Сега нешто малце поинтимно. Докторот ми рече секс може, само понежно и не многу длабока и груба пенетрација. Нас страв и неугодно ни беше и за време на бременоста на една рака дали се бројат односите што сме ги имале. Пред околу 3 недели последно имавме секс, пак со страв, со грижи, безвеза. И после кога бев во вц, се бришам и на хартијата крв. Од тогаш до крај веќе нема, нема шанси, готово со тоа, крај. Сега ќе се дрзнам да прашам кај вас како е?
Јас едвај го убедив маж ми , не сакаше му било страв за бебето Ич не ми беше убаво ни мене , не се чуствував пријатно незнам , стегнато со страв , си викам батали хахахаха
@AugusTina! И ние се откажавме, барем до пред крај. Пишав и во другата тема, јас после оргазам имам јаки контракции во матката и не трае кратко. Минатиот пат се преплашив, се изнапив магнезиум и помина среќа. 9ти месец негде ако е изводливо може ќе се опуштиме.
Другарка која патем е и докторка, со стомак до зуби си беше на одмор на море, па што фини слики си имаше под вода и над вода. Значи немаш проблем за бањање во море, освен ако недајбоже имаш некои проблеми.
Која недела си? И нас премногу ни е страв, имавме само еднаш, два пати и некако како вас со грижи да не биди ова, да не биди она,па пази вака па онака.. а немам прашано дали можиме да имаме , на почеток знам поризично е ама после тоа незнам ..
Фарбање по 12та недела. Трепки не знам, ама претпоставувам е во ред. Нокти можеш да си праиш, на крај само пожелно е за пораѓај да немаш никаков лак. Пливање е една од најдобрите, ако не и најдобра активност во бременост. Ако имаш опција море, не пропуштај. Базен не.
Од денот кога го направив тестот до денес а и до пораѓај нема да имаме, имам предходно две неуспешни бремености па сега дуваме и на ладна вода ни сопругот не сака, мислам од што сум баксуз и да се убедиме да имаме односи ќе се случи нешто па вака ни е посигурно
Во вторник 24 ќе влезам. Кога бев некаде 21 мислам последно имавме секс и тогаш имав крв на бришење и од тогаш до пороѓај нема шанси веќе. И така не е тоа тоа, здрвени, исплашени, со пазење, со страв, после со грижа на совест.. Батали. @kristina.k во 9 па нема да бидеме како торби? како тогаш секс, толкави огромни и потечени и напнати... Јас секс планирам следно некаде пред нова година
Јас баш ова го прашав матичниот (доктор што работел долги години во Чаир и си отворил отпосле приватно) дали сите одат на кардиолошки преглед во бременост за бебето или по индикација, и ми кажа по индикација. Секој што гледа ехо знае да препознае доколку има некој проблем со срцето и понатаму те праќа на таков преглед , ми спомна доктор од систина Драшко ако не се лажам најдобар во таа област... Така да ако се е во ред на скрининзи немаш потреба, освен ако ептен сакаш да одиш.
@AugusTina! Ќе бидеме, плус нејќат мажите тогаш обично се плашат ќе трпиме. Со првото по 40 дена од пораѓај, после преглед, ни беше дозволено без никаков проблем.
Не се фарбам ама во бременост не би се фарбала. Балајаж да не е од корен. Нокти не правам ама не би правела во бременост, лак е доволно да си среден. Ти оди си на маникир педикир ама со обичен лак. Трепки е локално ама не би. Општо непотребна хемија избегнувам. Се околу нас е загадено, воздух храна, зошто плус и нешто за убавина? За одмор на море не се мисли, оди и одмори си. Јас со нормална бременост имав од почеток до крај без паузи до некоја недела. Нормален секс и да не е грубо. Ама јас крварење никакво немав, сосема уредна бременост, контракции не итн. Да сум со близначка бременост и да видам крв би чекала да се породам. Нежности може да имате и без пенетрација.
Добро утро мешиња. Сега читам за секс, мм изваден пд памет е му било страв да не го повреди бебето, па ми вика ќе чекал да се породам па после. Инаку еве еден виц малку да ве расположам Бремена жена иде на гинеколог и го прашува дали смее да имаат односи со сопругот и во кој пози, докторот и одговара Од 1 до 3 месец мисионерска поза од 4 до 6 месец доги поза од 6 до 9 месец волчја поза Она го прашува каква е таа волчја поза. А он и одговара ти ќе си лежиш а он ќе вие пред дупката хаха
Маж бара, ја не дам, до таму сме со сексот, ама ми се сака али подобро не засега. Првата бременост и мене ми беше страв и имавме 3 пати се на се ама збор заради негова љубав, ја ништо не осетив, не ми се ни сакаше, сега сакам ама додека не видам јас тоа убаво на ехо да трепка, да лупа, да биде се добро не се смирувам. После да ама без свршување. Недајбоже да имаме мака нема да имаме и секс, нормално. Јас после породување едно 6м бев скроз нефункционална, во болница божем бев со царски ми направија некоја инфекција ме уништија, мислам игли имав во вагината, докторот кога ме виде вика од кај побогу ваква инфекција. Пиев терапии, ставав вагиналети, цркнав. Пробавме еднаш болка до коска имав, многу ме болеше и кренав раце, кога отидов на ехо се запрепасти докторот. Убав ден мамаситас!
За вицот . Морнинг, друштво денес на преглед да видам бебо. Цела вечер не спиев. Дете кашлање. Ларингит ја мачи цел месец. Гледам пишувате за кекс. Што ли беше тоа?  како и сите така и ние. Ке чекаме да дојде бебе па да зарасне рана и тогаш
Хахаха е да и мм вие пред дупката, здравје да се породам може тогаш вака му е страв и него а и мене хахаха
Добро утро Ја би и сега секс да имав нормална бременост. Нормално сексот сега и кога не сме бремени не е ист.. овој е повеќе ради реда Ама се спремам 9ти месец , секој ден ќе имаме, додека не ми здосади
So mene bese zenicka vo soba, 42+4 ja primija, ne se otvarase, pa i stavija provokacija i na 43 se porodi, dobra e ja pustija doma. Nema potreba da se sekiras, se ke si bide dobro