Со душа чекам да се породам и да го земам во раце здраво и живо а во меѓувреме ми се прават многу филмови дали ќе е се во ред и затоа не сакам да се поврзам, да му зборувам, да го галам и да му пуштам музика. Само го буцкам да добијам одговор дека е во ред единствено што сум му зборнала до сега е “фала ти” што ми одговорил да не си правам безпотребен стрес. Инаку имам две внуки од брат ми и ги сакам повеќе од животов, сега само се прашувам дали ќе можам да го сакам како нив
Kaj koj ke se poragas? Kaj nas veke i bliznaci i pogolemi vebinja i prvo ako bilo so carski se tera so carski, izgleda i im odgovara poveke taka, doaga zakazan zavrsuva rabota
a kade ova kaj nas vo mk? Neznaev deka carski moze sk epidural ami sto ako pustimene strav ke mi bidi
Ни игла немав. Го наместија цевчето и иглата ја извадија. Исто како инфузијата, ме боцнаа, иглата ја извадија и само цевче имав во вена. А болки стварно немав, барем не неиздржливи, ниедно апче се немав напиено.
Значи и јас како доаѓа пеколов така се повеќе си мислам што ќе биде кога ќе треба да раѓам крај на јули. Едни болки во половина уште сега, а и како внатрешна темп. да имам. И периодов ме мава на психа дека порано ќе излезе бебево… се си викам ајде уште малку!
Игла и во рака имав. Во дланката. Таа мислам воопшто не ја ни искористија, ама ми стоеше исто скоро до крај и само ми се запнуваше. Блазе си ти. И Кристина ја прочитав дека од следниот ден немало потреба од инфуз. Јас па убедена дека јас лесно поминав, а јас бев нон стоп со нешто против болки и мислев као така треба да е. Ела кафе ќе праам.
Јас се породив царски со епидурал. Пробувавме природно, меѓутоа не успеав да се отворам, го појачаа епидуралот и така легнав на маса. Инаку имам сколиоза и не знам дали е заради тоа, едната нога повеќе ми беше фатена и покасно пушти,дури два до три часа после операцијата. Инаку воопшто не го чувствував долниот дел од телото за време на операцијата,ама го почувствував мачкањето на стомакот со нешто ладно пред сечење и ме фати паника дека и сечењето ќе го чувствувам,ама не... Инаку во Систина во салата има стаклени врати,јас со глава на страна лежев и во рефлексијата од стаклото видов како го извадија Потоа ми додадоа некој седатив изгледа и додека ме шиеја сум била out.Паметам педијатарот ми кажа оцена,должина и килажа и ме однесоа во шок соба,ми дадоа мобилен да се испофалам на блиските дека бидна Додека мене ме шиеле, бебето беше во соседната соба со сопругот,му го дале да се запознаат десетина минути Потоа три дена поминаа без саглам храна,само вода и сок од јаболко, анестетик венски,инекции за контахирање на матка и клексани... Болеше првите три дена екстра, но до 10 тиот ден,а потоа магично престана болката. Треба да се внимава отпосле да не се крева тешко,јас се зезнав,заборавив и добив болки, среќа не си направив проблеми... Поздрав до колешките со несоница
И со синко и сега, во 9 глава ми паѓа за спиење, ама затоа во 3 кукурек будна. Станав додуша денес во 5, напредок, и сега таман да заминам на работа ми се приспа пак. Налет. Со синко па поише несоница ме маваше, во 1 ќе станев, во 3, во 5, додека станам асално јас 10 пати сум се разбудила во ноќта.
Абе ми се спие, ама да легнам во 10 во 12 сум кукурек. У моментот ми се спие, ама на пладне доста ми се и 15мин. Добар градник памучен, ама да има жица, не да е живо богатство, нормална цена, кај да најдам? Без чипки, без ништо, само памук, ластик и жица, пошто јас без жица ќе си ги барам под маса.
Порано не спиев сега почна нешто многу да ми се спие едвај до 23ч издржувам. За деца не сум по лигавењето, ниту сум дечар освен со децата на сестра ми кога беа мали ги чував и си играв многу, а со други фрца некако не можам да си играм. Маж ми е многу дечар не е важно кое дете е со секое си игра, ги закачка а и тие како да се хипнотизирани од него веднаш трчаат кај него. Му велам си погрешил професијата требало да работиш во градинка.
Сега да, ама после купувај обавезно со жица. Кога ми порасна стомачето, си напраив страшна инфекција. Бев на кожен ме искара зошто носам без жица. Да видиш Сара Фешн на НББ? (иако мене не ми се иччч погодени). Едно има мајка ми нарачува Ella Underwear имаат супер цени а наш квалитет се, сега отворија во Буњаковец продавниче? Јас од Лиска земам, таму ми е најпогоден бројот, последните ги зедов без жица, ама мн.убаво држат.
Провери во Oysho во Ист Гејт. Јас многу убав земав памучен ама е без жица мојот (верувам дека имаат со жица). Поудобно нешто не сум носела во живот.
Ау тоа Ела се катастрофа, од Тезенис и Сара фешн носам 85ка, од овие 85ка минијатурни. Башка лош квалитет.
Јас последниве години носам без жица,многу ми е погоден моделот wireless soft victoria на lisca, баш е за поголеми гради а убаво ги држи нагоре... Не сфаќам како инфекција по пораснато стомаче/жица на градник? Логика жицата да ги држи горе па да не се тријат од мешето ли? Извини на експлицитното прашање... Исто имам земано од Bonatti без жица,ама се деформираше по два месеци, овие на lisca по две години ги носам...