И заборавив да ти кажам, ова од што читав, ако е плодова вода постојано тече ( не мора многу ама тече), а ако е исцедок е периодично во текот на денот.
Ајде совет, малку сум во гужви денес. Земам после 2 резултат од Кумсов тест, ако треба да примам инекција, кој ми ја препишува ? Трансфузиолог или Гинеколог?
Јас цело време имам воден исцедок и како бело. Имам кога станувам од спиење се исцртало некое гругче на гаќите или кога одам многу, ми има кажано докторка дека ако бидам како помочана тогаш да одам на лекар а вака како јас што и кажав не било ништо страшно, било нормално. Приметив сега од топлото гаќите ми се мокри ама поинакво е тоа, од страните некако доаѓа не на средина. Сега станува топло и ќе се потиме повеќе.
@shz да вториот пат беше така од страните само влажно, а на средина не. А првиот пат десно само, пак не беше насредина. Не беше така целосно намокрени, само како влажни. Се надевам не е ништо, многу е рано кај мене.
Плодова вода штом почне не престанува, а исцедокот знае да е толку воденест баш ко плодова, не се секирај.
Штом ти е од двете страни, си се испотила. А на некои гаќички ако е потенок памукот па ептен се познава. Откако се стопли ми се случува и мене. Матичната ми рече дека плодова вода тече цело време
Да сум ве читала додека бев бремена и јас би почнала да кревам паника. Јас од 5ти месец бев со мокри гаќи, ама се потев, па не ни мислев на плодова вода. Нема некои ленти во аптека да си купите, па ако има сомнеж да проверите дома дали е плодова?
Не е ништо мислам и нормално е во бременост исцедок. И како што пиша членката погоре и на гаќичките ако е потенок материјалот ептен се познава, јас така имам едни сиви тенки ептен се познава кога се испотувам.
Не те мафтаат, и кај мене со синко имаше должини, тие се земени просечни од мерките кои ги зима ехото. Зависи веројатно од ехо до ехо. Јас имав мајчина книшка и баш се си беше одлично запишано во неа и си ја чувам и сега за второ ако имам планирам да си ги урамам на крај се да е у ред само. Имаше уште една Ангела со мене трудна да се појави тука, знам тука некаде бевме, да каже како е. Чувте срце?
Да, ама затоа и ми мереа цервикс, демек поверодостојно е за да се утврди дали се лажни или вистински. Јас ќе зборнам во понеделник за таблетите со матичниот, мене ми е страв да не има некаква штета од контракциите за бебето. Инаку и јас сум во мирување, ама еве имам по една на еден, саат и нешто. Кратки се навистина, ама сепак... Може и мислата само таму ми е, па секое мало згрчување го регистрирам.
Денес 5+2. На 4+6 бев на преглед, имаше сакус од 3,3 мм. На 19ти ми закажа за срце, 6+2 ќе бидам и не можам да дочекам. Не мо жам. Уште цела недела Ти како си?
Јас сум 5+6, ми закажа преглед за на 23ти дури, тек ја како ќе додржам до тогаш, ќе бидам полни 7 недели тогаш. Имам мачнини наутро ама често знаат и цел ден да продолжат. Нагло ми порасна стомак малку и дека до скоро немав стомаче сега чудно ми е. Ама мислам дека ми е од утрогестанот, надуван ми е. Тие менструалните болки ми завршија засега.
Женски има ли некоја што со конзилијарно продолжува постојано боледување за време на бременост? Од фонд кај секој месец доцнат со исплата на ДЕМЕК 70% од платата, почнаа и секој месец да кратат по 800, 1000 ден...
Изгледа е од гаќите, нови беа двата пара труднички не ми беа носени до сега, ама многу танок памук. Сега капнав една единствена капка вода на материјалот, се прошири за секунда низ цели гаќи како огромна флека. Арно црни си носев до сега, да не се паничам, овие за после пораѓај ќе останат.
И мене ми е подуен ама не многу. Од пред два дена ми се гади малку и тоа само првото кафе, првото јадење и после немам гајле цел ден. Болки немам никакви ни јас, освен глава вчера, ама па косата ми беше во реп врзана и може од тоа да ме болеше. Се се мислам дека ќе му ја здувам побрзо на ехо некоја вечер во Ремедика Ама кога ќе ми текне дека е рано па ...
Седи мирнааа... Што ќе ти е да одиш на ехо сеа, седи таму до кај среда бар, ептен ранко ти е од сега.
Да да, ќе си седам мирна. Еве си закажав фризер, ќе се шишам и шишки ќе правам. Бар да се нервирам за тоа како не ми стојат и да си оттргнам мисли