Нема чувство, имаш болки додека се отвораш. Може помалку или повеќе ама нема шанси да не забележиш. Некои жени до 4-5 цм немаат болки страшни ама до 10 соте ги боли. Ако прашуваш да не се породиш во кола, 99% нема шанси, ке стигнеш до болница.
Јас тој период почнав да се подмочувам, а уште не правев разлика зашто само топло ќе ми наидеше После се навикнав.
Има по билниве аптеки низ Скопје. Колку што знам не поттикнува пораѓај туку не припрема за истиот. Содржи антиоксиданси, железо со што го намалува ризикот од анемија и крварење при пораѓај и ги опушта мускулите со цел полесен пораѓај. Така имам барем читано. Се препорачувал во втор и трет триместар да се пие.
Па мислам дека не се подмочувам, што знам не го осеќам така, најмногу ми е страв да не е плодова вода.
Знам, исти паники ме фаќаа. Или беше исцедок или малку пуштав… пишував тука и друшките ми кажаа дека е нормално, ако ми е ептен шубе да одам на доктор. Не отидов и се беше ОК после. Ама тебе ако ти е мислам оди, мада читам доста дека тој период сите низ исто поминуваме дур се навикнеме.
Појди на лекар , онака ќе паничиш Јас имав така тој период се сеќавам баш 19недела бев. испадна дека се подмочувам
Речиси од сам старт сум како подмочана цело време сум со мокри гаќи, машината само со гаќи ми врти се навикнав и помирив со тек на време, но ако ти е шубе појди да те ѕирне др
И ја 20та недела бев за истиот проблем, исцедок водест беше најверојатно. Докторот рече може да е и мокрача ама нормален бил таков исцедок тој период. Од тогаш ми се случуваше често да се мокри гаќите.
Фала ви многу, се надевам дека и јас се подмочувам и дека не е ништо сериозно Ке одам за секој случај, се јавив на докторот...
Неее далеку ми е пораѓајот . Туку на моменти ме подзаболува стомак, а 11та недела сум ништо страшно, но си правам филмови .
Значи сите таа недела сме биле подмочани Ама може и воден исцедок да е, нормално е и тоа во бременост, само што прави поголема паника од обичниот.
Јас незнам комшиката дали осеќала или не , дојде брза помоп бидејќи немаа кола и никој незнаеме што е бидејки никого не викнаа за да ги однесеме , што нема шанси некој да ги одбиеше. Небитно тоа, туку женава само што ја качија во брза помош се породи во возилото, а сеуште стоеше во дворот. Да не бидам лошо сфатена, ама секоја е различна.
Гледај си алишта мајка и со лесно. Не се оптоварувај со такви работи. Само болка е проблем, значи уживај. Камо среќа така да раѓаа сите. Гледав една пред болница на паркинг раѓа. Ама такви раѓања се многу ретки. Многу.
Со прво дете. Во двор беше возилото тука бевме чувме бебе плаче и мажот искочи кажа. Кумата со прво дете осеќа тече плодова, влага се тушура иде во болница отворена , се качува на бокс и во 3 напона раѓа. Може не се чести ситуации, но не значи дека и нема.
Девојки што користите за хемороиди?Пред малце заприметив дека ми се појавил..уште тоа ми фалеше покрај сите мачнини 16+4 сум
Девојки се слушнав со гинекологот, ми вика стави влошка ако ја мокри цела тогаш треба преглед да видиме дали е плодова вода. Му кажав дека не е до толку, нема потреба влошка да ставам и вака се гледа и осеќам, мала количина е.. Ми вика нормално е.. И пак некако сум испаничена... Некоја членка нели пишуваше пред некој ден исто вака и отиде на Гак и ја задржаа.? Филмови си правам, се мислам дали да одам на клиника.