Вонземјанчиња понатаму поубави ќе се сликите, пред крај со правата бременост исто беше во лицето ко што се роди Еве ја госпоѓицата сега, ко жапче Спојлер
Да да такви се сите. Моево што беше крупно родено пак беше згужвано, црно, па и жолтица имаше. На ехо се гледа како нешто да имаат залепено врз нив.
Ја имам само една слика од лице и тоа у 8ми месец се покажа убаво , ама буквално е иста како на ехото.
Убава е твојата ептен, да најдам една слика да ти сликнам да видиш како е моето Ама од почетокот имам слика од моите ептен што си ја сакам, еве ќе ви ја покажам. Другите сите не се за пред јавност, само за очите на мама се, а на мама најубави и се какви и да се
Јас обично не ставам слики ама ај да се приклучам на 'вонземјаните' А и какво да биде во 12та недела, реално. Од син ми имам убави слики веќе после 20та недела. Спојлер
На мојот пораѓај Др.Неџипи беше асистент. Прв пат го видов тогаш. Ама многу убав впечаток ми остави. Тих мил сталожен. И многу емотивен Кога ме префрлија на одделение слушнав еден куп позитивни искуства со него. Со лесно
Многу ме боли срамната коска последниве неколку дена. Ништо друго само тоа и толку боли што едвај станувам од кревет. Од кога го прекинав магнезиумот полошо е. Ви се случува ли вас истово? Од бебе ли е што е спуштено доле и тежи или од што е стварно не знам ама не се трпи.
Добро вечер девојки. Може да ми пратите директен линк каде да пријавам матичен гинеколог за наплаќање? Отварам на info@fzo.org.mk ама после не можам да се снајдам..Фала ви
Ве читам кај вас тешко се вртат бебињата за слики, мојот кога ќе се намести едно 100 слики вадиме со матичната, не мрднува само позира
Леле и такви слики имам, на почеток бев 100% сигурна дека е женско и матичната сега на секој преглед ми го слика да поверувам дека е машко