Денес бев на контрола, бебето е добро, постелката е ниско преку грлото ама ми рече може да се качи нагоре. Бебето е ниско долу под папок кај раната од царски, и затоа имам толку болки во препоните, половината и карлица. Ми рече магичната дека сите масти за масажа можат да се користат локално дури и блокмаст, а при јаки болки дека може да пијам блокмакс или кетонал. Јас трпам многу ама секој ден имам секакви болки и ми се смачи да се жалам. Читајки ве за постпоридилна депресија ме ставивте во мисла, и дојдов до заклучок дека јас сега поминувам некој вид депресија, напната сум постојано, се лутам брзо, цело време сум под стрес, немам волја за ништо, бременоста многу тешко ја поднесувам, цело време како во грч сум,единствена светла точка ми е синчето. За бебето ништо немам купено, некако уште не ме фатило тоа валјда, страв ми е да се изрдувам, да планирам.
Мислам дека најголемата причина зошто ние што не сме толку опуштени со изјавување љубов е стравот. Мене ми е премногу страв да се врзувам, толку да ги засакам и да се опседнам со нив, а на крај да излезе не дај боже нешто ко што не треба и тогаш што ќе правам. Затоа и само седам и чекам, не зборам на стомак, не гушкам, не ни погледнував бебешко нешто до онаму 5 месец, исто како да не бев бремена. Сега малце демек се ослободив, ама не е тоа тоа пак се осеќам така здрвено и неприродно.
Не гледаат, ама замисли пред некое време па една баба на мажот ми му рече дека голем процент од мажите поминуваат низ истото што поминувала и жената во бременоста, па и после неа, така да подалеку мажите од тлц и баби. Арно мојот зафатен беше со чачкање во мобилен па не ја слушна, иначе гарант ќе ми затрудни. И така ко за тројца јаде, станува навечер за јадење, што има врска и депресија ќе делиме.
Ако не ги пишува значи не е сигурен, не се плаши. И јас кога паничев и кога отидов на гак кога мислев дека ми тече плодова вода, специјализантка ме гледаше, докторот беше еуфоричен и дрзок (му се родило дете ко мислиш од швалерката, нејсе) ми вика ок е не е плодова вода и си гледаа со другата исто спец, и вика тука на постелката горе ова како сенка сигурно било хематом некој ама останало сенка, не знам што, цервикс мереа и викам колку е, вика супер е, викам точно колку и околу 40 ми кажува... Муабетот ми е не земај секогаш здраво за готово едно мислење, ниту знаеме кој не гледа и како, апаратура крш, доктори исфрустрирани, така да ако се сомневаш побарај си второ мислење.
Јас го терам мм тој да земе породилно, јас да си продолжам од дома со работа. Да не е тој јас сум изгубен случај една недела е сега надвор од Мк од работа и цело време сум во паники, едвај чекам да се врати. За првото зеде цел месец одмор, првите недели и ми го местеше за доење бебето, друго се заедно. Не дај боже да го фати такво нешто.
Се разбира јас и ти Мене не ми менува многу и да ја фати депресијата, исто ми се фаќа и така ми се рачуна како дете плус.
Блазе вас, ви завидувам. Не само што не ми помага, него и вчера ми ги изеде кифличките што ми ги пратија и си ги чував за вечера. Цел ден на нив си мислев, како вечерта ќе си седнам ќе си ја гледам серијата и ќе си ги јадам со сиренце и вечерта си поставив се со ќеф, одам да си ги земам кифличките и само трошки во кесето.
Аи Срамота, па ти две души во себе носиш.. Подбери го малце, од сега уште не му пуштај, кога ќе се родат здравје треба се да е уз тебе, и негови се децата треба заедно да ги растете а не ти сама со две мали па и прворотка..
За семево баш сакав да прашувам и се заборавив. Памтам сестра ми пиеше исто, и го праќам татко ми да купи од пазар и тој човекот што продава такви работи му рекол у стил не за трудни или многу покасно во бременоста ама сепак се праша доктор зошто семето било ептен јако цела концентрација била во него колку што го разбрав татко ми што му рекле. И во аптека прашавме исто рекла аптекарката, а знам сестра ми пиеше т.е јадеше со мед. Јаде некој?