Не, само Фемибионот, не ми беше низок никогаш ни хемоглобин, ни железо. И сега не е многу, ама од претходните месеци е доста намален, за секој случај рече докторот да не падне под 100.
Јас да кажам искуство со тотхема, неполн месец хемоглобинот од 10 на 13.5 и железото од 4 на 15. Се зачудив дури.
Е да со другите препарати за железо имав дијареа. А сега имам тврда столица, вчера не се напив тотхема и денес бев нормално после долго време во вц, какво олеснување
Кафено имам без престан, кога помалку кога повеќе, болки имам ако станам нагло некогаш, притисокот во минус, неподвижна станав мислам дека од мирувањево, не знам кога е ден кога е ноќ само лежам. Шансите се 50-50, во четврток ќе знам.
Колку часа не јадевте пред мерење на гестациски шеќер? Сабајле во 7 сум во авицена па ме интересира. Фала ви
И подобро Јуле, уживај и не се оптеретувај со испитувања. Мислам дека се претерува кај нас, дури слушам за трудници што купуваат апарат за мерење шеќер, а здрави прави, фала богу без индикации. Битно лекарот да е добар, ако е, сигурно знае што прави и нема да испушти трудница. И посебните пренатални витамини не знам колку се оправдани, освен фолната киселина. Еве Фемибион не пиев, само фолна, ц витамин и фала богу бебето супер напредува, дури два дена плус е понапредно. Е крвната слика каква ми е не знам, ке проверам во среда. Вака се чувствувам супер.
А и надворешни имаше? Ти мислам природно се пораѓаше, како е на пораѓај со хемороиди? Некако самата помисла на болна ми изгледа.
Јас го користев краток период, ми се појавија неколку стрии продолжив да го користам испукав цела и така. Иако лично мислам дека џабе е со што и да се мачкаш, до кожата е пошо ја знаев дека ќе испукам и претходно а малце накачев на тежина лом бев цела со стрии. Но сега земав кокосово масло бидејќи имам осип и стрии, и можам да кажам дека стриите на стомакот се смирија, обледеа од неколку мачкања. Можеби да се мачкав од почеток повеќе ќе делуваше од еуцеринот. Да се надополнам и павловичева исто помага.
Која недела си мила ? Ајде ако тргнуваш кон таму имај лесна нога земи не и нас вака шо не ни се чекат
Утре полна 39. Од 37ма си се спремам се си мислев порано ќе излезе ама ме зафркна денес ќе почнам со вежбите за природна индукција што ги праќаа во форумов, може ќе ми се посреќи.