Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    На почетокот околу 12та, 13та недела не памтам баш точно заборавав да си ги купам витамините една недела па кога појдов на преглед плодот ми беше поназад 3 дена, потоа ги пиев редовно и си напредуваше точно како што треба. Сега пред еден месец имав стомачен вирус и не можев да ги пијам витамините исто цела недела (многу ми мирисаа) и повторно ми беше поназад со 3 дена. Не знам зошто ама советувам витамините да се земаат редовно баш заради тоа што забележав.
     
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.439
    Допаѓања:
    183.437
    Пол:
    Женски
    @AugusTina! Меракот е голем, ама твојот е поголем. Мој совет е да не си земаш се при срце. Кога бев трудна, свекрва ми леташе до Атина специјално кај сестра и да земе куп партали од нејзините внуки. Нит ме праша ни ништо. Па уште кога се врати имаше купено сама детергенти, омекнувачи ги поделила на помали и поголеми парталите и ги испрала и испеглала помалите. Знаеш колку се нервирав тогаш, живци кинев, мене прво дете сакам да и изнакупувам се и сешто, си имав посебен план за детергенти, креми, пелени, таа сама се имаше купено. Да напоменам дека со свекрва ми сме во многу коректни односи, никогаш не сме се замериле или нешто и знам дека и нејзи и беше мерак, ама едноставно мојот е најголем. И на крај што се случи, ништо од алиштата не ми се допадна, милион пати преперени, апликации и бои избледени, фатено туфчиња што е и нормално. Од 3 огромни кеси со алишта, земав само 2 ромпера, кои беа со етикета на нив, веројатно не стасале да ги искористат и беа нови. Пак си купив јас се како што сакав и планирав и понатака ако сакаше нешто од неа ми даваше пари. Само џабе ми беше нервирањето.

    Сега ти вријат хормони, а кога ќе се породиш уште повеќе првите месеци и ќе се нервираш за ситници и се ќе ти смета. Мој совет е пак ти прави си што тебе те прави среќна. Ќе помине и тоа и хормони ќе се стабилизираат.
    Колку што те имам читано, негде Август ќе се пораѓаш, знам дека емотивно се врзуваме за стварчиња, ама капчето и чорапчињата колку и да се слатки ја би ги остаила за на зима. И двете се непотребни за тој период од годината. Земи им нешто бело чим сакаш, памучно, тенко, кожата да им диши и свиркај си. На крај ќе се смееш за што си се нервирала. Сите сме поминале низ тоа. :)


    А дојдов да кажам само дека 9ти месец трае 2 години. :emo:
     
    На AugusTina!, mal.ecka, Anturium и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.611
    Во врска со витаминиве, јас земам Премама од почеток поради препорака од матичниот. Крвта во живот не ми била толку слаба,а згора на тоа земам и препарати за железо,јадам месо,овошје,зеленчук колку можам,витамин Ц и слично, можеби е и до организмот но сепак.. И некако имам впечаток дека џабе ги земам. Сега за доенечки период ќе земам некој други од овие дефинитивно не сум задоволна.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Saf

    Saf Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2018
    Пораки:
    1.259
    Допаѓања:
    1.611
    :rofl::rofl::rofl: мојов ми се чини и повеќе.
     
    На Yowannty и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.225
    Допаѓања:
    258.694
    Тоа нема никаква врска со витамините. Ама никаква. Да има, препораката ќе биде на светско ниво.
    Ти витамините што ги пиеш се лично за тебе и немаат никаква врска со бебето. Напредокот на бебето не зависи од тоа.
    Не ширете вакви дезинформации, се ствара непотребна паника.
     
    На le.soleil, Fudbalgirl, Mari-Li и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Redmoon

    Redmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, не знам дали е за тука прашањето ако не е ќе ми извините, какво мислење имате за др. Надица од ординација Мама?
     
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.858
    Допаѓања:
    18.714
    Пол:
    Женски
    Тоа атер правење зависи од човек до човек. Може и без бирање облека да прави проблеми и да инсистира на глупости.
    Мојата свекрва купи за изнесување од болница, го бањаа со мајка ми на мое инсистирање, на педијатар секогаш сами одиме итн. Значи ако си имаш добар однос ке нема нервози.
    На едно купување бевме сите заедно, двете баби и јас и маж ми. Не праша дали сакаме да се дружиме, и навистина прекрасно си поминавме тој ден. Уште колку пати бевме да пазариме сами, ништо не смени тој еден пат, сите среќни.
    Добивав совети да почнам со цврста храна од 4 месеци ама одлучив да почнам од 5, и сите го почитуваа тоа. За мене тоа е битно. Не за облека од болница.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Сигурно не ми е дома досадно па да земам тука да лажам, пишувам тоа што сум го искусила а останатите можат да си одлучат дали ќе ги пијат витамините или не. Се наоѓам во Македонија и тука на сите трудници ни даваат витамини, кој ќе ги пие ќе си одлучи сам.
    Едит: не кажав дека не може да се износи здрава бременост без пренаталните витамини, кажав мое искуство.
     
    На simplegirll му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.858
    Допаѓања:
    18.714
    Пол:
    Женски
    Синко беше 2 недели покрупен цела бременост. Мислиш јас пиев тројна доза пренатални витамини?
     
    На stsmua05 и Srcka28 им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.225
    Допаѓања:
    258.694
    Тоа твое искуство ете се поклопило и нема врска со витамините. Тоа сакав да кажам.
    Не влијаат на бебето.
    И е дезинформација.
    Значи јас одлучив да не пијам, да си го слушам мојот доктор.
    И сите си одлучуваат за себе во консултација со лекар, секако.
     
  11. Indi96

    Indi96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Da si ocekuvam naskoro vistinski ^_^
     
  12. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    За следење бременост или?

    Жената си е топ, има познавање и искуство, одам 10 години кај неа, ама има многу гужва.
    Веќе со мене е доста слободна, ме прегледува детално, се шегува, објаснува...
    Не знам како е со нови пациенти, бидејќи е преполно веќе.

    А што се однесува за изнесувањето од болница шо дискутиравме претходно, не се сложувам дека е нешто небитно. Се памти моментот цел живот.
    Не дека сметам треба тулови да се облакаат на бебчиња, него милувам како мајка сама да си одлучам во што ќе го облечам.
    Не мора и тогаш да го има свекрвата главниот збор.
    Има еден куп други денови кога може да си купи и да се носи тоа.
    Ама секој со своето мислење.
    И јас не реков за никого дека е затуцан бидејќи не му смета свекрвата да му го облака детето, па не мора ни другите да лепат етикета тривијални вакви онакви работи.
     
    На JuLleE, le.dentiste, Doktor F и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Леле муабетов плашење без врска.
    Во Македонија се пијат и пренатални и секакви можни витамини и кога треба и кога не треба.
    Баш во странство не се форсира хемија колку што се препорачува здрава и балансирана исхрана.
    Мислиш така е тоа од една недела не пиење и престанува да расте бебето, прво си има резерви организмот и една недела не пиење е ништо, второ, твојот случај е само еден случај што не докажува ништо, има милион трудници што пијат редовно па пак плодот заостанува, има трудници што не пијат ни еднаш и никаков проблем немаат.
    Знам дека со добра намера ти е напишаново, ама толку стравови околу бременоста не се во ред, бременоста е нешто најнормално во кое треба да се ужива, не е болест па да се поткрепува со милион апчиња кои пречесто се непотребни, а се пијат колку да се осеќаш дека имаш некаква сигурност, уствари е лажна сигурност пошто и без нив ќе било се во ред.
     
    На AugusTina!, Mari-Li, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  14. emche05

    emche05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски
    Тука и јас се согласувам. Летна цела бременост, овој 9ти месец вечност ми се виде:D
     
    На Saf му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.970
    Допаѓања:
    13.708
    А зошто мора свекрвата да купи за излегување од болница? Само зашто е свекрва ли? Таа може да купи ако сака нешто, но може да се облече и отпосле.
     
    На le.dentiste, Coco31 и eli25 им се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.182
    Допаѓања:
    124.658
    И оти ве помагале и сте имале супер однос ќе дозволите они да кажат у шо ќе излезе од болница?
    Ау без врска муабет.
    Демек ќе си ќутиме,шо е битно, ќе ни помагаат нешто :worried:
    Yes,Балкан .
     
    На simplegirll, Kate Rina 93, mal.ecka и 13 други им се допаѓа ова.
  17. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    15.162
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека бременоста ми трае 2 години, ама имало бетер:D:D:D
     
  18. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    Мојава не ми се меша, не ми кажува у што да ги изнесам од болница. Башка бевме еден ден у шопинг имаше желба да купи за бебињата, ние си избравме што сакавме она само си плати.
    А нема ни да знае кога ќе идам да раѓам, торбицата ми е спремна уште пред три недели, си ставив што си сакав јас.
    А доколку би била таква да се меша ќе викам мхм и ќе си терам по мое.
    Мои деца моја работа :)
     
    На le.soleil, le.dentiste, Pajace77 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.525
    Допаѓања:
    8.516
    Пол:
    Женски
    И свекрва ми изрази желба тоа за излегување од болница од неа да биде комплетот.
    Ама јас да одберам а таа само да плати.
    И мене ми помага имаме коректен однос.
    Ама не би дозволила да го облечам детето во нешто што мене не ми се свиѓа за да правам некого ќејф.
    Друго е некој да ти донесе подарок алишта.
    Па пак мајката одлучува дали воопшто или кога ќе ги облече тие алишта на детето.
    Затоа ова ми е неприфатливо друг да бира еве во ова ќе го изнесеме од болница.
    Не знам како си земаат слобода до толку.
     
    На emche05 и Eli23 им се допаѓа ова.
  20. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    15.162
    Пол:
    Женски
    За друго дојдов тука и се расчитав и заборавив :)
    Многу од вас пишуваа дека ги чеша цело тело. Најдовте чаре некое? Немам осип, ама ми иде да си ја откорнам кожава и на раце и на нозе и на стомак и кичма ама секаде!!!
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.