Што покажуваат тие ленти? Дали има или нема бактерии или..? Поверодостојна би требало да е уринокултура, каде бараат спец причинител... А вака + леукоцити, + бактерии а на уринокултура ништо... Стварно безвезе.
И јас прашував ова во темата Породување во приватна болница и неколку членки споделија дека најчесто 38. недела го прават, освен ако не си со договорен царски- во тој случај е по договор со докторот, Воедно, да не знае некој случајно утре дали ќе работат Синлаб?
И што направи во овој случај? Примаше нешто..? Јас уште не сум била кај матичниот гинеколог ама познавајќи го нема да даде ништо...
Не примам ништо. За тоа чудно ми е кога јуле кажа дека има терапија за уринарни инфекција без направена уринокултура.
Ама јас ако правам уринокултура секој втор ден кај ми е крајот. Вака мочам на лентичка која уствари е истата што ја користат во лабораторија за обична урина, споредувам со реф вредности што имаат на пакувањето и ако видам позитивно на нитрити, крв и бактерии, одам правам уринокултура.
Кај мене па нонстоп се е со минуси, дури ми се чини не ја проверуваат урината. Нонстоп ми е чиста. За првото стално имав нешто со плус, а на уринокултура чисто.
И јас така мислев и оп + бактерии и леукоцити... Работава пази што посакуваш Не дека посакав ама се урочив, хаха
Мислев некакви ленти што покажуваат и причинител Не знаев затоа прашав,ама и да покаже недај боже нешто еве уринокултура нели правиме и стерилна. Да не знае човекк на што да верува.
Штом е чиста уринокултура- нема ништо уживај. Леукоцити во крв мене редовно 9.7 ми се, во бременост е нормално и повисоки да се од референтни, а и во урина не е страшно ако има плус. Уринарните инфекции најчесто имаат симптоми поизразени.
Нема терапија за уринарна инфекција без уринокултура. Уринарните инфекции се предизвикани најчесто од бактерии и уринарните канали не може да се излечат со вагиналети. Ако има бактерија мора антибиотик орално. А и кај мене секогаш бактерии и леукоцити е плус, а уринокултура чиста, без никакви симптоми на инфекција.
Мене матичниот ме извади од памет, претходно го прашував за спонтани ( немам друга работа) и вика па тоа така не се случува од еднаш, ешерихија во урина, бактерии на брисеви, тоа се вика причините... И сега кога видов ова позитивно, си викам што прашуваш се, што те интересира, терај си таму, подобро ништо да не знаеш...
Исто немам никакви симптоми, освен првиот ден што си умишљав кога ги видов резултатите... Абе раат да не си
@Doktor F колку повеќе знаеме поголема паника не фаќа. Мене ме кара ко ќе го прашувам секакви медицински работи, ама пак си наоѓам начин да научам се и сешто. Немаш ништо, не се секирај.
Ехеее колку бремености почнале со бактерии, јас цела бременост истерав со Е.коли милион редовно, со дијагноза леукоплакија на бешика сум, се породив во 35та и можна причина ми кажаа само бактеријата ама не мора да значи. Сега ми рече почесто ќе проверуваме урина, ко ја да не повторувам нон стоп, и ќе внимаваме да ја поминеме 37ма овој пат. И мене ме зачуди уринарна со вагиналети, ама ај викам не сум експерт. Додуша за уринарниот тракт имам поминато свашта, нема испитување што го немам направено. Ама па Јуле си кажа дека и вагинално имала исцедок, веројатно знаел што дава доктор. Туку... мене ме боли стомак кај резот пак. Лошо спијам, во село сме и лош ми е креветот и стварно многу лошо спијам, едвај чекам утре дома да си одам да си отспијам нормално и да се истуширам асално. Синоќа заспав со прслук и тоа ме мачеше, е сега преземав мерки за сите удобности и се надевам ќе врзам сон после вагиналета. Бар една ноќ да се наспијам во еден дел сакам, ама ќе почекам уште 10тина дена за тоа, евентуално на 2х1 да ми намали утрогестан па да отспијам и јас ко човек.
Здраво 28 недела од утре сум,бебето секогаш е една недела понапред,овие два дена цело време чуствувам како затегање на едно место само,лева страна кај папокот,многу чудно го осекам понекогаш е како движење на бебето а понекогаш не можам да разликувам. Не е болно,не знам дали се тие лажни контракци,ако се дали е нормално скоро цел ден да осеќаш и баш секогаш на истото место?
И тоа и тоа е можно. Мрдањето го разликувам од контакциите според тоа што ко ќе заврши со тегнењето обично клоца на исто место. И подолго трае дури се намести. А контракциите ми се кратки, ќе се стврдне стомакот и пушта за секунда две, без да мрда бебе. Цел ден баш не верувам да ти се контракции, сигурно и бебето е некогаш.