак стрии на сите страни Да ми е овој памет и јас ова ќе си го земев.
Стриите викаат дека најчесто се генетски ама жена ко жена. Колку треба ќе плати само да си ја зачува убавината, сите сме исти
Дали само јас рикам (икам) како магарица во цела бременост? Дури и во спиење на вртење испуштам некои звуци сама себе се плашам.
Да, јас со првото многу пазев, мачкав свашта, ама испукав премногу. Се се тешам нема каде да испукува веќе. Мислам обелуваат доста, се надевам нема сеа да добијам нови. За сега немам нови.
Јас користам една крема која сама ја правев, некако не сум доследна, не се мачкам секој ден, а баш ја фалеа тука на форумов...Павловичева крема со ад капки, масло од кокос, арган и невен и вит е ампули.. Плус така мењам со еден лосион на Неутрогена, беше на акција во ДМ и е доста мрсен...
Со првото мачкав павловичева со ад капки ама многу кратко, па се префрлив на кокосово масло. Леле тоа како смрдеше, не можев да се поднесам. Од четврти месец мислам прекинав и ниедна стрија немав освен на цицките, бразди имав уште во вториот месец. Сега ништо не мачкам и добро е засега, мислам дека е до кожата. За спиење и јас спијам како топ. Рано станувам за градинка ама ноќта баш убаво си ја преспивам. Рано е уште, таму накај 8ми веќе ќе биде мачно со киселините и притисокот на градите. Хрчев како маж при крајот.
Jas odkako ostanav bremena piam 2 pati na den kakao i nemam nikakva maka nitu so zelezoto nitu hemoglobinot a vekje sum kraj na 8mi mesec ☺️
Аииии браво. Само мене не ми се чека до 40та. За две недели влагам во 9ти и се мислам да почињам маратонски. Друга работа е што секое ковче долу ме боли и не знам дали воопшто ќе можам. @shz Со сигурност би знаела само на ехо, но не мора да значи дека е со глава горе. Можеби само се завртело со грбче или отишло полево-подесно, а ти чувствуваш сензација повисоко од што навистина е. Јас високо го носам што не можам да седам на стол ме сече под гради. Морам да сум бар малку навалена. А вчера на цтг се изненадив дека срцето уствари прилично ниско го детектираа. Јас за првата бременост почнав по совет на пријателка со 3 деца да мачкам маслиново. Имавме домашно. Ама не мачкав редовно, плус ме фати мрза и баталив скроз за брзо. Немам ниедна стрија на стомак, ниту на гради. Само на нозе. Со оваа бременост мачкам обична хидратантна крема стандард што си мачкав, само ставам подебел слој оти кожата ми е доста посува, исто имам само плус некоја стрија по нозе.
Ако видат дека нема да излезе со гмечење, нема ни да пробаат. Кај мене почекаа да се намести од контракции, ама не се намести, и одеа на царски. И докторката која ме прими кажа дека не можат да влијаат да се помести, и докторката со која се договорив виде дека нема шанси да го наместат. Стрии имам по цел стомак. Мачкав ама си имам и на други места од претходни варијации. Секс цела бременост имав, мислам дека од 38ма со свршување внатре и убаво се отворив. Да беше друга околност ке излезеше природно.
Денеска цел ден ме сече така под гради едвај можев да се наведнам надолу и имам некоја болка под гради не е ништо страшно тоа нели? Значи високо е, доаѓа така како ти што кажуваш.
Вака ме сече под гради веќе со недели. Исто ми беше и со првото. Ако додека седиш седната те притиска и боли најверојатно се нозете. Не се секирај, мислам тука негде сме со неделите.. Сега веќе ни комфорт ни раат нема. Гледај да најдеш позиција што ти одговара иако се потешко некако станува, пробај малку поднавалена и малку потсвртена на страна и само менувај страна за да не се здрвиш.
Ај гледам за стрии зборите, јас имам друго поинтимно прашање. Дали госпожата доле ви смени изглед некако? Јас се немав видено одамна, ама осетив дека нешто ми е потечена едната страна, и некако ми оружнела бе, чудна ми е целата. И дали се менува нешто после природен пораѓај таму долу (ова прашањце за тие што чекаат второ)