Апсолутно воопшто нема избор за машки, а и од се што ќе бендисам има 62ка,68ка… ептен сум разочарана.
Точно , мене д димерите ми се топ , но времињата ми се скратени и примам клексани од почеток на бременост верувам и до крај , само нека биде се како што треба
Јас сум со термин 7 Август, тие комплетите како што ги гледам се по долги па ќе ми биде жал да го сварам на жешкото Ништо освен од ромперите на кратки не сум видела 56ка и да ми се допаѓа.
За една недела влегувам во 6ти месец. Оваа бременост брзо ми помина Само да не ми трае 9ти месец долго. Кога се движам повеќе ме боли срамната коска.. една жена ми рече тоа значи дека пред термин ќе сум се породела
Глупости, да беше така јас до сега 100 пати ќе бев породена. Ја едвај се движам од што ме боли срамната еве веќе 38ма недела сум и само се молам да излезе што побрзо.
@Saf те болеше од порано? Јас сум 25та, сношти мислев на итна да одам. Имав накај лево повеќе константна болка долу, и на 5 минути во вц одев. Прениско ме удираше и струја низ цел цервикс. Изгледа на бешика е со стапалата, и денес мислам ми се распаѓа долу срамната коска и пак често имам потреба за мокрење. Дека немам искусено породилни болки со првото се преплашив. Прерано е мислам за толку ниско вака да ме боли.
Од 20та недела сигурно ме боли, и тоа болење.. после почнав да земам магнезиум 2 пати по 400 ме попушти сега го прекинав и неиздржливо е. Освен тоа де левиот препон де десниот страшни болки имам како да ме боде со нож некој.
@Saf јас од очај вчера 3 магнезиуми се напив и сум заспала. Значи не е рано сепак, да не се паничам толку.
Пробај со Б6 и Антиметил, не знам колку ќе ти помогне ама пробај... Мене на почеток ми помагаа со мачнините ама кога почнав да повраќам ништо не ми помагаше, душа ми излегуваше после секој оброк.
Јас ако може да се уфрлам само и да прашам што точно значи тоа ако времињата се скратени? Мене досега ми беа добри резултатите, ама на последното испитување малку ми беа скратени времињата, матичната проба да ми објасни што значи тоа, не ја сфатив баш, ми рече само дека ништо страшно не било. Ама не ми е јасно, па да прашам еве и тука
И кај мене иста ситуација. Ама матичната кога ми ги виде резултатите ми рече дека се супер. Инаку и јас не знам што значат скратени времиња.
Мислам дека тука убаво е објаснето Се е поврзано со време на коагулација , има случаи каде што не се многу скратени и терапија не е потребна , кај мене конкретно активно парцијално е многу скратено , и затоа сум на клексани , клексаните се антикоагулантна терапија , односно терапија за разредување на крвта http://www.95-medika.com/-хeмостаза.html
Пиши на нет фактори на хемостаза и ќе ти стане појасно. Просто кажано, се испитува време на запирање на крварење. И мене ми беа скратени ама се консултирав со транфузиолог и ми рече доволно е да следат, не ми препиша терапија. Бев со царски и во ред поминав.
Дали некоја се соочила со холестаза во бременост. Бидејќи прееска ми пиша една од вас дека чешањето може да е и од тоа, сега нешто прочитав и се испоизвадив од памет. Моментално сум со ковид и сум во изолација, ама нели ако мора за испитувања секако ќе излезам. Има ли чаре ако е тоа и дали само преку крв се проверува? Ако има некој да ме просветли би ви била благодарна