Женски пак кај мене светло кафеав исцедок, аспиринот го исклучивме минатата недела сега сум само на клексани. Вчера многу пешачев, цел ден излезена а и низ дома работев, дали исцедокот може да е последица на тоа? Немам на бришење, само по една капка на секојдневната одвреме навреме и тоа воденкаст е а не густ. Инаку сум 12+1 и примам утрогестан 3х1.
Ве читав во втора бременост многу рано ги осеќате бебињата. Јас досега како два пати да осетив нешто ама не сум 100% сигурна, 19та недела сум. Мислев дека го осеќам и порано ама тоа лажните биле. Почнувам да се секирам по малку, на преглед сум за една недела. Некоја како мене?
Пааа поводлесто е дефинтивно, ама еве денес е ок. Може и од жешкото вчера За што си засекирана? 19 е рано за интензивно да го осекаш. И јас бев така како тебе, после 20 нешто како пеперутки ама не беше како тука што читав кај некои членки. Стомаков сега ми се размрда во 25,26. Мирни и умни ни се бебињата што се секираш
Нормално е да имаш зголемен исцедок во бременост, не ти е од благото. Јас еднаш имав кандида и исцедокот беше како урда од тогаш фала богу такво нешто сум немала, сега е зголемен ама дефинитивно не е кандида, цела бременост го имам. А инаку @Mari-Li кандидата се храни со благо ако можам така да кажам. Доколку имаме инфекција со кандида ако јадеме многу благо таа има тенденција да се зголемува. Нормалниот исцедок во бременоста, макар и зголемен нема врска со јадење шеќери.
Има ли некоја што се мачи со осип при крај бременост? Мислев дека стриите ме чешаат прво ама испадна дека е осип по стриите. Исфрлена сум најмногу на нозе и стомак и страшно чеша
@Saf @Mari-Li Како поминуваат неделите се ме плаши и вознемирува и исцедок, и кога мрда бебето (посебно на бешика кога мава), и кога не мрда а водест исцедок стварно не сум приметила освен онака кога сум испотена доле, сега на овие температури секојдневно е тоа а особено дека во најжешкиот период од денот завршувам со работа па додека стигнам до дома лом сум Затоа дремам на форум само и читам си барам објаснувања, фала девојки што споделувате, навистина правите да биде полесен и поубав период бременоста
Јас маки имав со првите удари,ниско ми беше и само на бешика и цервикс го осеќав со недели. Многу непријатно и болно ама кога ќе ме удреше па си бев некако по мирна што знам дека е тука и е добро
Јас имам осип на десната страна од папокот само и многу ме чеша. Пред некој ден купив бекутан крема со невен и вит Е па се мачкам и ме подсмирува
Па да се секираме за нешто Првото бебе овој период почнав да го осеќам така нежно ама почесто беше. Веќе од 20та убаво го осеќав. Ова баш очекував порано дека нели викаат порано се осеќаат вторите. Ај да се стрпам уште една недела остана, два месеци не сум била...
Исто сум и јас... мирна сум кога знам дека е добро и дека си мрда. А да те прашам ниско го осеќаше само така на почеток или во текот на цела бременост ниско го носеше?
Ајде едно прашање, за бремени со второ,а првото царски... Дали само на мене ми се случува да ме боли долу кај резот при промена на време, еве сега почнува да врне и чувствувам некој притисок долу... ова само во бременоста ми се случува, 14та недела терам и втор пат како се менува времето приметувам... до сега 5 и пол години немав никакви промени..
Мене ме чеша многу раната. Не ме боли ама мислам дека е нормално тоа при промена на време. Може раната на матката да те боли дека сега се шири.
Па не знам да ти кажам искрено, баш пишував за тоа ниско високо дека докторот ми рече такво нешто немало,зависело од конституцијата на жената. Е сега кога сум во поодмината бременост главата му е скроз долу наместена и стомакот ми е спуштен како за пораѓај шо се вика со недели ама си осеќам нормално и удари во ребра и високо горе така да не знам што да ти кажам на ова прашање
Meне ме болеше раната, тоа така појќе ко затегање, сега не ме боли. Чешање немам ама кај мене е тоа зараснато асално, 6г се поминати.