Фала ти мила ме утеши малку , јас вчера едвај заспав и 100 пати се разбудив со тахикардии Изгледа ми попушти адреналинот што го имав претходно па ми изби паника некоја... Нека издржи бар уште недела дена да додадеме некое грамче
37 недела вчера влегов со 2800 последно во вторникот го измери матичната...а кај тој што ќе ме пораѓа сум во четврток дури
Еве јас, прво биохемиска, па спонтан во 5та недела, па сега веќе 20та недела. Верувај дека ќе се фати пак.
Душо После биохемиска велат најлесно се забременува. Јас имав биохемиска во септември. Докторот рече може веднаш да почнеме со обиди ама решивме со маж да одмараме малку,да направиме пауза од тоа. После 2 месеци почнавме со обиди.. Веднаш останав бремена а само 2 обиди имавме во цел месец. А со првата бременост 6 месеци правевме бебе и со биохемиската околу 5,6 месеци. Не се разочарувај,ќе видиш, верувам дека набрзо ќе бидеш бремена
Јас мила имав 3 биохемиски бремености и тоа една по друга тага солзи еден тон, јас направив испитување на генетски мутации, кариотип и на крај ХСГ. Излезе дека имам генетски мутации ми дадоа терапија сега сум бремена терам 4 месец со господ напред се да биде бо ред до крај ама овој пат со ИНВ од други причини.Јас ти препорачувам да разговараш со специјалист и да те насочи какви испитувања да си направиш и не се растажувај еден ден се ке биде добро
@AngelOfArh Сега уживај во бременоста и опушти се мамичке Не се замарај со мерките, не се некоја голема разлика. Јас кога одев кај матичната секогаш бебево беше за 1 нед поголемко,а кај мојот доктор кога одам е точно според неделите, некогаш помалку за ден два кажува ,некогаш повеќе. Ама толку мала разлика не е битна. Нека си се развива бебуш, нека се роди здраво право па и посотно да е. Ќере се роди 2800, ко глувче беше, еве ја сега ко мајмунче е, уште на глава што ми се нема качено
Кај мојот матичен има две опции едната сама си ги носиш одма у авицена другата они ги носат и наплаќаат плус... Баш од оваа причина се сама ги носам. Ова да знаеш за друг пат.
Добро утро мешиња Читам барате торби, ранци...исто и јас, ама решив на крај да пробам со една како спортска торбица што се носи на страна. Ја имам од ќерка ми, од ваикики е, шарена и интересна баш е детска. Како и да е за сите што барате на инста ми се појави оваа торбица што ја има насекаде, ама тука е најефтина Е сега која е страницава што ја нуди и колку е сериозна не би знаела да ви кажам
Здравоо. Колку пати правевте брисеви во текот на бременоста? Или само по потреба? Јас едни направив првото тромесечје, не знам дали има потреба и сега да правам?
Девојки, дајте некој контакт, број, локал од Фонд за здравство да прашам за исплата за патолошка бременост. Никој не се јавува на 023289083