Ех, нема. И моите нема како што сакам да бидат по се изгледа. Сакам барем на иста буква да бидат, а тој и едното да го избере јас другото пак не е тоа тоа.
Isto sum i jas, znaci celo semejstvo mozda site i jas tuka mozda site iminja sme gi spomnale amaa na sekoj mu naogat nekoja mana pa mu vika aj ti daj predloz jas nemam vikat najdete vie taman ime jas ke doberam
За имиња ние имаме договор. Јас го носам 9 месеци,јас се мачам на пораѓај и јас ќе кажам како ќе се вика Инаку името што сега ми се свиѓа,го носи бебе на моја втора братучетка со која се немаме видено 5 години, и сопругот ми збори демек немало смисла да ставаме исто име!?
За име мажот ми рече ти го носиш 9 месеци ти ќе одлучиш, ќе одлучам уште да имам некое има да ми се допаѓа, никое око не ми фаќа.
Кај секоја бременост без исклучок има лажни контракции, така матката се припрема од почеток до крај за раѓање. Само не сите жени ги чувствуваат, особено во прва бременост, а многу ги мешаат со мрдањето на бебето. Во секоја наредна бременост се чувствуваат и порано и посилно.
Е сега .... Ако не бил маж ми шо ќе носев, шо ќе родев и со шо ќе се мачев? Родител му е исто ко јас. Тоа што јас се мачам не е ич крив маж ми нели?
Внука ми од прва братучетка што не сум ја видела и чула 5 години има име што многу ми се свиѓа, и баш ме брига кој што ќе каже. Мое дете моја одлука. П.с. Знам сестрата на татко ми би јадела трици , али никој не ја вртиме 2 % така што баш ме брига.
Кај нас синко реши за името, и не спаси од маки За првото си беше желба на маж и јас немав проблем со тоа. Си доби име поради многу околности. Сега сакав јас да одберам, маж кажа ок, ти одбери, ама секако и нему да му се допаѓало, а може вика и на твооте родители да ставеме. Не сакав. Ама син ми има друга желба и тоа е. Нека е, пресреќен е, си го одбра името на сестрата. Јас мислам дека и таткото има право на име. Па родител е и он. Ако он не го направи, нема како да се роди
Ние имавме име за женско уште пред да научам за првото дека е машко, и си остана за сега. Да беше машко ќе одбереа мм со синчето, и имаа веќе едно име, немаше да се бунам, ама ете пак по мое. Ама и мм го сака името, зошто е помодерна верзија на името на омилената баба, а таа па пресреќна е.
Татко си е татко, мајка си е мајка. Кога те боли нешто викаш ОФ МОРИ МАЈКО, а не татко Шала на страна, двајцата родители убаво е да се согласни околу името, ама стварно низ што се поминуваме сметам дека треба да имаме предност во изборот. За првото маж ми рече како ќе кажеш ти така, ти се мачеше За второво ќерка ми си кажа и нема разубедување ( иако пробав) Само нека се живи и здрави
Ние сме договорени за машко бира маж за женско јас, ама за машко одбравме пак она што на двајцата ни се свиѓаше, а за женско сега јас дошепнав на синко он се "сети" Јас сум убедена дека ќе биде женско, името ќе биде женска верзија од омиленото име на татко ми. Машко нормално дека ќе крстиме по Супер Марио, среќа по Соник не бара. Додуша само да е живо и здраво, мене ми е тоа битно и да се роди на време, нит име ми е важно нит пол, желбите мои немаат врска со тоа.
Јас сакам двете на иста буква да се, тој вели ете едно ти едно јас да крстиме, ама ете ти идеја ми вика и за другото и прееска и докторот ме праша дали имаме имиња, викам не ми се допаѓаат на мажот ми имињата и тој па вика ајде направи му мерак и така ми ги кажуваше со тие имиња
Иста сум денес. 27.2 сум г.н. и цело време лежам да земам душа. За име за првото, двајцата се сложивме за исто име. Сега му давам предност нему, знам има мерак за машко име. Ама гледам и нему троа незгодно му станува, па му нуди да одберам име. Членовите на семејството не ги консултираме, може само да ги известиме.
Ќе најдете некој компромис Глупаво е да го викаш детето по име што тебе не ти се допаѓа, и обратно на маж ти што не му се допаѓа.