Синко е почеток на август ,по боди беше и тетра одозгора. Мешиња од ело ќебенцата не се убави. Крути такви а 1090 ден.За возрасен неудобно не па за бебе. Знам ги зборевме пред некое време.
И јас со глупо прашање. Онака цело време си мислам. Царскиот во државна има некоја цена, се плаќа нешто, треба да се остават пари, колку, како, стварно сакам да знам ме интересира.
Оние во џамбо што се по 500 ден едно, плаво и розево ги знаеш? Леле како се мекани, убави, нежни ко душа. Мене ептен ми се допаѓаат. Ама не знам за каква врста ќебенца правевте муабет. А и големки се не се мали. Сигурно ги знаеш ги имаш видено.
Кај мене е скрос во канал спуштено кралица не да ме болеше овие два дена денес не толку и стомак спуштен ама рано му е на мојов 33+4 нека си поседи уште малку.
Чај од лист од малина кога се почнува со пиење и дали би можело домашен обичен лист од малина да се искористи за чај ,да не е филтер кесичка ?
Ако сакаш такво мекано имаа попуст лана бланкетс, можеш да видиш на инста, имаат различни плетки.. Јас си порачав и сум баш задоволна ама мене термин ми е почеток на октомври.. Баш се онака пуфкасти, дебели. Потенко земав од бисер од венис, на приземје продавничката, околу 1100 ден на попуст и тоа е баш убаво и мекичко, не толку дебело.
Јас земав од билна аптека Матија сушен лист од малина, тој го пијам од 36та недела така нешто. Колку порано ќе го почнеш во трет триместар толку повеќе бенефити.
А дали сте гледале нешто за бебушите во памук пале? Гледам имаат и тетра и шпихозни и бањарчиња и ред други работи, постелини и сл. Се токмам и никако да отидам. Да ми помине короништево секако ќе видам, ама викам некоја мама да не земала да сподели искуство за квалитет и цена
@eli25 мене ми е термин почеток на август, па ме интересира што си пишала дека со боди и тетра спиело твоето, боди по долги ракави или на кратко?? Што да спремам од облека за тој период летен август септември? Не знам колку би ми биле доста бодиња... Инаку денес грб почна да боли, кај плешките горе ... Секоја недела има по нешто, изгледа следи интересното.... Прошла недела почнаа нозете да болат, да жежат... После тоа на грб ако легнам, што се свртам грбот боли боли... Е денес почна и грбот горе, бебе па мн активно денес... 29+4 сум, досега контроли,болки, шеќер супер, дали овие промени се нормални??
На кратки мила. Боди на кратки и чорапчиња Претопло е. Првите неколку дена , по долги , после се опуштивме
@eli25 со обична тетра покриваше или има некои специјални поголеми? Ми излегуваат некои од бамбус на фб, не знам дали се добри да земам неколку, обични имам од синко ама ко погруби да беа.
Наводно ги припрема матката и цервиксот за пораѓај и го олеснува пораѓајот. Така сум читала, исто добар бил за железото, спречува крварења и слично. Прогуглај види, се надевам барем нешто од напишаното е точно