Како се справувате со апетитот? Веќе 3 дена ми се случува одеднаш да огладнам, како во пмс кога треба да добијам, цело време ми се јаде. 22 недела сум, до сега немав ич апетит.
Можеби, најверојатно ти почнал процесот на пораѓај. И мене пред една недела ми рекоа Цтг не е мирно ама јас еве уште немам абер, а и немам исцедок како тебе, тоа може да е и мукозниот чеп.
Немам таква опција, требаше на полна 7ма да одам ама ми презакажаа 3 дена порано. Ме изнасмеа за сите пари... Мојот до 12та гледа со вагинално. Фала ви женски! Како е Господ никој не е, реченица која никогаш волку не сум ја користела како сега, си бев во црква вчера си запалив една голема свеќа да се помолам, се надевам ќе биде добро се. Не сум верник некој фанатик, ама знам да се помолам и заблагодарам на Бога за тоа што ми значи.
Ова се контракции ама неправилни, си се спрема матката за пораѓај. Бебуш многу успан, следен пат јади нешто благо пред цтг. Јас мислам ќе тераш уште 2-3 недели, само слушај го докторот и кажи му за точката со крв.
Ај кажи ми кај мене шо се дешава гледам се разбираш. Докторката ми рече само имаш болки,не ги осеќаш? А ја ништо немам
Абе не дека се разбирам само памтам нешто од моите цтг кога правев, па затоа Исто и ова, значи кога има вакви отскокнувања покажува контракции ама правилните се како планини. На пораѓај кога отидов во првите саати ми идеа над 100ка. Ако ги најдам моите ќе ти покажам да видиш.
А дали секогаш кога паѓа мукозниот чеп, има и сукрвица или нe мора да значи? Веќе скоро една недела, од време на време имам густ баш исцедок, како жолтеникав, ама нема воопшто крв, па дали е можно да е тоа...
@Saf Само ова го најдов. Спојлер Гледаш со колкав интензитет се ама неправилни. Јас се породив после 2 недели од ова цтг. Правилните се на точен интервал. Значи линијата ќе биде мирна, па ќе се појави 'планина', па пак мирна и пак 'планина' и тоа на точен интервал. На овие нашите како шкртаници е линијата горе доле. Спојлер: Вака нешто се вистинските
Не знам што дијагноза е, ама и јас ја имам. Пред мене две другарки беа бремени и нон стоп ми викаа дај рака да видиш како клоца и не знам да објаснам ете и јас не сакам и мене ми беше така грдо. А не дека некоја причина има, ги сакам и нив и сега малите, ама ете дијагноза, го разбирам јас Па и мојот не е нешто подобар, ќе му речам дај рака, ќе стави и остави ај што тогаш престанува да клоца тој што клоцал, него и да клоцне само ми вели а да еве осетив и си трга рака. Се сеќавам само првиот пат кога осети колку беше возбуден и кажуваше на сите еј како клоца ова од оваа страна, јас осетив сега некако тотално незаинтересирано ми делува. Него, за спиење носам едно старо фустанче, тесно ама многу удобно. И си лежев прееска и баам се крена стомакот цел нагоре, некој клоцна убаво. Прв пат го видов ова. Добро не е рано за тоа и да се гледаат ударите? Во 7,8,9 што ќе се случува, цели нозе ќе излегуваат од стомак?
Зошто сончање не чини? Јас си се печев и на одмор а и во двор редовно Само факторче на тебе и немаш гајле. Плус Д витамин за бебчо си треба
Ех тоа сунчање колку ќе ми фали. Од 10 до зајдисонце дремев на сонце. Како црнец се правев секое лето. Сега ништо, не ни излегувам на сонце воопшто. И на одмор не одам. Мачно ми е.
Ве читав деновиве дека движењата ви се намалиле со послаб интензитет ви биле. Кај Мене па обратно овие денови растур прави во стомаков, салта, разно разни акробации. Дури и агресивни некои удари не ме остава да заспијам. А баш си беше мирна до сега и не ја осеќав многу, не беше активна. Нормално е ова?
И кај мене е исто, многу силно удира, скока, цел стомак ми се мрда. 24 недела сум, мислам за првото покасно почна вака. Денес на бешика и на цервикс ми удира, како струја ме фаќа долу, и на 5 мин одам во вц.
Абе и мојава не застанува, ако нека рипа па ко ќе се роди да биде бајче Ама ударите не се остри ко што беа до пред недела дена. Тогаш мислам дека само лакти јадев, сега и се потапи и стомаков само ми шета те лево, те десно, те ќе срипа