Фала Ви на сите за убавоте честитки, дај боже што поскоро сите да си гушкате таква убавина, верувајте Мајки од искуство кажувам дека најбргу се забораваат болките, јас за малку ќе колабрирав од болки ама кога ја извадија се потр пев со рацете и пробав да станам за да ја видам, мислам дека цел свет во раце го имав кога ми ја дадоа, мала, мека како лепче и бела како сиренце ❤
Честитки мајка! Ете доказ, сите бебиња на мајка се најубави, нема некоја мајка што ќе рече не ми е убаво детето.
Немам таков. Ама од 20 недела наваму некогаш кога се бришам на тоалетната имам како жолтеникав исцедок. Брисеви чисти, уринокултурата исто чиста. Не знам од каде овој исцедок. Ваљда нормално е.
Нормално е , и јас имам цело време , дури и осеќам како ми тече на гаките како помочана , се ми е уредно и брисеви и уринокултура , нема простор за паника
@Kbr честитки мама, да е жива и здрава Женски при крај што сте, 37+1 сум и бебе страшно многу се превртува и мрда веќе 2 дена, ме истоштува, стана прилично болно бидејќи удира во секој орган мислам. Нормално ли е? ЦТГ е супер до сега. Може ли мрдањево да предизвика контракции порано?
Мене ми е жолтеникав и некои денови имам ептен малку некои денови малку повеќе, сега од топлово време заедно со потта ужасно ме нервира ... ама и докторите и овде на форумов сите викаат дека нормално во бременост да имаме таков зголемен исцедок, брисевите ми се чисти а утре планирам уринокултура да направам чисто да ми биде мирна главата
Јас малку имам и обично на бришење. Нема никаков мирис, ниту пак јас имам чешање. Матичниот ми рече со камилица може да се одмивам.
Мила, само некој ден сме разлика исто е и кај мене т.с дупло. Без престан по цел ден акробации прават во стомак. На едното главчето му е скроз доле и мава во вагината и на десната нога, едвај одам од болки, исто ЦТГ е мирно. Мислам дека немаме простор за грижи.
И јас сум тука, 2 дена разлика сме. Исто се случува, јас не знам што е ова вртење и размавање нозе кога ќе запне од страна готово мислам ми се раскина стомакот. Нема врска тоа со контракции, вчера бев на преглед, правев цтг и тогаш се заинаети абе не мрдна а дома пред да тргнам ќе излегуваше низ папок Туку дали се уште осеќате икање на бебуш? Моево кога ќе почне да ика, тогаш посебно размава. До два-три пати во денот се случува некогаш.
36+5 сум не да мрдааааа душа ми вади, стомакот ми го изместува скроз ми кажа матичната дека е сосема нормално да е раздвижено и дека е цврсто бебе ...ЦТГ и мене ми беше супер прошлиот пат следно правам во четврток следниот мада мислам дека не е поврзано движењето со контракции зошто матичната вчера ми кажа абер немаш бар уште 2 недели... па ќе видиме
Фала ви женски, чим е кај сите значи нормално, само ја не знам од кај толку енергија сега, божем место немале ама се снаоѓаат изгледа. Ако седнам или легнам на страна уште повеќе збеснува. Инаку и јас го чувствувам икањето, и тоа многу, цел стомак ми игра и некако нелагодно ми е.