Браво супер, многу ме израдува. Опушти се сега и уживај. Иначе и моите беа такви. Немало гушкање и кажување милни зборови. Ептен, ептен кога бевме мали, потоа мислам, борбата за преживување, безработица, милион кризи, си го земаа данокот. Гледаа да ме извадат на прав пат, знам дека живот даваа за мене, ама тоа било. Кај маж ми обратно. Грците се сите такви милни меѓу себе, па со маж ми научив да бидам не толку "дива". Иначе дечар, апсолутно не сум, иако имам дете не знам како да анимирам и зборам со други деца. И во друштво кога си ги подаваа бебињата, секогаш избегнував. Она гугугу гагага не е за мене. Ама вродени инстинкти се за свое дете. Што ти доаѓа само од себе, што го учиш. Секој ден по неколку пати си кажуваме колку се сакаме. Таа на пример секогаш кога сака да добие нешто го користи тоа против нас. И секогаш и успева. Ама се трудам многу да и го дадам она што јас сум го немала и ми недостасувало како дете. @Jana06 што е разликата меѓу епидурал и спинална? Не се аплицираат на исто место?
Со спинална те боцкаат еднаш и толку така? Колку што сум читала така мислам дека е. Епидуралната те боцкаат, па со помош на иглата ти ставаат цевче да го речам во рбетот (исто како канила за инфузија што ти стои во вена) и тоа си стои така до крај на пораѓај. Мене ми го извадија кога заврши царскиот. И плус со епидуралната го осеќаш цело тело, не ти се укочени нозете. Јас до вц станував, се движев, на пораѓај ги мрдав нозете.
Да со спинална боцкаат еднаш и подлабоко во рбетниот мозок, а епидурална е во обвивката поплитко и само обезболува.
Па ич не знам како е со спинална. Мислев дека спинална под дифолт е само за царски, ама јас имав царски со епидурал. Нозе не осеќав на царскиот. Но понатака ми ја оставија иглата и на околу 4 часа кога пушташе епидуралот и фаќаа болки пак ми пуштаа, тогаш можев да мрдам, веројатно пуштале помалку. За спинална не знам како е.. Различна ли е иглата?
И јас да се пријавам во клубот на не-дечари. Толку не ми доаѓа да имам интеракција со деца, а како за беља, не знам зошто само на мене ми прават муабет, ме тераат да си играм со нив, ме замараат да не речам. А јас пустата ,,не" не знам да кажам и се молам на некој да му текне да си го собере детето. Маж ми па од друга страна им прави муабет, ги закача им прави интересно, они пак за мене се лепат. Што се однесува до бебуле, кога дознав дека сум бремена, си пуштав бебешки песни и плачев цела недела без престан. Колку што цел живот сум плачела, толку литри солзи од мене за неколку дена излегоа. Или ќе чујам бебешко плачење и мене ми доаѓа да викам и плачам. Исто и сликите од ехо ме тераат на плачење. Толку нежност полна особено кога ќе ме клоцне, не сум ја ни дала ни осетила. Скроз ме измести бременоста, она што никогаш не сум била, сега сум ×100. Плачлива, лигава, размазена, никаква. Ќе биде интересно после пораѓај. И ние по дома не сме си кажувале те сакам, така да не знам по тоа прашање како ќе постапувам јас. Најверојатно само ќе си дојде.
Оф не знам, јас мислев со спинална си била затоа ти објаснував за епидурална. Ама и мене ме интересира дека сега сигурно ќе бидам со спинална.
И ја сум царски со епидурал. Ги мрдав нозете цело време. Како здрвени ама си ги осеќав. Болка немаше нормално. Не знам како е со спинална за да споредам.
Ко под ќирија да ги имаш дадено нозете срц Уште памтам кога лежев и ми рекоа пробај свиткај ги нозете и поткрени го задникот
И како е со царски, ве сечат, вадат бебе а вие гледате и не осеќате ништо? И после еден месец не можете да се опоравите, имате и последици, маки?
Не гледаш, слушаш. Ти кажуваат бебето дека е извадено, ти даваат да си го видиш и после јас се онесвестив.
Не се гледа, ставаат таква зелена завеса кај стомакот. Јас после 5ти ден функционирав скоро нормално, болки само на станување од кревет, инаку се сама правев дома и капење бебе, и облекување, се.
Не Си го држев детето стоејќи од третиот ден, дома фунционирав најнормално одма кога се вратив. Е само што не можев на стомак да спијам уште 3 недели од страв, па после од градите полни млеко ама помина и тоа. Не е лесно секако, рана е, се пазиш ама ништо страшно.
Те сечат вадат бебе ти не гледаш ништо. Каков месец два дена имав мака јас со станувањето дека глупи кревети има по болниците.... после си болеше уште некое време ама ништо посебно стварно не беше ко шо мислев.
Јас се породив пред 3 недели. Супер сум. Ко да не сум оперирана. Првата недела малце на станување осеќав рана, ништо страшно. Функционирам скроз нормално.
Мали резови прават сега од 10 сантими, нема ко порано цел стомак вертикално. Кај мене не се ни знае кај ми е раната од прв царски, сосема е избледена.