Јас имам нездрав појадок, ручек и вечера 9 месеци! Од претходно здрави хидрати, варен зеленчук, месо печено се сведов на кока кола, чоколадо, бел леб, паштети, помфрит И пиво луѓе, леле колку ми се пие пиво. Ама госпоѓава ќе излезе наскоро па мама веќе нема да има изговор Многу ми е криво што нема како по странство мајки и бебиња групи за вежбање, parenting groups за поддршка, баш убава дружба и поддршка си даваат посебно битно ако во округот немате пријатели со деца. Да се пожалам, последните 2 недели исклучително тешки за мене, едвај движење, едвај спиење, страшен умор и многу болки во рамена, раце, нозе.
А баш се мислев дали само јас трудница што престана да јаде здраво и се префрли на нездрава храна Месо и риба не можам да ставам во уста 8 месеци. Ама затоа сладолед ми е еден од поголемите гревови
Како се справувате со болките во препони? Кога се движам не чувствувам толку, но кога ќе седнам или легнам за да станам со офкање со болки сум. Дури малку да попешачам после тоа ме боли. И кога велам малку, мислам навистина малку. Викендов решив да подзачистам, како да ме пратиле некоја тешка физичка работа да завршам. Пијам магнезиум еднаш на ден, да не треба дозата да ја зголемам не знам.
Јас цела недела благо немав каснато, и сега после крвна слика си купив кроасана. @Alexandrite од ко пијам по 2 од 400 магнезиуми ми се намали болката во срамната коска. Пробај со 2.
Да, многу е мала доза таа за во бременост. До 2 грама е максимум, ама мене и 2 по 400мг ми се доволни. Понатаму ќе зголемам ако има потреба.
@Alexandrite ако сакаш магнезиум директ, од Алкалоид ќесичките се толку, 400 мг. Јас моментално пијам на Биолектра во капсули, полесно ми е така. Пред тоа пиев на Синерџи, тој е 350мг. Добри ми беа сите, само директот најбрзо ми делува, ама и најгрд за пиење.
Јас па имам земено од фармавитал ... Колку се одвратни чудо едно. Тој прашокот поситно од шеќер во прав па ми залетна во нос во душник мислам ќе умрев од кашлање. Кој ме тераше прашоци да купувам. Земи таму капсули ко секоја терапија... прашок .. свашта
@fana ауу страшно, ептен се лоши за пиење. Земи си од овие на Биолектра, @eli25 ги препорача, и мене многу ми се погодени. И таман е дозата со 2, а едно ко ќе немам болки. Јас и во листовите имав грчеви и болки секоја вечер, неколку дена од ко пијам пред спиење ми се нема случено.
Јас ги пијам на солгар магнезиум со б6. До сега ми се добри, еве 7 месец терам Него како сте со дишење? Дали од времево дали незнам веќе што, ама пвие 2 дена пукнав. Неможам да дојдам до воздух, а сега почнува и глава да ме подзаболува
Од вчера имав некои болки како да ме сече нешто ептен долу од што може да е? Денеска по малку ме здоболува и бебето кога мрда ме здоболува. Од денес сум 33та недела.
После многу внимавање денес на крвна слика 4.9 глукоза. До сега 5.4 ми било најниско. Понеделник сум на скриен шеќер, од утре продолжувам со иста исхрана, денес ја утнав сабајлечки.
Од моето по нездраво мени тешко да има некој... Пред бременост како здраво се хранев, сега се расипав Уживај си