Уште од сега да разграничиш на тие што им смета дека ќе доаѓаат блиски твои кога сакаш и колку сакаш, за да не се нервираш ко ќе дојди бебето. Без плачење и нервирање, терај си по твое. После од хормони е уште потешко, за се ќе се нервираш, а ќе ти треба да си смирена.
Едвај чекам да си го земам бебушот во раце , да не се замарам со себични луѓе Цело време ми се мократ гаќите не знам дали е пот од стрес или водењак
Денес така ми се слоши од жешково, што имав дури и топлотен бран. Па пуштив клима, лежев и помина. А мај е. Кај е крај на јули. Во претходна бременост бев второ тромесечие лето, и се трепеше. Ама пред пораѓај изгледа не
Среќа сега што станот ни е на север па дури и ладно е дома. Го мразев цело време дека северен, сега ќе ме спаси, што ќе правам онаму до крај август, а од климата мн ме боли главата. Иначе јас како да расцветав со бременоста, како да ме опорави од сите здравствени проблеми. Железото ми беше многу слабо, имав многу лоша мигрена, хроничен замор.. Сега летам, крвната слика супер, главата само еднаш ме има заболено во последните 6 месеци, енергија како никогаш имам, само нешто правам. Е сега маки со повраќањето што си имам и со спиењето, ама тоа ќе помине..
Кога се жалиме да се придружам и јас. Се чувстувам виновно, зошто се чувствувам вака, зошто одамна си го чекав бебуш, ама не можам веќе 37ма недела од утре, ама толку сум over it, толку ми е тешко, не можам да мрдам, ни една позиција не ми е удобна ни за седење ни за лежење, а за спиење да не правиме муабет како вампир секоја ноќ дежурам, а бебе црева ми вади и на сите страни удира, е ќе пукнам готово. Згора на се жешкото. Нека излегува побрзоооооооооо
Исто, освен бебево мое што е мирно и освен тегнење и по некое превртување во денот не ме малтретира многу. Се надевам и после пораѓај ќе си остане вакво. Баш сега им зборев дома дека едвај чекам да излезе
Девојки, денеска средував, во нестинг фаза сум скроз. Цел ден нешто праев не сум седната. Пред малку во одење имав моментални остри бодежи во вагина, ептен ниско. Можно е да е од замор? Седнав, ми поминаа тие, ама ме фати кичма ниско долу. Ме фаќа така кичма одвреме навреме и не се потресувам, ама сеа дека следеше ептен после бодежите па ме фати страв. Не знам дали да паничам. 35та, рано ми е, не сум спремна уште. Немам све испеглано.
Мислам дека ти е замор. Не се форсирај толку, влези во 9ти па после и да се форсираш не е опасно. За 1 недела влегуваш во 9ти Исто може и да се лажни болки. Ако легнеш да одмориш и го снема,значи лажни се и нема место за паника
Да се смириш малку и да кренеш нозе, ако не престане до утре да одиш на преглед. Јас ко тебе се челичев и за денипол родив во 35та недела. Додуша еве го челичето спие до мене, љуби га мајка, ама не напињај, дај си оддишка. Женски јас сум 6 полни во 7ма влагам, ама многу ми е голем стомакот за тој период. Дали сте забележале дека од утрогестанот се дува? Некако не јадам толку за да ми се дува толку многу, ко да сум 3ти некаде. Јас си имав стомаче, не дека не, не бев даска, ама многу некако ми е сега. Се одвикнав од стомак и сега сум си чудна. За среќа засега немам желба за благо, ич, али салата, можам чорбалук шопска да ја кркнам сама и ич да не ми чуе. Општо цела зима многу салати јадев, ама сега ептен.
Јас не бев на терапија, па пак бев подуена до крај на втори месец. Дури отидов нови фармерки си земав зашто ме стегаа старите. После ми го снема мешето, па во четврти нагло скокна само под папок. Еве влегов во 5ти и веќе од желудникот полека почнува да се зголемува. Мислам дека не ти е од терапијата.
И без утрогестанот се дуеш на почеток. Негде до кај 10та недела, па нагло ќе спласне стомакот, после ќе почне да си расте трудничкото.
Се префорсирав скроз овие 2 дена. Се живо исправ. Не знам ни сама колку машини переа. Уште да испеглам остана. Бебе е многу активно. Стомакот ми почнува точно под цицки. И во делот што ми е од пупак до цицки редовно имам стврднувања. Ама таму и највише ме мава и највише прета. Веќе е многу незгодно. И со првото исто ми беше, па се надевам само дека нозе се таму. Иначе, читав зборевте за ќебенца. Мој совет е да си земете фланел пеленки, посебно за летни и рано есенски бебиња. Како тетри се само се малку подебелки. 100% памук, само што обработката на памукот е различна од тетрите. Многу се помеки. Ја имам доста од првото, па овој пат не земав. Таман се за оној период кога тетрите се претенки, а не е ни толку ладно за ќебе. Има различни големини.
Мешиња што мислите за околу фарбање,нокти,трепки? Искрено некако сите ми викаат немој, почекај и сега ми направија шубе некако незнам .. Исто и за на одмор, ми спомнаа да не сум се капела , јас знам за во базен дека е поризично од инфекции а за на езеро,море дека не е баш толку, за сончање знам дека не чини..
За фарбање матичната ми рече после 12та недела може, нокти цела бременост правам еве 28ма недела сум планирам последни да ми се оти не знам како ќе се снајдам со нокти и бебе, трепки не сум правела не знам, во базен и езеро не капи се поради инфекции а во море може
Јас и прво тромесечие се фарбав и си правев нокти. Дома имам материјали сама си ги правам и по сто пати во неделата ги печам. И сега пред 2 недели се фарбав. За во базен само не би се капела не сакам некоја инфекција да закачам. Во море би.