Jas se plasam i posle poragaj kako ke bide, kako ke se sbajdam so bebe, ali valjda site niz toa minat
Да ви кажам шо ми се случи ноќеска Ме разбуди вода по нозете, станувам тече ли тече... ајде викам полна бешика, одам у вц, напнувам... Ајде пак си легнав, сонлива дека, не бев сигурна дали е плодова или мокрача. Ме фати паника. Среќа во 9 бев кај докторката, па и објаснив и вика чим нема од 5 до 9 течење, не е плодова. Ми олесни. Инаку се боцкав со инекција за Рх факторот, денес низ трчање цел ден. Среќа ладно беше па се подновив за бебе и ќере.
Има некаков ризик ко ќе удираат многу ниско бебињата? Ми е срам веќе да му пишувам на докторот. Денес мрда најниско до сега, на секој удар едвај додржувам за до вц, имам и исцедок зголемен, плус боли и како струја ме фаќа во цервиксот. Не знам зошто толку долу е денес, вчера над папок мрдаше, многу ми е страв што е толку ниско.
Јас сум обожавател на кучиња, со ветеринари во фамилија. Како мала, уште коњ ни фалеше да купиме сепак секоја раса на кучиња е специфична и некои раси се подобри за со мали деца. Само заради тоа препорачав ретривер. Инаку, во исто време се запозна мојата ќерка и со ирски сетер и британски птичар.
Од вчера имам така некоја чудна болка како некој со нож да ме сече од половината напред накај стомакот, трае од прилика 10 секунди и поминува и така уште неколку пати по ред. Еве и денес две такви епизоди имав една по друга.. Дали имал некој ваква болка? Не можам веке само паничам де исцедок де ова де она... 19 недела сум прва бременост. А бебево си мрда, ја осеќам се најнормално.
Спојлер Извинете за сликава малце гадничка женски , но да ми кажете дали е можно да е тој мукозен чеп
Да, јас во неделата. Помина. Која недела си? Ако си при крај може да е, ама кај мене имаше и розевкасто.
Личи како да е, а и да е немаш простор за паника, некој тераат и со недели после паѓањето на чепот додека се породат. Како и да е во сигурна зона си.
И јас ама нешто не му се излегува на моево. Како ми е натежнато едвај одам, се ме боли. Посебно карлицата, едвај од кревет станувам. И најмала болка во стомак да осетам си викам Аха еве почнува, ама ништооо
Ќе биде мила и тоа , ќе се гушкаме со бебушите …9 ти месец некако најтешко денес без сила сум и со болки во кичма на секое движење