Другарки како сте? Вчера со свекрва ми бевме на кафе и карши има едно бутиче за деца, па вика ако не да си почнеме да купуваме по малце. И вика да видиме комплетчиња за излегување од болница, па кога ни извади таа, абе милиони комплетчиња, преубави. Е сега јас сакам да си ги облечам слични, а таа изнатрга на страна ем најгрдите ем поразлични не можеа да бидат. И викам јас си имам купено нешто за тогаш, прво нешто што купивме со мажот ми, чорапчиња и капчиња и само нешто бело на двете да им ставиме. Не вика белото не е убав материјалот. Па не мора од тука, ќе си најдам јас ќе си купам. И онака се растажи, се разочара, а мене ко што ме дал господ ми падна глупо и жал и ај викам земи што сакаш. И зеде купи едно розево со зајаци како за велигден и другото со количиња како пижами, па и плус карирано. Ништо од моите капчиња и чорапчиња... Овие си ги сакав јас Знам сега ќе ми речете е мене вака не, требаше вака, вака да правиш, ама ете таква сум ај...
Не значи дека мора да ги облечете баш тогаш. Зашо нејзината желба да биде задоволена, а не твојата? Ти си мајка. Ете тие нека ги испере свеки, дома ќе ги облечете првиот ден коа ќе дојдат. Нели да се облечат као во нешто чисто, сакаш да ги пресоблечеш од болница. Најди начин.
Има начин секако, ама после јас ќе се грижам, само ќе ситничарам нешто ќе ми биде глупаво, тензично, без врска и секогаш така за мир во душа баталувам и попуштам.
Лелеее баш се слатки чорапчињата и капачињата. Од кај ги зеде? И секако со нив ќе ги облечеш, не дека се преслатки комплетите, затоа што вие сте родители, твои дечиња се, твоја желба како сакаш да ги дотераш за тој свечен момент
Кога се работи за твое дете не треба да ти е жал за ништо и никого. И јас сум како тебе сакам на сите да угодам ама сега е поинаква приказна. Јас сум мајка, јас кажувам што и како ќе биде во врска со моето дете.
Имаш право и ти да се растажиш. Дури и да плачеш. Хормони. Земи си бели комплетчиња и ич не мисли. Искрено голема работа се прави од облеката за од болница. Ама ако ти е грдо тоа што избрала свекрва ти, избери си други и не ги врти многу многу.
Овие што си ги одбрала се преслатки. Многу се нервирам вака кога свекрвата се замишља дека таа е мајката, јас разбирам баба мерак и е. Ама сепак ти треба да си одлучиш како ќе ги облечеш.