Кај Петрова Елена не е така. Јас за втор скрининг кога бев имаше гужва. Ја чекав да дојде од итен повик, можеби 30-40 мин чекав, ме гледаше колку треба, 30-40 минути, плус чекаше да се намести синко, а по мене имаше уште пациентки за преглед.
@V.N. не се секирај, јас фатив Ковид во 8 недела, пиев и амоксиклав и панцеф. Докторката од Гак што ќе ме породи уште тогаш рече, за бремени со ковид најсоодветно е Панцеф. Послаб антибиотик лекува, недолекува како кај мене. Ќе пројде со лесно. И јас имав црп повисоко, околу 36.
Тоа мене не ме интересира. Имам термин и сакам да го направи тоа ехо внимателно за да немам прашања во глава добро ли видела се итн. Плаќаме по 5000 за скрининг. Да сакаме 10 мин преглед би оделе на гак. Пари вишок никоја нема. Треба да си го решат тоа во самата болница.
@V.N. Јас во ист ден правев и Ковид тест и тест за бременост и двата беа позитивни . Само парацетамол, витамини и Алпенкрафт дека многу, многу кашлав
Скрининг кај Симонида ми траел 20 мин. а редовна контрола по 15 мин. Ама поселе тоа си правиме муабет ми одговара на сите прашања и пак 30 мин. ми се фаќа прегледот. Ако си без термин секогаш побрзо гледа дека некаде те има вметнато.
Ова е за трет скрининг. На втор гледа повеќе. Ма да она е многу брза и гледа се. Кога она видела, знај видено е. Некој може и пола сат да те гледа, па да не види колку она што гледа. Сите што ги познавам а и овде на форумов многу членки се задоволни од неа и за водење бременост и за пораѓај. За џабе не ужива толкава доверба
19+ сум. Температура качив до 38.6, а парацетамол ми рекоа да пијам кога ќе качувам ама да гледам да не е на помалку од 4 часа. Јас пиев 2 дена на по 6-7 часа. Денес не се напив воопшто
Ќе ни стане се појасно со време мислам…како сите така и ние, некад полесно некад потешко ама ќе истуркаме Ако не ќе бараме помош од поискусни тука
Јас кај Симонида бев еднаш на дежурен , уствари два пати и двата пати не ме бендиса. Првиот пат со Јане си префрлаа топка , јас прва бременост со крварење ме пратија дома без терапија со поз. бета хцг , ја теле , немав поима , и си доживеав спонтан. 2 пат се испаничив не осеќав удари, она дежурна , прво рече на цтг да ме стаат после не стани ехо да видиме срцева акц. има ли, и како воздишки демек жал ми е, завршено. Тие неколку минути ми го скрати животот. Среќа се беше ок па мање-битно впечатокот
Мила ова е од чепот мене вака почна да ми паѓа со првото кога се пораѓав ми падна негде 38 недела и 39 и 5 дена се породив
Јас кај твојот Јовановски одев претхoдно, ок беше човекот Но Ремедика гинекологија ја замразив поради Коста Василевски, толку безобразно и незаинтересирано чоече
Членката ја гледала 10 минути. Тоа за мене е премалку. Мене не ми влева доверба тоа вметнување и да види колку да види. Точно, треба знаење. Ама јас за преглед кој го плаќам приватно сакам да е колку што треба. Не 10 минути. Тоа не ми влева доверба. Јас со доктрката немам искуство. Од тоа што се коментира овде читам дека гледа и пократко.