И јас не сум дечар, ама синко го сакам повеќе од себе. Едноставно е, љубовта кон детето е чудо. Ќе видеш. Јас си останав таква кон другите деца. Ама за своето сум сменета. Јас всушност само на синко му искажувам емоции. На бебето во стомак не му зборувам, ни му пуштам музика. Е синко и пушта Тик Ток .
Не боли ништо стварно само е језиво. Барем мене така ми беше, се слушаше некое крцкање. Можеби спинална е поедноставно не знам ако веќе се знае дека е царски, епидуралната мене ми ја ставаа меѓу болки, а веќе ми беа на краток интервал и тоа отежнуваше плус ама сестрата срцка беше ми дозволи да ја стискам колку сакам. После кога одлучија за царски само ми ја појачаа. Звонко само, никој друг. Не знам и јас што ќе правам ама ќе направам нешто тој да биде. Ако треба гинекологот ќе го сменам. Инаку, додека мене ми ја ставаше анестезијата влезе сестрата и му кажа дека 2 пациентки прашуваат конкретно за него да дојде на операција. И без проблем рече дека одма ќе оди.
Ме насмеа за син ти и тик ток Јас за љубовта не се сомневам воопшто, туку повеќе ми е што цел живот сум таква да не ме сфатите погрешно ќе се дрзнам да речам не сакам лигавења, не сум многу по искажување љубов и емоции.
Иста хахахха Можам да галам стомакот кога клоца бебето, некако ми намалува нелагодност. Ама толку. Зборување со стомакот, пуштање музика итн, неможам... Ниту па очекувам после пораѓај чувство wow, најубаво бебе на свет што сум го видела итн, најпрекрасни чувства, виножита и еднорози што би се рекло.... Може пост породилна да ме затепа и толку.
Женски градите страшно ме чешат да има како би ги откорнала, а и ми се лупат. Нормално ли е? 22+ сум.
Со првото кога се породив, цимерката до мене паѓаше во транс. Милно зборува, му пее, мами вака онака. Леле мене едно чудно чувство. Ко да не е мое, ко да ми го дале да го причувам. Е сега нормално не е така љубовта е огромна и е мое дете, очи вадам по потреба Ќе видиме сега како ќе биде
И јас исто. Дечар не сум, ама моето дете какви нежности може да извлече од мене тоа е чудо. А на бебушка и зборувам, ја галам, таа ме клоцка и така Сакам да сум мајка што на децата секогаш ќе им искажува љубов @Erika.greeneyes И мајка ми не сакаше лигавење, а ние деца.. многу ми беше глупаво кога ќе сакав да ја гушнам и сл. Не дека не ме гушкаше. Ама она баш искажување љубов го немаше. Те сакам во нашиот речник немало, а камоли други зборови. Значи не сакаше мајка ми, само не го искажуваше тоа на стандарден начин,што знам. Затоа кај моите деца ќе има максимум се.
И јас не сум дечар. Повеќето деца ме иритираат. Неможам да се лигавам со туѓи деца, абе кај ци ти итн. Ни моето кога беше бебе не се лигавев. Тоа зборување на бебешки не е за мене. Ама тоа не значи дека не си ја сакам ќерка ми. Не сум луда да мислам дека е најубава на цел свет, туку знам дека ради мајчинството мене ми е најубава, најпаметна итн.
Да се приклучам на клубот мајки без чувства со згужванки деца. Со го галев стомакот кога клоца ама на само и со маж ми, во јавност не. Ако сакал некој да пипне од блиски сум дозволувала без проблем. Музика што јас тоа и синко. Деца не сакам освен синко. Можеби само неговата љубов ке остане, како да ми е доволна чувствувам. Нема да кажам дека беше најубаво бебе затоа што мене ниту едно не ми е убаво од стомак тазе извадено. Сега е како цртан.
Хаха сигурно и јас ќе бидам иста како тебе во болница Тоа не значи дека не те сака. Едноставно тоа е карактер. А баш таквите имаат поголема љубов од сите но не ја искажуваат баш Ни јас не го можам тоа лигавење ме иритира
@Coco31 мене ме закажа во 38ма зошто за првото чекавме до термин и лошо поминав јас лично со мојата состојба, т.е со паниката и тахикардијата. Инаку би чекала до крај, пораснато излезе тогаш, ама многу добро ме познава докторката. Здравје може па подобра ќе сум оваа бременост и ќе почекаме. Инаку и јас не сум дечар, мене ми беше криво што ко го видов прв пат немав такво чувство ко на филмовите. Буквално ко затупена. Се тешам дека од лековите на пораѓај. Во бременостите го галам стомакот, ама да зборувам, да пејам, не. Мм со првото секое сабајле си праеше муабет, знаеше кога мрда, како мрда, нонстоп рацете на стомак, ама сега ако не му речам не му текнува. Многу е поврзан со синчето и мислам не знае како ќе му биде со второ, ко страв да го фаќа. И да прашам, кој спомна за отечена вагина? Скоро 25та недела сум, цел ден осеќам некоја нелагодност долу, леле ко се видов сега веројатно е нормално ама рано некако, до крај што ќе биде.
Јас мислев дека само мојата мајка е таква , не дека не не сака ама немало гушкања , гнавења како што биле мајките на другарки едноставно таква си е жената на поинаков начин ни искажувала љубов
Тазе родено бебе мислам се знае какво е. После месец дена може да се каже дека е најубаво на свет, малце да се исправи, да обели. Моето ко се роди згужвано, црвено.... Уште ме прашуваат по телефон на кого личело .
Точно, тоа сакав да кажам Ама јас како дете не го разбирав тоа. Подоцна сфатив.. Мислам дека сите деца сакаат гушкање, лигавење и сл. Може грешам не знам, ама од мое искуство дефинитивно требаат вакви нежности. Еве маж ми е ладен човек. Искажува љубов со дела, не со зборови. Ама со ќерка ни е друг човек, се лигави, се спушта на нејзино ниво, ко дете мало се понаша кога играат заедно и го има тоа лигавење од негова страна, што ми е многи чудно
Не сум го сакала никогаш тоа. Еве ден денеска ми е глупаво да и речам те сакам на неа. Ко блокада да имам некоја.. Кога ќе ме сака ќере сакам да ми кажува, кога ќе ме мрази исто така
Да ти кажам една колешка од работа беше многу терсене карактер. Откако се породи многу се промени карактерно. Некако стана подобра, пофина за разговор. Претходно нервозна беше со сите се караше. Сега некако омекна. И со детево кога ја гледам, изгледа колку и да си ладен спрема детето подруг ти е односот
Многу пати сум кажала, љубовта кон бебето се раѓа после пораѓај, кога ќе почнете да се грижите за него. Од ден на ден се заљубуваш во него. Од мене не знам поладен човек дали има, не знам колку ме читате по форумот, ама ете на синко му кажувам оти го сакам. Е веќе се нервира и не сака ни со димунитиви да го именувам, оти бил голем
Јас за моите душа давам, а и они за мене. Е не памтам да сме се гушнале некад или циле миле муабет да сме направеле. Од дете бев дива, сега иста сум и спрема стомакот. Лигавење и зборење бебешки ми се гади, абе каци ти маци ти ќе треба да се соочи со реален свет боље да знае што го чека. Така да и тоа е љубов, само што перцепцијата е различна и секој ја доживува на свој начин.
^ Нема бебешки зборување. На ќере не и зборував, нема и на бебево. Маж им забрани и на роднините. Битно е правилно да ги слуша зборовите. Ама милно зборување да. Кога ќе ја фатам ќере, да се гушкаме, само и дрдорам глупости. Кога ќе ја прашам, ја сакаш мама? Вели "те какам мамо" јас сум ваква