Новалак се ок, ептен ми ги фалеше матичната. Ми даде и примероци да пијам и тие содржат фолна метилирана како фемибионот.
Не сме од таков крај, а и не е ни таква жена, до сега за ништо не ми се мешала, да ја наречам ете градска разбрана жена е, педагог е, немам маки некои со неа. Ама ете откако ги извади продавачката сите комплетчиња како некоја магија да влезе во неа, зеде трга, растрга, бира, јас на страна и после баш поради тоа што никаде не се вмешала никогаш ми падна малце глупо дека и реков имам јас, а таа со цел тој елан си ги одбираше. Абе таква сум јас ете што да правам.
И со право ти паднало глупо. Јас ги разбирам и бабите и дедовците, и тие се во свој филм, радосни што ке имаат внуци. Ги гледам бабите и дедовците на син ми, абе душа даваат за него. Сигурно си ме читала дека имам само добро да кажам за сите, и моите родители и неговите се предобри, ни помагаат на секој начин, не поддржуваат, цел стан средивме, еднаш некој не се замеша да каже како да правиме, сами ни велат да шетаме дека ке го чуваат итн. Во твој случај би размислила што да облечам. Мене не ми беше многу битно во што ке излезе синко. Сама кажа дека жената е спремна да ве прими кај неа и да помага со бебињата, што е многу битно, има луѓе само ке ти сметаат и ке одмагаат. Со луѓе кои се спремни да помогнат треба да сме внимателни, да бираме за што ке пресечеме а за што ке им дозволиме да доминираат. Не смееш да дозволиш никој да се качи на глава за твое дете ама избор на алишта е најмал проблем. Толку често ке ги предоблекуваш, ке видиш дека за 3-5-10 години од сега најмалку ке ти е битно во што излегле, туку ке ти е битно дали некој ке дојде да каже, одмори ти, јас ке се грижам за децата.
Точно, а и тоа свечено излегување, само мајката и таткото ќе си ги видат дотераните бебиња И нас ни помагаат ептен, јас фемибион немам купено откако останав бремена, свекрва ми ми го купува, ако сме кај нив и да речам нешто за храна другиот ден пали кола и одма ми вели слези пред врата на секунда и гледам завчера така ми донесе јаготки дека прашав само до кога има јаготки. И да, се понуди да одиме таму слободно за да ми помага, а и таа на работа оди, дури и цела соба реновираат за тогаш, количка вика ќе си одберете јас ќе ви платам, а количките цела кола се скапи, и најмногу заради сите тие работи што ги прави ми падна неубаво си реков аман па јас за едни комплетчиња никој што нема да ги види. Ама па мене многу ми беше и ми е мерак за тие капчињата и чорапчињата. Којзнае како
Јас дека правам и испитувам често витамини, минерали и слично, знам што ми фали, кај губам и тоа само пијам. На пример витамин Д пијам како терапија јас. Не знам, да бев Мк секако ќе пиев, овде буквално прашувам на секое одење за витамини и истиот одговор. Еве и за синко и после корона и варичела, нема препорака за витамини.
Овде читам дека на многу мајки им е битно во што ке излезат. Мене не ми беше. Дома можеш да си ги дотераш во капите и бели бодиња и да правиш фотосесија. До сега имам 5-6 огромни вреќи полни со алишта, ете колку се небитни.
Јас цел тој момент го разбирам. И радоста им ја разбирам и се. НО што ако сега излезеш на кафе со мајка ти и исто со цел елан избере нешто за од болница?
Па што знам, не дека е премногу битно ама од друга страна тешко е да се направи балансот да го истераш и својот ќејф(за било што) а и на бабите/дедовците Ова му доаѓа како со сопругот компромис така и со нив. Choose your "battles"
Здраво другарки, 28+ недела сум до сега немав некои поизразени болки во тело. Последниве денови ми почнаа болкиве во грб,кичма а сега еве и два дена болки во меѓуножје ваљда препони, болки кај задникот, опашната коска. Како рашрафена се осеќам. Некако рано не е за овие болки? Очекував после 36+ дека се јавуваат. И што пиете во овој случај.
Jас би и рекла да одбере да купи нешто бело, за да се надополни со вашите капчиња, ем волкот сит ем овците на број. Најферски.
Јас ги имам, ама ги пиев пред да забременам како подготовка. Матичната ми рече да ги сменам со фембионот, ама нз зашто.
Е така реков, ама не и се допаднал материјалот на белите. Абе како и да е многу небитно внимание обрнавме на моите капчиња и чорапчиња Ако бидне како што треба, можно е и темп да биде и 40, па голи ќе си ги земеме
Ако е фина жена свекрва ти, те помага и почитува зошто па и да не и направиш кеф. Воопшто не би ми сметало, ако има желба да му купи облека за излегување, битно да е удобно и памучно. Некогаш многу значење им придавате на тривијални работи. Многу битно во што ке излезе бебето и кој ке го купи. Нека купи свекрвата зошто да не. Секој кој има добар однос со жената нема потреба да си создава ситуации за облека за изнесување. Јас не би имала ништо против.
Не е битна бојата на облеката или од каков материјал е, туку ме нервира атер правење. Потоа ќе се меша за бањање, па ќе оди во црква на молитва, па на прв педијатарски преглед итн итн.