Ели што чувствуваше поврзано со бубрезите? Последната недела дена не знам дали ме заболуваат бубрезите или половината, повремено само не е константно ама понекогаш пак заболува нешто таму.
За мое дете ќе е јас како што ќе одлучам. Ако се премолчува од почетокот ( за да одбере таа облека за излегување од болница), и понатаму за се ќе се меша и као ќе се растажува ако не и е по ќејф.
Не, немој да попушташ. Ќе научи дека си таква и после за сè и сешто ќе те манипулира затоа што знае дека на крај ќе попуштиш. Немој да ти е ни глупаво ни тензично, направи си да ти биде по твој мерак, ти си мајка.
Не расипувај си ја возбудата и среќата за да усреќиш некој друг. Убаво што почитуваш желба на свекрва ти, ама сега е ред да бидеш себична! И ако некој се дрзне да се налути, тогаш тој има позбудалени хормони од тебе и не заслужува да го рецкаш. Договорете се со овие да ги изнесете од болница, а како што кажаа членките дома да го облечете другото. И немој, ама стварно немој да слушаш други желби освен на мт.
Шо им е на свекрвите бе? Да купела за од болница ама таа да одберела. Ондак оти да не одбери мајка ми, м? Коа веќе не бирам јас, еве нека биде мајка ми. Исто баба ќе му е ко неа нели? Мојата срцка е за тоа. До ден денес кажува пр. Фустанче за велигден од мене. Шо значи јас си купувам таа ми дава пари. Досега ништо нема одбрано сама.
Од Џамбо, преслатки ми беа кога ги видов, па рано демек беше тогаш прво тромесечие бев при крај и не купував ми беше неубаво, ама многу ми беа убави препрепрепреслатки и на крај мажот ми рече ај не купувај ти јас ќе ги купам демек од него и од тогаш сакав да си ги чуваме за од болница и нешто бело одоздола на двете. И прво нешто е што имаме купено за нив. Во право сте сите. Така ќе биде и слика дури ќе ви пратам од бебињата во капчињата и чорапчињата, па после ќе ги облечеме во тие на сверква ми. Ако има плачки ќе плачам и јас
Женскиии и мене почна по малку да ми паѓа чепот мал дел вчера вечерта и денес пак… немам болки немам ништо ваљда ќе истерам уште некој ден,м?
Ништо посебно болки немав, освен при седнување и станување некој притисок на цервикс...на тоа што ми останало од цервиксот додуша Друго не... вчера мислам и на @Indi96 дека почна да и паѓа а тука бевме и јас и ти и она
Здраво жени... Да ве прашам дали можам да го пијам овој магнезиум.. денес го земав барав обичен и аптекарката ваков ми даде.. на упатството ми пишува да се консултирам со доктор доколку сум бремена ... Ако има некој искуство со овие ве молам да ми пишете .. Убава вечер
Епа ај со среќа свекрва шо ќе ја трпиш цел живот. Од тоа попуштање, јас се нервирав во себе и ми секна млекото, незадоволна мајка-нервозно бебе. Кај тебе 2. Стај со граници со време, да не ти дремат ноќе над цицка додека доиш да видам дали влечеле бебињата.
Облаче, болки имав во бубрезите. Кичма боли на средина нели, бубрезите лево или десно, нормално ако боли еден. Инаку тешко е да се разликува дали боли кичма или бубрези.
Daa tuka sme ….i jas mila imam takov pritisok i pri dvizenje mi rece doktorot ocekuvano e Ke se cekame sega site tri , jas pa tolku paranoicna sum sekoj moment mislam deka ke mi pocnat bolki ili vodenjak ke mi istece