Утре земам резултати од Кумбсов тест. Доколку треба да примам инекција, каде ја барам? На Трансфузиологија или на Гинекологија?
Еј и мене денес тоа ми проверуваа, а отидов за ддмери само. Ми вика све ќе ти провериме и го спомна тој Кумбсов. Што е тоа? Зашто ми проверуваа?
Не се сеќавам баш како беше, затоа прашав... А и паничар сум си по природа, мислам дека нема да се смирам додека не бидам сигурна... Извинете што ве замарам по 100 пати со едно исто
Само јас претерувам со благо или има некоја како мене што не може да оддолее на слатки? И претходно си бев страсен љубител, ама ова веќе не се издржува колку силни нагони имам за нешто слатко, благо, чоколадно. Сакам да се контролирам и не знам како да си помогнам. Уште малце ќе правам тест за скриен шеќер, нема да ме изненади ако вредностите се до плафон. Не можам никако да престанам. Ако нема благо и шопска барем еднаш во денот, како да не сум јадела. А да не правам муабет, апетитот што ми е пораснат ×100. Од сабајле до вечер уста не затварам.
Баш пред некој ден и јас пишав за ова. Без благце не можам. Правев и тест за скриен шеќер и се беше ок.
@Alexandrite внимавај со шеќерот, не е добро да се конзумира толку многу во бременост. Да, хормони се во прашање ама мора малку "да кренеш рачна". Јас минатата бременост имав страшен нагон за кроасани и разбирам дека е многу силно. Колку килограми си поправена досега?
5 кила сум поправена до сега. Се надевам нема да се накачуваат драматично. А количински пример не јадам многу, но постојано по нешто имам во уста. И благото, нормално.
Јас имам поголема килажа од нормалната и на почетокот ептен внимавав што јадам. Последниве 3 месеци јадам се што сакам сладолед, торта грицки и престанав да отворам веќе во темата на дневно мени се чуствував како слон во количина на храна што ја внесувам за разлика од другите што јадете според мене минимално На килажа имам минимално качено, при проверка на шеќер супер резултат добив и се изненадив очекував дека ќе ме стават на некоја ригорозна диета 31 недела имам и омилен сладолед еве моја препорака на ова лето Магнум со чоколадо и јагода го има по маркети во пакување од 300гр
Килажата ке се стопи по породувањето. но мислам дека и да имаш желба за некое јадење треба да се касне барем залаче
Грам не стопив. Ти се верува ли? 78 имав на операциона маса. Три кила бебе родив. Дома со 74 си отидов. После 4 години со 74 почнав втора бременост.
И јас тука бев со килажата на породувањето но за 2-3 месеци се вратив на 58 кг. И по 5 години почнав втора бременост со иста килажа 58кг
Незнам дали е период ама мислам дека станав зависна од овој сладолед Од кога останав бремена јадам храна што претходно не сум ја сакала многу пр. Калинки имам изедено до сега 30кг.мин. Се опседнувам со одреден вид на храна