Мене крвта со фемибионот ми е подобра и од пред бременост, не планирам да ги сменам, крај краева креми нарачуваме од странство ене Врање кај е сигурно ги има Ако не ги најдам ке одам ке ви донесам на сите, хаха
И се запнавме на членкава со свекрвата и излегувањето од болница Мое мислење е ( немора да се сложите) кој како ке си се постави и колку ке си дозволи, толку му се мешаат, крај на приказната... Ок е да имаш коректен однос со сите ама и да се знаат граници до каде кој може до каде не.
Ако на некој не му е важно со што бебе ќе излезе од болница, на друг му е и тоа како! Така да, не секогаш треба да појдуваме од својот став. Тоа се спомени кои остануваат за цел живот. Колку многу родители и ја урамуваат таа облека или пак ја ставаат во кутија со мн. др. први работи од бебе како успомен. Кај и да е и јас така планирам. Тоа што кај нас во Мк. сите се мешаат и овие преубави моменти им ги унакажуваат на родителите е друг муабет. П.С. Витамините во бременоста, особено фолната Е од огромно значење: https://www.cdc.gov/ncbddd/folicacid/about.html Нема врска дали е Мк. или странство.
Јас умирам последниве денови, не можам ни да спијам од што ме чеша ама јас имам осип. Прво точкички на стриите беа и кога почнав да се чешам пликови цели ми се направија. Ставам бела пудра течна ме лади ми помага малце некое време ама за кратко пак почнува да чеша. Ако знае некој чаре за моево нека каже
Проверивте хепатална холестаза? Во врска со облеката за излегување од болница мислете само за тоа да ви се родат здрави живи бебињата облеката не е битна. Лани многу се нервирав и јас со свекрвата дека сакаше да се меша во се и она да биде главна , она ќе го чувала бебето, со нејзе ќе спиело ја да не сум го угушела и сл . Немавме ништо купено, а бев скоро 6 месец и добро што беше така пошто го изгубив бебето. Муабетот ми беше наредна бременост здравје пак ништо не купувам само кога ќе ми кажат се е во ред си одите дома тогаш ќе им кажам купете едно комплетче си доаѓаме дома после се јас ќе си купам. ЗДРАВИ ЖИВИ ДЕЦА САМО , ЦЕЛ ЖИВОТ ЌЕ ИМ КУПУВАМЕ !
Jas Samo edno mislam deka vlijae na plodot, toa e spored mene, ne sum prasala doktor, znaci ne me fakjajte za zbor, samo kleksanite vlijaat za dobro razvivanje na plodot I dobri protoci, znaci da napomenam ova e Spored mene, moe mislenje, mozebi i gresam, neznam !!!
Сите трудници не примаат клексани. Бебињата влечат од резервите на мајката затоа во рана бременост не треба да се "замараме" со хранливи вредности и што ќе внесуваме покасно да затоа што нели е поголемо и повеќе му треба на него. Од гинеколог ми беше кажано да не се замарам со храна многу многу до 5 месец , затоа што се што ќе јадев повраќав и си мислев нема да има од што да се храни бебето.
Можеби ти е сува кожата?? Уште од почеток на бременост ми беше многу сува кожата и на мене али па не чешаше
Свекрва ми има купено многу работи, премногу. Мене конкретно не ми кажа и не ми нареди да се носи тоа што го купила, ама беше посебно убаво и мене ми беше мерак да биде тоа. Имаме здрав однос и јас немам потреба да биде по мое затоа што свекрвата сака поинаку. Мене не ми помагаат нешто, ама вас тоа нема ништо да ви смени. Чување на синко за јас и маж ми да излеземе и одмориме не е одговорност на никого. А сепак бабите и дедовците се тука за нас кога и да треба. Не треба да се правдаме каде одиме и што правиме, прашуваме дали може да ни го чуваат и не не одбиле. Синко темпераментен многу, а тие луѓе во 6та деценија, трчаат по него, го молат да јаде итн. Тоа е мој начин да кажам фала. Затоа што знам колку им значат некои работи. Не ми е јасно зошто толкава одбивност свекрвата да го облече бебе за од болница?
Јас знам случаи што цела бременост примаат клексани а Д димерите одат нагоре и детето стагнира. Јас сум со зрела постелка веќе 2 недели, високи д димери цела бременост (без клексани и други антикоагуланти), протоците не се како на почетокот на бременоста добри ама бебе пак е за недела понапредно и прогнозираат дека ќе биде крупно. Сакам да кажам дека е индивидуално кај секоја жена, голема улога има и генетиката со развојот на бебето,не може сите да бидеме големи и крупни од раѓање па и во текот на целиот живот.Хемијата што ни ја препишуваат пошто никој не сака да се замара со трудниците и гледаат само да профитираат од нас не е фактор за тоа дали бебето ќе биде големо,мало,крупно и слично. А и да, ако е детето мало не значи во никој случај дека не е здраво и доволно развиено.
Не ми е јасно зошто толкава одбивност свекрвата да го облече бебе за од болница?[/QUOTE] Затоа што не и е работа тоа. Бебето си има родители кои одлучуваат што ќе му облечат. А ако некоја сака да се улижува на свекрвче тоа е друга ствар.
За високи димери не ти препишаа клексани? Мене само паники ме фаќаат зошто немам испитано, ќе барам пак од матичниот. Прв пат ко спомнав ми рече нема потреба, јас сама си испитав на приватно ама без хемостаза и не знам колку е валидно тоа. Си мислам што ако се покачени, а да не знаеме.
Одлучувам секој ден за сешто. Мене не ми беше битно, на свекрва ми и беше мерак. Да појаснам дека мене не ме нервираше тоа што таа избра алишта. Ако ве нервира пресечете, не велам не. Прво тоа и го кажав. Мешање да купи алиштенца за од болница?
Јас кога му реков на матичниот да не е мало моево за неделите? Ми рече мене килограмите не ми се многу важни. Не значи дека бебе од 4кг ќе биде здраво бебе и обратно може бебе да има 2 и нешто кг и да биде поздраво.
Времињата се битни исто колку и димерите. Дури и димери да се добри а времиња изместени, може да препишат антикоагуланти.