Која недела си? Јас мислам до 7ми месец има надеж, да не се грижиш.. после 7ми веќе ако нешто ќе лежиш тие месеци па може ќе се крене а и да не се крене, ќе стиснеш заби ќе издржиш со лежење 3 месеци Мене ми рекоа тоа дека не е опасно, само барало строго лежење. И мене матичната ме паничеше, не знам колку дијагнози ми најде и не одам веќе таму. Оди кај матичнава од црно по црно ,оди кај специјалистов, тој се чуди на моиве прашања ,матичната вака ми рече, така ми рече..и така, решив само еден да слушам
Мене ми беше преку цервикс. Лежев затоа што бев и ковид болна немав енергија. Е сеа, другарка паралелно имаше иста дијагноза, двете пост ковид. Таа не лежеше, продолжи на работа, по совет од доктор од Гак. Мене ми се крена постелката и функционирам сега нормално, а нејзе и е сеуште доле и цела бременост ја помина на патлошка. Што да кажам поише... Инаку и мене ми рекоа во 12 недела не се поставува дијагнозата, ама мене ми беше страв па претпазлива бев. Плус на гугл има информации за дијагнозата, има неколку статии што се за верување, па оценете сами.
23+1 сум. Немам проблем со мирувањето и лежењето, од сам старт на бременоста сум во кревет поради другите проблеми што ги спомнав, така да се помирив со тоа. Секако си продолжувам како и до сега, ама останува да си се надевам дека може ќе се крене до кај 28ма, ќе видиме баш, ќе споделам
Исто и мене ме имаат повеќе пати плашено. Прво и кај мене не установија близначка бременост, потоа еден доктор не знаеше дека се близначиња па се исповади од памет дека гледа две глави , па еднаш за мерките на главче, што се испостави исто за неточно на тоа ехо..така да второ мислење на приватно секако за мирна глава.
Дали е доцна да се направи тест за скриен шеќер во 34 недела? Сеуште немам направено, да не е предоцна?
Некои доктори воопшто не советуваат да се прави, по искуства на членки што пишуваат тука. Така да ако немаш потреба/индикација можеш и да не правиш. Обично се прави во 24/25 недела до макс 28, искуства доколку правел некој толку касно нека пише. Инаку има многу што воопшто и не прават.
Јас во 1вата бременост правев два пати. Прво 24,25та потоа докторот ми побара уште еднаш ,бев 33та или 34та. Ако ти рекол доктор направи го , ако има потреба .
Прв и последен пат беше што отидов на ГАК, и тоа отидов за извештај за клексани, десет души ме гледаа и со плачки си отидов. Рикав ко магарица и повеќе не се вратив....
Добро утро мешковци Како сте денеска? Јас од ноќеска сум со главоболка и никако да пушти. Сега мерев притисок таман си е. Има ли некој друг како мене да се тешиме дека ни е од времево или главоболките се вратија на голема врата
Не ме боли ништо ама како некој да ме држи за врат и претешко ми е да дишам, дишам ама како да не ми е доволен кислородот што го внесувам.
Леле скрос исто, ноќеска сум станала на тераса у 2 и неможев да дишам. Како да ме дави некој, потполно исто како си опишала, и само се трудам да не мислам на тоа зошто колку мислам уште полошо мислам ми е. Дали жештиниве сега и така ни е
Леле исто е и кај мене, последниве денови не знам ни јас дали од топлото и дека си каснувам благо па имам зголемен исцедок ама многу ме нервира, ми смета Инаку за мавање ниско, на бешика дури и малку болки на бешика осеќам, посебно вчера и и звонев на матичната ми рече штом сме мереле цервикс и бил во ред да не паничам дека сигурно со ноџињата удира по бешика па затоа болката, ми рече исто и редовно да пијам магнезиум, едно сабајле и едно навечер, јас до вчера пиев онака само по потреба ако осетам некоја болка... Од утре сум 23та недела а на преглед дури за недела ипол а нестрплива сум пак да го видам моето душиче
Мене ми е вака исто, посебно кога ќе легнам на грб, ко некој за врат да ме стега, не можам да земам доволно воздух. И завчера имав некој напад на тахикардија, од ич нигде ми се појави кога дремнав за момент, после едвај се смирив. Не можев да продолжам да спијам оти ко да ќе се угушев у спиење.
Утрински мачнини на најјако, преаѓаат во целодневни, до вчера беа преку ден ама стануваат секој ден. Кој ги нарекол утрински да ми е да знам. Незгодно ми е на работа, легната ја у столица со нозе кренати, ама не е до мене, вагиналетава у погрешно време ми иде да ја ставам. Туку синоќа јас изгледа ја утнав работата, се разбудив во 2, бар така ми се виде, сум закаснила, чек викам да ставам вагиналета шо дека каснам, отидов стаив и едно време ми ѕвони алармот, ама веќе пројдено беше некое време спиев, којзнае у колку саат сум стаила вагиналета, скроз сум се пореметила. У петок ќе прашам дали може да ја пијам таа на работа, вие рековте дека може ама ај нека каже доктор. Туку приметив, мене од благо ми е полошо, така да некое време ќе го избегавам, сладоледче може, друго не. И тоа сладолед воден или ванила некој едноставен, чоколадо и корнет да не видам, многу ми е тоа благо. Тоа е одлична вест, пошто сум гурман само ми требаше вакво нешто да не ги вратам сите 25-30 кила што ги симнав. Моментално дринкам чај од брусница, кафето дефинитивно останува засега на утринско, немам желба за второ и трето, евентуално да е грч ладно еспресо или нес.
И само да кажам дефинитивно е машко. Во мк докторка што работе во санте плус ми рече 100 посто девојче, тука кај што сум ми рекоа машко. Ми збунија и денес на приватно си бев и потврдија машко А си бев загреана за фустанчиња
Леле исто, и денес останав дома дури, а идев на работа и првите недели кога ми беше најлошо А благото е поврзано со исцедокот?
Мојот исцедок е налик како кандида а нели таа се појавува и од премногу конзумирање на благо и слатки, јас сум склона кон развој на кандида и пред бременоста многу често ја имав а сите брисеви ми биле уредни... вие на таков исцедок мислевте или како водест?
И мене ме чешаат многу , особено левата , исто мк се лупи , јас ставам подебел слој павловичева наредна недела сум кај докторката ќе ја прашам што да ставам нешто плус , многу незгодно и неподносливо чувство .