@AugusTina! да пробаш со дресура како што има @januari19 пишано. Мислам од Бт си, ако сакаш ќе се распрашам кај има. И мачето наше е агресивно со други, пример на свекрва ми и грчи, неа и е страв да се доближи не знам како планираше да ја чува ама со бебето ќе пазиме дури не се навикни. Сепак куче е друго, си го знаете вие најдобро ама ако има шанса да се работи и да се дресира за со бебињата, најдобро решение е тоа. Мачка тешко за дресирање.
Ехеее да знаеш што се не сме пробале и каде секаде не е носен. Џабе многу е тврдоглав. Исто како на филм од секаде го враќаат зошто е немирен и неподнослив не може никој да се справи со него. Дури и професионалци. Ние 2 риби имаме кога ќе се сети дека тука се со саати дреми до куглата и им ржи не па деца. Не знам, полека полека ќе ги запознавам. А многу ми е жал, многу го сакам.
Имаш на нет туторијали како ги запознаваат. Прво ќе почнеш со мирис од бебињата па после некое време да ги надушка.... Треба трпение, време и нема откажување..
Кучињата сакаат мали деца. За друго животно не знам, ама за куче ти гарантирам дека нема ништо да им направи. Едноставно ќе знае дека се ваши и дека се дел од семејството. Многу интелигентни суштества се
Тешко мене ќе биде со сите. @Erika.greeneyes ова не сака деца. Кога го носиме надвор, пред зграда секогаш има куп деца. И кога ќе го видат 10 метра бегаат од него и се дерат еве гоооо лошооото кучее бегајтеее. Другарки кога доаѓаат со мали деца седи во друга соба тој. Верувај не е како сите кучиња. Нека не ве залажува невиното фациче.
Ама тие не се твои деца. Твоите ќе ги сака, имаат инстинкт ќе знае дека се ваши. Јас од мала сум растела со кучиња. Сега на брат ми кога му се родија децата кучето одма ги прифати. Снаа ми уште се плаши од него А децава му се качуваат на него го јаваат како магаре. Јас кога се омажив тогаш го зедовме мало беше. И сега не сум често кај моите па мене сеуште ме памти. Сега е огромен, кангал е
Едно од моите кучиња тотално лабаво само да и даваш храна и веќе си ја освоил. Другиов од бебе го чуваме и е ногу тежок карактер доминантен и уште како мал ржеше по деца, со тек на време почна да бега од нив кога се во наш двор, а вака во парк шетање со инциденти сме од него. Мислевме дека кога ќе остари ќе се смени ама еве сега Декември ќе прави 8 години ништо нема сменето во однесување. Никогаш не бил малтретиран од деца, немал некој поголем контакт со деца едноставно му сметаат детските гласови. Сеа на обука го учиме со едно од децата на дресерот па ќе видиме што ќе се случи
Ајде здравје нека се родат па може и така ќе биде, мада со резерва сум дека ќе ги сака. Посебно кога ќе види дека му го крадат цело внимание од нас. Јас нон стоп галам и гушкам улични и кога ќе ме види со друго шпринт трчанката, го турка кучето и одма ми ја мести неговата глава на рака.
Ај утешете ме и дека со маче ќе нема проблем. Ептен се плашам да не му се качува в креветче, мислам ќе дежурам цело време навечер. Читав дека е мит тоа дека мачките одат по бебињата, поради млеко или поради топлина, а во стварност се немаат такви инциденти случено.
И јас сум со куче, ретривер, во двор до душа. Многу сака деца, ама им рипа незнаејќи дека е голема. Дома ми се качија на глава со триста филмови дека ќе му рипне на бебето, ќе го бутне итн. Незнам што ќе правиме искрено бидејќи и мене неколку пати ми има рипнато во стомак. Не дека е лоша, него од љубов.
@kristina.k е мачките се незгодни А јас што да правам имам еден луд папагал. Многу пишти и бељи само прави. Во кафез не сака да слушне да влезе. Јас сакам да се спасам од него да го дадам на некого.(не за друго многу пишти па ќе не може бебето да спие од него а и страв ми е да не го повреди, толку му е паметот не разбира нешто). Маж ми не сака да слушне
Деновиве интензивно ми се појави некој вагинален исцедок, како помочана се шетам и менувам долен веш само. Улошки во топлово ноууу вејј. Е сега имам преглед во петок. Дали да паничам да идам порано или да почекам регуларно?
Која недела си? И јас сум иста, и само паничам. Плус прениско мава последните неколку дена, струја осеќам во цервикс од ударите и ко постојано да ми се оди во вц по некоја капка. Само се проверувам да не тече нешто и менувам гаќи.
Прво зошто депресија? Не размислувај на таа тема! Нема да има депресија, супер ќе бидете. Второ, не го давај лепотан, те молам. Ние што се вика вчера вдомивме еден смотко од улица па не планирам да го исфрлам. Ќе си седи со нас. Кога ќе дојде бебе ќе ги запознаеме и после секако сум дома, ќе пазам во прво време, после ќе му ја мисли мислиме. Верувај нема да има ништо страшно. Сестра ми има аргентинска дога, страшно изгледа, ама со син ми е ко на јајца да гази, дека се плаши тој многу, а спрема други е ѕверка.
Во Чаир кога ќе се закаже термин кај доктор, прво се чека за цтг па се иде на преглед или се чека кај докторот па тој праќа на цтг?