Девојки, сте се соочиле ли со Ешерихија коли во бременост? Веќе ми препишаа Цефалексин. Паника ме фаќа дали е штетно за бебето, инаку 22+ сум
Веројатно тоа е, јас гледав на една апликација за бременост real pictures од мукозниот чеп и вака беа слични, само негде повеќе крв негде помалку, ама таква конзистенција беше да речам. Со лесно
Јас, ама не успеав да ја излечам. Прашај за Дофурин, тоа е нитрофурантоин, може ќе ти помогне повеќе, мислам дека смееше во бременост.
Јас мукозен чеп во ниту една од трите бремености немам приметено. Пукањето на водењак сите три пати ми беше индикатор дека е дојден денот. Едната бременост и 2 недели отворена шетав, не ме ни задржаа, рекоа кога ќе има индикација да се вратам.
Како најактивни тука ве пукнав,ама... Дали некоја од вас пиела панцеф во тртето тримесечие? Општата матична ми препиша имам тт и наводно почетна фаза на бронхит. После ќе правам тест од аптека, а за утре имам закажано и тестирање. Ако сум малер на седење дома и вака мала бројка да закачам ќе се отрујам. Матичниот гинеколог ја барам упорно, ама недостапна е госпожата
Јас без антибиограм и позитивен тест за некоја бактерија, антибиотик не земам со години наназад. За што ти го препишала за температурата? Има за тоа терапија а и за кашлица ако имаш има сирупи кои помагаат. Се научиле за се нешто антибиотик,па имало потреба или не и не мисли негативно сигурно е само настинка, времево е катастрофа.
Па за воља на вистината ми рече до утре да не го почнувам прво да се тестирам и консултирам со матичен гинеколог. И јас не би почнала без да бидам сигурна, ама зошто гинекологов ми ја нема викам ај тука со експертиве мои Инаку пред 2 недели сопругот беше настинат, пред 2 дена ќерка ми , се надевам дека ми е од неа обична прелада ама пусто стравот од ковид е голем
Јас бев позитивна исто околу 20та недела. Со температура и кашлица матичната ми рече само витамини, парацетамол и многуууу течности. Го поминав за 3 дена така.
Утре и јас ќе правам крвна слика и црп, ама па нели кај трудници не се проверува црп секогаш е повисоко?