Фала ти многу Се плашев и од самиот момент на боцкање, ама добро чим има анестезија пред анестезијата.
Не ни очекувајте некој посебен филмски момент. Нема такво нешто. Најчесто очи ќе ти прснат дур се породиш. Запотена со залижана коса, уморна. Ретко е да се породиш полесно. Далеку од филм. Но, кога ќе го земеш во раце те пукаат секакви хормони, најмногу адреналин. Што е и нормално, после се. Следните денови се чудно убави. Некое неверојатно чудно чувство, како бебе да не е твое, туку како некој само ти го дал и треба да се грижиш за него, ама истовремено да знаеш дека некој сака да му наштети, во состојба си со голи раце да го задавиш само за да го заштитиш. Исто, запамтете, постпородилната депресија е реалност. Ако ви е потребна помош помогнете си себе си и побарајте. Не собирајте во себе. Маж, мајка, сестра, свекрва, другарка, братучетка, ако не се чувствувате ок, побарајте помош. Не чувствувајте вина за тоа, оти е многу реално и нормално. Многу девојки поминуваат низ тоа и многу е битно да се збори за истото. И ако имате опција, од сега да си договорите некој да ви доаѓа на помош ако ви притреба. Со лесно на сите. Тестови не чувам. Од оваа бременост имам 5 што заборавив да ги фрлам и останаа кај мајка ми во Македонија. Пред секое слушање си велам да ја потсетам да ги фрли и потоа секое јавување заборавам. Јас немав обезболување пред анестезијата, ама воопшто не сетив ни кога ми ја ставија, ни по некој ден кога ми ја извадија иглата. Ич немој да се секираш за тоа. Тоа најмалце боли а и кога ќе стасаш до таму, најмалку на тоа ќе му ја мислиш.
Јас ни спинална не осетив кога ми ставија чекав наведната да се случи нешто, а анестезиологот ми вели дали ги осеќаш нозете. Секунда работа е аплицирањето.
Јас да , неколку пати пробуваше Од тоа ми е страв, ме болеше И после нели со коцка мраз поминува дали осеќаш.Јас и кога не осеќав викав да си викам чекај уште малку да фати Сега си мислам може ме зезале ,сфатиле дека лажам не сум ни прва ни последна Има ли друга блесава ко јас
@eli25 не знам дали помина кај мене со мраз, зошто јас за секунда ништо од стомак надолу не осеќав. Нозете ко да не се мои. Овој пат полесно да поминеш.
Тој анестезиолог сега преминал во Систина малку ми олесна. За тие што се пораѓале у Ремедика кажете нешто и за анестезиолозите Освен Звонко,два пати ми беше на операција ама со општа , сепак закон е. Таа Маја една црна ми земаше анамнеза, ептен арогантно створење
Нокти правев цела бременост. До 36та недела. Иначе мене гинекологот ми кажа да одам на море без проблем. Ако ти е уредна бременоста, не гледам зашо да не
Немој да се плашиш. Многу од нас ја поминале. Јас поминав низ депресија неколку месеци во бременоста. Ни тоа не било ретко, а тогаш не знаев. Битно е да ја прифатиш состојбата и да се опколиш со луѓе околу тебе што ќе ти бидат поддршка. Како и да е, веројатно се ќе биде во ред, ама и да не е така, и за тоа сме на форумов, да се советуваме и поддржуваме.
Ние имавме докај 30та недела да кажам редовно. После бев ко раштрафена, последни ми беа односите на памет. Е во 39та пошо беба абер немаше се снаоѓавме
Досадно ми е. Шетав по продавници, за глупости си потрошив 700 денари во Џамбо, влегов во едно бутиче за бебиња, прво дремев пред излог имаше мн убави пупенца женски и таа ми вика повели влези види си и ги купив зошто којзнае. За женската нема што немам купено и нема што не ми подариле, за другото кутрото тоа само еден пар чорапи и капи. И бодињата што ги изнакупив греота, ама 80 посто се со срциња, мрциња, пеперутки. Баба му на мажот ми вика е ако де и мажот ќе го облекуваме во тие што има врска. свекрва ми ми кажуваше кога се враќала од раб, мажот ми облечен во розеви хеланки од сестра му како мал, па еве и нашето на татко му ќе биде И сакав да ве прашам зошто толку рано ми бара докторот термин за царски и зошто е запнат толку за царскиот од почеток точки кога беа кога фала богу бременоста ми е нормална? И сега имам термин демек и тогаш ќе се родат? Термин мојот роденден, ако испадне така убавини сите тројца 20 август. Иако малце ми е некако чудно да си бираш датум кога да родиш.
Некако сите со близнаци со царски ги пораѓаат (таков впечаток имам добиено) а и мене не ми е јасно зошто.. Прашај си и друг доктор за мислење ако сакаш спонтано
Затоа што нема потреба да се породиш природно затоа што се две Многу легитимна причина. Ако термин ти е 20.08 (исто со мојот) и ако се пораѓаш царски, царскиот ќе биде пред тој датум
Подоцна е малку од мене, а јас сум 31 август, ама на двете иста дата ни кажаа за царски. Јас ќе сум 38ма мислам, @AugusTina! 37ма ти доаѓа тебе така? За близнаци порано закажуваат секогаш.