Сите лепотанчиња, едвај чекам да ги видам сите како ќе растат, па да си пишеме некогаш ееее се сеќаваш какви беа во стомачето на мама, сега види ги Ме потсети се ова со лепотата на нешто ќе ве позамарам малце Имам една другарка, тежок карактер е, сака да се фали, се што имаат другите да има дупло и поубаво и ако нешто нема се ќе направи да стигне до тоа, ако крајно не може-лаги и манипулации. И општо си лаже нон стоп. Мене искрено не ми смета, ќе седнеме на кафе ќе си поправиме муабет, ќе ме полаже и толку. Сите ја избегаваат, мене ми викаат како ја трпиш... И таа е трудна, иста недела сме. Кога бевме 10 недела седнавме на кафе и ми покажува видео 1 час траеше со розеви и плави писма до сопругот, може над 50 писма и во секое трага да го најде следното и на крај пишуваше тато ќе имаш син. и плаче сопругот, се мрсулави, пресреќен, ја гушка ја врти.. викам како дозна толку рано браво. И ми вика абе знаев дека кога ќе имам дете машко ќе биде, прво па машко така си сакавме и бидна. Не сакав женско и знаев дека нема да имам. И викам како го виде докторот секоја чест. Не само полот што го видел, него и рекол ова е најубавото бебе што го имам видено во животот, имам видено милиони, ама како син ти нема. Сеуште не знам дали докторот ретардиран е или од филмовите нејзини. И почна да купува комплетчиња, постелнини, дури и количка и креветче купија во таа недела. Плаво, зелено. Пред некој ден се видовме на поминување викам што има ново. Ќерка носам знаев ми вика дека е ќерка, тоа сакавме ние од секогаш со сопругот, знаев дека кога ќе имам дете женско ќе биде, не знаеш колку сме среќни, баш си велевме леле ако е машко да го вратиме хехехе. Ее нека ви е здрава и жива Моите дека се близнаци, да не биде подоле или како така јас да имам нешто таа да нема ми вика следно не знам дали ќе имаме зошто ќе бидат близнаци мајка му на сопругот имала мајка близначка и докторот им рекол 100 посто вас ви паѓа сега редот да си знаете дека второто ќе биде близнаци и сега сериозно за второ ќе разговараат дали се спремни да гледаат 3 Најјака ми е жими се.
@AugusTina! Арно ти велат, како ја трпиш ама жената може и некој проблем си има, вака муабетите не ми звучат ко нормални.
Ова ме посеќа на колешка моја што ме убедуваше дека пред 18 години за син и рекол докторот дека е машко во 7ма недела и како ја сега во 12та не сум знаела. На крај пошо со муабетите не можев да ја истрпам и реков дека докторот ја лажел и дека веројатноста да погоди не е нешто мала пошто или е машко или женско, за да на крај биде дека она убаво изгледала а мајките што носат машки деца се пролепшавале у бременост. Значи у реду е. А и ова, за полесен пораѓај да си пуштите јајце низ гради кога ќе ви почнат контракции да се скрши у леген. И ОК ај тоа, ја прашувам како се породи ти после јајцето… па царски едвај. Другава колешка ја прашувам ти со јајцето како помина, па не пуштив јајце и се породив со двете природно за 10 минути. На крај за да ја зезам прашувам а јајцето варено или живо, ко се возбуди како варено никако варено живо мора. И така сите со свои причи и убеѓења, ама некад кога слушам душата ми се смее.
Јас ја родив ќерка ми во полна 42 недела. Така да, додека те следат, не се секирај. Јас петокот заглавив на Гак. Т.е. земав резултати од Кумсов тест петок после 2 и пол издавале само, ама нема никој на Гак за Извештај. И така, фино се прошетав, поседов во паркчето ко луда да земам душа и си заминав дома. Сакав да кажам дека начекав 20 посто попуст во Вајкики, само нз до кога трае. Земав 2 пара ромпери за бебо, 640 ми дојдоа, економично.
На 26 та недела со 28 степени надвор и збивтам ко кобила, шо ќе се дешава на 36 недела и 46 степени мајко мила
Јас два дена не знам каде се наоѓам од жештиниве, решив да го поминам летово под клима и да не ми се лутат оти ме нема. Не мрднувам баш никаде.
Истото го мислам и зборам цел ден. Почнав паники да правам дека нема да можам ништо да спремам за госпожава, така да неделава ако не се купи се остана дете голо да шета
Јас сум 27+ недела и баш од минатата недела и мене ми се сменија движењата. Претходно мислев дека само лактови ми маваше, едни јаки и остри движења тоа чудо. Сега се поспори и потапи движењата. Ми рипа многу стомакот ко ќе мавне ама не боли ко претходно. Претпоставувам поголеми се бебушите, а просторот е помал па неможат да земат залет за мавање
Јас сум 20та недела,штом малку повеќе се движам ме боли срамната коска.. мислам нормално е, поготово кај тебе. Тежи бебуш
Исто. Сите ми се чудат околу мене, а јас седам и се потам. Ноќеска сум спиела отскриена по куси. Неможам. Е сеа веќе сум на ум само куси ракави бодиња ќе купувам за бебе од сеа. Дури можам да се движам.
Не бе арна е, само многу филмови си прави и сама си верува мислам во нив. Па сега бременоста како да го извади најдоброто од неа Кога бевме на кафе и велам пиеш кафиња? Охооо не да пијам ми вика, сабајле сама едно, поручек на кафе одам со некој, па после мажот ми кога ќе дојде со него пијам и вечерта одиме или кај неговите или кај моите и таму уште едно. И дојде келнерот нарачувам јас макијато и ми вели ау пиеш кафе? Јас откако дознав дека сум бремена јок ни едно се немам напиено страв ми е ми вика
Да ти кажам прееска во еден бутик барам по кратки за новороденче и немаат, ај викам рано е може ќе добиете. Ми вика нема шанси, кое новороденче се облака во кратки? Викам моето Зборам после со другарка, роди пред 2 год крај на јули и ја прашувам како облакаше дете вика по кратки прежешко е август
Леле од муабетиве и јас сум ваква Па не знам мало новороденче еве баш сите ни купуваат се' по долги, ќе му студи. Значи сестро, имаш или немаш, не туку ми објаснувај. Дури и бутициве низ моловите каснеа некако со пролетна/летна (или јас сакав побрзо да се опремам) мал избор, а и тоа што се носи веднаш се продава - зошто нормално никој нејќе детето да му се вари во долги.
Едвај ја чекам секое одење на клиника се викам готово денеска ќе биде... и пак дома ме враќаат, ооследниов месец како вечност е...
Знаеш дека и јас имам такво чувство ко да каснат годинава. Други години од март почнуваат со летна гардероба, сега гледам уште немаат саглам, барем за деца. Или па за бебиња не сум барала до сега
Добро утро! И јас отсабајле се разбудив мокра ама баш цела, утоп. Спиев со отворен прозор, непокриена. Од понеделник сум дома, барем ќе се спасам од жештиниве Да не знаете каде има убви ќебенца за девојче, потенко, памучно ?