Јас проверив на почеток на трет триместар 29 недела отприлика бев,ми беа 2100-200 така нешто, тогаш беа сеуште во граница на нормалата. Докторот ми рече немаш потреба од ништо протоците беа добри а бебе напредуваше супер. Така да не знам од тогаш немам проверено можеби се и повисоки сеа. Го прашав матичниот ми рече немаш индикација на крај си,детето уште расте па ќе терам така со господ напред. А и времињата беа скратени ама не нешто многу, на долната граница.
Ама им се запнавте на свекрвите значи ушите им горат сеа од зборење. Членката може сакаше само да си ја олесни душата, ако се пораѓа до август до тогаш и свекрвата може ќе најде нешто друго ако е толку превозбудена, па појдете од себе секое наредно шетање по продавници наоѓате нешто поубаво. Јас до сеа имам на пример 2 комбинации а исто термин ми е август, до тогаш уште 22 ќе најдам, а ми е 2 дете. Меракот за дотерување не ми е поминат. Има во фустан да ја вадам и тоа сите го знаат. Така беше и со првото
Да. Како не ви е ќеф сами да си ги дотерате еве незнам. Па и кога ќе чујам дека свекрвата го бањала до 40 дена Кој век сме? Или да се фали по комшии она е босот
Мене до 3-4 месеци ми го бањаа свекрва ми и мајка ми, ми беше страв. Значи ако имаш здрав однос и свекрва која живее во 2022 година нема да се фали по комшии.
Да, сува кожа имам но се мачкам со хидратантна крема и пак чеша. Не секогаш само пред спиење едно 2-3 сати ме чеша пред спиење.
Ама тоа си ти. И што има врска здрав-нездрав однос,? Не сакам да се петља и тоа е. На кафе нека дојде ако сака. Тоа и за мајка ми. Додуша мајка ми ме прашува за се.
Ајдеее И мене ми беше страв па маж ми го бањаше Уште цицка да можеше да даде,или да го роди не за друго здрав однос,ова она. Де не пишувајте вакви работи, неможам да читам и да верувам
Зошто постои само опција "ми се допаѓа" Значи колку сака нека биде модерна и незнам си каква дама, примадона што има она да ми одбира што да му облечам. Ако има некој паметен совет нека даде и она и мајка ми, не се бунам. Ама да ми спие со мене 40 дена, да ме буља во гради кога дојам и уште што све не прочитав од адети низ форувов нема шанси.
Па уште кога ќе прочитам страв за сопствено дете. А демек мајката и свекрвата имаат подобар фат. Ма ајде бре. Од млади личности вакви размислувања.
А ако и маж ти се плашеше да го бања? Мене мама ми го бањаше првите 3 недели, после комшивката бабица идеше. Да имав свекрва ќе беше максимално испочитувана. Колку ќе сакаше толку ќе и давав да го бања Си го имав заборавено комплетот што го купив за излегување , па го извадивме во едно смешно костумче два броја поголемо. Мама ги измешале брзините Веќе и имам заборавено како беше облечен при излегувањето. Со душа чекав дома да дојдеме и да си го соблечам голо и да го мирисамммм Галете мешковци и не се замарајте како ќе биде облечено. Ама па ве разбирам и вас, кои имате свекрви кои сакаат да глумат мајки на вашето дете
Јас мислев дека ќе се плашам да го земам в раце, ама се заедно од прв ден со мм правевме. Најбитно е мажот да помага, нив да ги средите навреме. Ние одма се навикнавме и направивме рутина, двајца се потребни од почеток ако се плашите. После веќе и сама можев. Може се лутеше свекрва ми малку ама и мене ми беше ќеиф, не може мајката да се потиснува за бабите да се истакнат, а кај нас најчесто така е мајката во втор план.
Кај золва ми 40 дена свекрвата го бањаше , а мајка и одеше секоја вечер само да гледа. Не дека нешто ми е битно у што ќе било облечено , туку што има друг да ми кажува, несфатливо ми е.
Малку ми е смешно и чудно ова. Зарем почит се покажува преку бањање на мое бебе? Мене ми одат на нерви тие селски адети. Бањање до 40 дена, па не фрлај ѓубре навечер и така натаму.
Абе сеа и на нас ни е смешно тоа што толку многу се плашевме од тоа бањање. Мм вели дека првите бањања му биле стресни исто како полагал неврохирургија