Нас кога ни кажаа пол, јас му кажав име на мм, секако со негова согласност имавме неколку ама падна комптомис (по мое) да боде тоа име, е сега да и јас мислам дека ина право да си даде мислење ама мисла дека на крај ние (претседателките) потпишуваме за името односно даваме одобрение хаха. Во глобала и двајцата се сложивме за тоа име, иако сеупте на никој не го соопштивме освен на кумот, знам малку ќе има мрчења од другите ама ич не се замарам. Само нека ни се живи и здрави бебушките па другите можат пто сакаат да си кажуваат. ❤
За првото, мене не ми се свиѓаа предлозите на мм (дури бев као втф, кај ги најде), исто и моите не му се свиѓаа на него. Кумот на една седенка предложи едно, ни се свиѓаше ама беше ептен америчко и му ставивме наша верзија. Значи не се вика како што сакавме ама пак најдовме компромис за убаво име Е сега, ако биде женско имам милион имиња во глава, а ако биде машко пак истите кавги Него кажувајте како преживувате со веќе големко меше и тодлер Па и денеска колку беше топло, жива вода се вративме дома. Четири саати шетање, трчање, се убаво ама мака ми е веќе да трчам
Devojki imam bodezi vaginalno pred eden saat sega pak , nesto e povrzano so porodilni da krevam panika ? 36 nedela sum
И јас немам идеа никаква, оставив мм како сака така ама он неќе сам сака заедно да одлучуваме Некако битно ми е само да биде се во ред и окупирана сум со тоа и ваљда затоа не мислам на имиња
Само јас ли имам одмазднички став спрема детето. Јас ќе те раѓам па после мењај име ако сакаш, бирај пол… на почеток кога ме прашуваа какво е им кажував биолошки женско ко ќе се роди само ќе каже. Мислев дека постариве ќе реагираат лошо, ама гледам не се бунат. За име ја викам по една девојка што си го смени името по пунолетство зашто не и се свиѓаше и така си ја завикаа сите сега и знаат зашто ја викаме така (мислам дека и ќе и остане како прекар и кога ќе се роди).
Познавам една жена кога се родија децата едно име она едно име маж и. Не се на иста буква, а ич па и слични.
Ние уште пред долго време се согласивме за име ако имаме женско. Е во меѓувреме, една моја познаничка со "нашето" име си го крсти девојчето и сега јас се премислувам маж ништо живо не попушта, тоа и готово, сме си ветиле одамна, а и ептен емотивен момент му е, модерна верзија на името на дедо му покоен. Преубаво ми е името мене, ама ете хормони и бубачки во глава и некако не сакам сега така да се вика, ама па и шубе ми е што стварно си ветив и јас. и не знам што ќе испадне на крај
И ние уште на почетокот имаме име за женско. Јас го кажав, мм одма се согласи. Женска верзија од името на свекор ми е и многу ни се допаѓа на двајцата. Ако е машко немам никаква идеја за име, ниедно не ми се допаѓа. Се мислам дека за машко во последен момент ќе одлучиме
Не гледам проблем ако ти е само познаничка или ете и пријателка. Не би крстила исто само ако е најблизок, сестра/брат мои или на мм. Ние пред 7 години ко го сакавме името за женско беше поретко, сега има многу девојчиња со тоа име ама не ми прави разлика. Тие се имињата, освен ако не е некое преуникатно, ќе се повторуваат секако. Во одделението кај малиот од многу имиња по двајца има, и машки и женски.
Мојата покојна баба се викаше Софија и многу сакав еден ден ако имам девојче да се вика по нејзе убаво име и ќе ме потсеќа на неа. Во меѓувреме 5 од моите другарки имаат ќерки со име Софија, двајца братучеди имаат ќерки со име Софија уште јас фалам со исто име што е многу многу е, нема да се знае кој да се сврти кога ќе викнеш по име Сега веќе имам ново име на кое што мм беше на почетокот скептик ама почна дома со име веќе ја да вика и се навикна сега и него да му се допаѓа.
Ние за првото двајцата имавме имиња, и на крај преоблада неговото Сега за ова, дај боже само се да биде во ред, јас кажувам име
Не знаете уште пол? За меше немам решение, трчам и заборавам дека сум трудна. Тек вечер кога ќе легнам, почнува да мрда и ме потсека дека сум трудна
Денес значи колку ми се гади, тоа е чудо некое. Од мириси ми се гади а не па од храна. Сега ќе спремам ручек-вечера од што до толку бев неспособна до сега.
3 месеци свекрва ми и маж ми готвеа јадења за ќере. Мене само од помислата на тоа што треба да го зготвам ми доаѓаа нагони да повраќам. Ама помина и тоа. Издржи
Здраво женски Има ли некоја од вас искуство или да планира да се пораѓа кај др.Неџипи во Чаир ? Ќе се пораѓам царски, слушав позитивни искуства па сакав да се консултирам и тука
Женски да Ве прашам, еве денеска ми е термин прва бременост, сабајле на контрола ЦТГ мирно, со минимални лажни болки, со слаба болка во срамната коска како да се отвара карлуцата, ехо преглед се во ред, вагинален ми кажа не сум била отворена ама цервикс помал од 1, (пред два дрна 1.5 пишала докторката) плодова вода има, бебе напикано во канал мислишбрака ќе извади да мафта, ниско ја носам, постелка 3 степен зрелост, па ме вратија дома и ми рекоа пак за два дена на контрола. Страшно ли е нешто затоа што до денеска ми е термин, а на женскава моја како да не и се излага, прва бременост ми е па не фати паника мене и мм заради терминот или нема врска тоа?