Мојот ни тоа. А 9ти веќе. На пораѓај одам со најверојатно е машко. Ако изненади првите месеци живот ќе бидат поприлично сини и зелени.
Матичната ми даде аспирин онака, за циркулација. 5 дена го пијам и сега на бришење жолто-кафен утрогестан и како конче кафенко. Ми напомена дека е можно ама не ми кажа што во тој случај. И пишав на вибер, не ми враќа. Да не пијам денес аспирин нели?
Ако е само онака и немаш никаков проблем не знам зошто го пиеш. Контраиндициран е за здрава бременост и знае да предизвика крварење. Зборувај со матичната ако нема потреба да не го пиеш. И мислам да не пиеш денес,да.
Аспирин дават во случај ако имаш генетски мутации. Тројца гинеколози што сум ги прашала ми рекле од Аспирин неможе да настане крварење. Ако ти е на мисла можеш да го пиеш преку еден ден. Сепак консултирај се со матичната или некој друг доктор.
Освен витамини, ништо друго не смее и не треба да се зема додатно. Докторите кај нас се навикнале да даваат се и сешто за секоја сигурност па да се оградат.
Јас сум со мутации ми дадоа аспирин и клексан од аспиринот ми се појави крварење како кафеав исцедок и ми го прекинаа сега фала му на господ само со клексан супер сум, и аспиринот несмеат да го даваат така на своја рака без причина разговарај со гинелогот и мислам дека е подобро сега да не го пиеш
Ми пиша само "Ако имате крварење може да појдете во болница на преглед". Толку. Ако има свежа крв да одам? Ова не се смета за крварење или?
Е како бе така? Мене сите рецепти за "недај боже" или "за секој случај" во канта ми завршуваат. Што им е проблемот со лековиве, како бонбончиња ги даваат
Утрогестанот го ставам вагинално навечер и нели цел ден по малку тече и само тој беше обоен во светло кафена боја, кремаста. Два пати на бришење. И кај мене од сега ќе биде така. Вријам од нервоза. 5+3 денес. На 4+5 бев на ехо и имаше сакус со сенка внатре. Тогаш ми го даде и аспиринот.
Ништо страшно, не се секирај. Со првото се породив 41недела со провокација зошто бебе немаше намера да искочи само (ни лажни ни вистински контракции, ни отворена ништо). Решија со провокација да ме породат зошто плодовата вода почна да се намалува. Ако е се во ред може да чекаат и до 42н. Сп лесно
Јас мислам дека немаш место за паника и јас бев со утрогестан баш кога ми се појави кафеавиот исцедок, сепак ти ако сакаш да не испадне дека ние сме така рекле ако сакаш ти можеш да отидеш до гак па да видиш што како , ама јас мислам дека е од аспиринот
@Angella7 може се имаш повредено при аплицирање на утрогестанот, ми се има случено капиларче да пукне со вагиналети.
Ако немаш индикација, за ништо, мислам нема потреба да го пиеш. И мене матичниот ми даде во 6та-7ма недела, баш за ништо, а д-р што ќе ме пораѓа што паралелно се консултирам цело време ме советуваше да не го пијам. Зедов едно-две тогаш и прекинав, еве 36та недела терам.
Кога почувствувате промена во движењето на бебе? Еве 26гн и до пред некое време движењата и беа брзи и кратки, баш осеќав како рита отсечно. Сега некако се поспори движењата и не се интензивни толку. Знам дека се менуваат како расне бебе, ама дали е нормално за овој период уште не сум ни во 7ми месец.