Женски да не знаете од каде да можам да купам Фемибион 2, во зегин ми рекоа дека немало и нема да има за скоро..Хелп
Нема нигде. Јас ќе земам премама дуо, уште за 2-3 дена имам Фемибион. Со првото нив ги користев, добри се, најслични по состав само што имаат обична фолна.
Девојки правев пак брисеви кај матичната, па ја прашував сестрата како оди процедурата за носење на приватно. Ми рече дека ќе викнела некој од Авицена да дојде да ги земе, со тоа што ќе и донесат и фискална сметка кога ќе дојдат. Ми кажа и дека не смеело да бидат задржани кај нејзе повеќе од два часа, ама мене ми земаа брис во 10:15 ч., а фискалната сметка е откуцана во 12:35 ч. Што значи ја откуцале пред да тргнат да ги земат, а има и доста возење од едново место до другово. Резултатите сите ми се негативни, ама дали се веродостојни? Веројатно ќе ми кажеа ако имаше некој проблем, ама размаков од повеќе од два часа ме загрижува искрено…
Јас да ти кажам како си го решив тој момент Повеќето работи ги купија мајка ми и свекрва ми и сум навистина благодарна бидејќи не се ниту должни толку работи да купуваат и да се трошат. Ама и знаев дека свекрва ми ќе се истрча и за облека за од болница и тогаш јас и кажав дека ние како родители сакаме да си ги одбереме и купиме од нас и тука заврши цела дискусија. Не знам од кој крај си, во некои краеви наводно свекрвата ја купувала облеката за од болница НО никогаш не терам јас според "правилата"туку според тоа како мене и на сопругот ни одговара. Најдобро е кревање рачна од време на време да се потсетиме кој до кај треба да се вклучува
Здраво на сите мами! Ве поздравувам и посакувам лесни бремености и среќни бебенца. Не сум за во групава, за малку ќе бев, но доживеав најверојатно биохемска бременост, па разочарана и уплашена си барам некоја мама ако има тука низ групава која имала биохемиска исто, па завршила следно со среќна бременост да ми пише, тажна сум и ми треба малку поддршка…
Пред некој ден имаше дискусија за торби тука, не успеав да ставам линкови https://www.facebook.com/kidslandmkd/photos/pcb.911477656091041/911477549424385 750 ден https://www.facebook.com/narshop.mk/photos/pcb.734298177977927/734296657978079/ 670 ден
Јас го пијам истиот не би требало да има проблем. Јас кога прашав лекар ми рече може било каков магнезиум, ти сепак може да си прашаш за секој случај.
Утро мајки трудни! Утрински ме израдува докторот, имаме срцева акција, трепка трепка како сонценце. Ми олесна, не дишев додека не рече докторот дека се е во ред. Ми рече контрола на 3ти, до тогаш се по старо. Според циклус сум 6+4 а според големина 6+1, пак математики ќе праиме сеа, ама добро. Малечко е, исто и синко мислам на почеток беше така, треба да извадам мајчината да ја видам. Исто така ми напомена да пазиме овој пат, да гледаме до 37ма да догураме. Убав ден!
Баш за овие дојдов да прашам, дали има некоја нарачано и дали се добри со оглед на цената? Поевтини доста од другите. Мене на KikkaBoo ми се најубави, тој како песок боја, ама не ми се дава 2000. Цел фб ми е со ранци од ко отворив вчера. @AngelOfArh браво уживај сега, полесно се дише.
@kristina.k не знам, дали да им се побара слика па колку можеш да видиш. Мада според тоа напред плочката што ја имаат, ми изгледа дека се исти како другите м?