@MilaSs12 @kristina.k Тогаш ќе бидам 37 и два три дена. Ми даде предлог кога сум сакала во тие неколку дена и викам па на 20 ми е роденден и сакаш тогаш да ги извадиме вели? Сакам. Запишано е готово. Не спомна ништо за еден ден порано, на 20 ќе ги извадиме само. А чудно ми е зошто ете кај нас во фамилија има близнаци, кај мажот ми има и сите се природно породени, вака сега дека се интересирам повеќе за нив, има еден куп природно родени гледам.. Нема врска тоа, нека се така, само дека си го избрав денот ми е чудничко малце. И дека вака рано.
@AugusTina! сите со царски, освен ако не е итен, одбираме дата или тие одбираат. Порано и близнаци и карлично и големи бебиња пораѓаа природно, сега или не им се ризикува или полесно им е вака, како посигурно рачунаат.
А ако сакаат да излезат порано да не ми рече немаш термин друга имам закажано, како божем фризер или шминкер е ова Тоа ми е безвеза, или зошто да не си поседат уште малку ако не им се излегува. И така и така ќе те породат како што е потребно тогаш во моментот.
Ако сакаш да пробаш природно, прашај за ризици, причина за царски итн. Разговарај отворено и кажи што сакаш. Секој пораѓај може да биде итен царски, тоа не се предвидува, мене пример ми дадоа шанса природно ама немаше па ме однесоа на царски. За наредно бебе и јас би имала договорен царски. Ама докторот кој ме порѓаше тера до крај и чека и после термин, царски е последна опција. Читам дека многу царски се закажани во 38ма ама двајцата доктори кај кои одев и им верувам, и тој што ми ја водеше и што ме породи се отсечни дека бебе треба да седи до крај. Ако не му е добро само ке даде знаци дека треба да излезе порано. И јас сум збунета зошто ги вадат порано бебињата. Многу близаци родени пред 20-30 години се природно, искрено од возрасниве само две жени знам со царски, други сите околу мене се природно. Сега секоја втора е царски.
Не знам дали има врска, јас сум и слаба и ситна, едвај 50 кила сум и сега со нив. Ете ќе му верувам и за ова, за се што ми кажува му верувам, па нека биде царски и на 20, ама не ден пред тоа
Имаш право да си бараш спонтано штом е се океј и треба да си бараш нема ништо подобро од тоа па уште со две милини
Моја блиска личност пред 4 год се породи природно со близнаци, едното 3500 кг другото 2500 кг двојајчени. Двете си беа наместени со глава и не гледаа проблем, мада и укажаа на неколку ризик моменти каде кога едното излага ќе се ослободи простор и другото може да се изврти и да треба царски за второто. Ама таа инсистираше на природно и се испадна во ред на крај. Како ќе ти каже доктор така најубаво
Ѕвонко Крстевски е најзакон е свет. Него ќе го бараш. Јас сум овој пат во Систина. Таму кој е за препорака?
Женскии, шта пије кафана? Нема хематом повеќе, нема толку мирување, нема боцкање.. бебе е супер, јас сум супер. Камен од срце ми падна. Сега ќе можам нормално да уживам во оваа бременост. Пресреќна сум
Да, така беше, зависи кој е на смена Ама топ е човекот. Или ако си царски нели може да договориш и тоа, со гинекологот да видиш
Браво Кате, многу ми е мило. Знам како се чувствуваш поминувам низ истото, едвај чекам да идам на контрола и мене исто да ми кажат. Опушти се и уживај сега .
Не се грижи , мојот беше огромен. Прво беше 7 цм,па испадна дека е 10цм..ама еве го нема сега. Само слушај доктори, мене матичната ме извади од памет. Не се движи, оди во ск на преглед да ти кажат дали вреди да се мачиш или да се прекине бременоста.. специјалистот кај што одам од почеток беше смирен и кажа дека ќе го снема. На почеток рече лежи после движи се ама по дома, без претерување.. решив него да го слушам. Ептен сум му благодарна, двете бремености ми ги спаси тој Верувај се ќе биде добро, само лежи сега повеќе. Да, одма испланирав, утре сите 3ца одиме во црква па во парк. Цело време со татко и шеташе
Пишував веќе, пред 27 години мајка ми се породи природно со близнаци во 37 недела. Едното беше карлично наместено. Баба ми пред 50 и кусур години исто природно со близнаци. Ама сега многу ретко природно да породат со близнаци. Инаку и мене ми рекоа 2 недели царски пред термин. Со првото чекаа болки да ме фатат во 39 недела се породив.
А сега каква си? Ааа извини последната реченица не сум ја прочитала хехе Тебе ова ти е второ. Со првото како беше? Јас дека не сум некој дечар мислам цел живот таква ќе останам
Со првото исто чекаа болки да ме фатат и ме породија 39+, а сега со второво исто ми кажаа дека 39 недела ќе ме породат со царски. Сите ве читам Ви закажуваат 38+