Јас кога барав видов многу убаво во Ело, имаат различни дезени, и баш се тенки, како муслински. И земав едно со сонца, органско памук во Ваикики, може и го имаш видено, ќе ставам слика подоцна во темата за бебушите. На други места или беа предебели или полиестер...
Леле филмови другаркаваааа... Малкуцка биполарно ми личи. Ќебенце на Ело ми се најубави ама цени не им знам. Додуша у август освен тетра друго не ви треба, ама може да залади па да си имате резерва. А за зимо погледнете ги Луплетка, на инста, многу се нежни.
Еве го, од Капитол го земав, само таму го имаше. Ако успеам да се искрадам од маж, ќе го земам денес и тоа од Ело. @AngelOfArh 1090 им се ќебенцата. Само не нарачувајте онлајн зошто мизерен однос имаат.
За синко од Ваикики му имав купено тенко, памучно ќебенце. Од Капитол од тоа Ваикики, може таму ќе најдеш.
Многу мразам коа си даваат мислење неповикани. Твое е да продадеш ако имаш. Да видиш во локалните продавнички, има по 350 преубави дезени, поголема димензија од тие од Вајкики. Иначе и јас на спиење сум иста. Ќе земам боледување да куртулам, неможам.
Леле јас се имам од Софи.. Нешто облека само да земам, да не биде се во стари А да во план ми е камера да земам, за во спална, ако може да ми препорачате од кои сте задоволни. Гледав околу 2900 беА. И марама за носење да купам, и тоа е тоа за почеток Со Софи хемороиди ми излегоа некаде 8ми месец, со ова од сега.. Кај е 9ти месец
Јас имам од енци менци купена пред 2 години, а сега гледам од истиот бренд имаат понов модел. Јас сум презадоволна, си симнуваш апликација на тел и можеш да гледаш од било каде, можеш до 10 уреди да приклучиш. Се врти 360 степени, во темница исто се гледа, микрофон и можност за снимање со доплата. Овој е поновиот, мојот го нема веќе.
Аии топ е. Направив скриншот. Може и исправена да стои и горе на плафон да се закачи како што гледам. Супер е
Да, имаше некои штрафови ама мене врз фиокарот ми стои и супер ми е висината. Не мора да е близу до бебето, има зум секако. Раат е ова, затварам врати и си готвам, си седиме со гости, не трчам на секое да слушам. И кај моите на викенд ја носам
Да, па за тоа и мене ми е највеќе. Ќере кога спие во спална, оставам врати отворени и ја гледам. Ама сега со две, еднава галама ќе прави, бар да можам да седам на раат во дневна. И да видам дали ќе може да ги фаќа камерава и двете кога ќе спијат. Кралицава на спална, бебето во креветче,лепенка се
Девојки. Увото ми е затнато и имам главоболки ваљда од него. Дали смеам дексаметазон капки? 10 недела сум
Женски ми закажаа во среда пораѓај со провокации. Сакав да ве прашам колку време се останува после природен пораѓај во болница? За Ремедика поточно прашувам. Ако се породам во среда, кога точно би ме пуштиле?
Да и тоа многу сензитивна зашто и комшиите горе што ќе тропнат се слуша ама веќе се навикнав на звуците, на почеток скокав.