Мамички веќе 3-4 дена наутро кога станувам ме боле горниот дел од грбот и тоа ептен многу боли после кога движам болката се намалува но следното утро пак со голема болка се будам. 23+ недела сум. Некој совет?
Од мене совет ако си имаш нормална бременост истегнување на цело тело во темпо во кое ти е пријатно без многу притисок. Побарај на Јутуб има вежби соодветни за секој триместар само треба упорност и да не се залежуваш
Да, 8ма недела терам. Вртоглавици сте имале? Крвна слика топ ми е, веројатно поради надморската е така, на Шар планина сум. Утрово пред да појадувам добро ми се сврте мислев прегладнета сум, ама и после доручек ми се вртеше и ме куткаше на спиење. Одремав пола саат и ко нова. Одам сега да се размрдам да ми помине малку бар мачнинава. Многу грдо вака, со свекрва ми сме, се она работи а она е уствари болна, прележа тешка пневмонија и глупо ми е ептен, ама кај да носам вода јас, да работам тешки работи среде планина, да мкнам дрва, не бива, така да ќе си дозволам да бидам малку нежна, додуша и маж не дава. Може на женава нема да и текне веќе со нас да дојде ама што да правам.
Јас ја терам 10та недела. За сега турбо. Се тешам кесите кои ги мкнам не се многу тешки или деца кога кревам да не е најголемата. Имам вечерни мачнини, ваљда наутро не иде ред до мене, додека спремам појадоци за сите три, додека се облечат, косите да направиме, да се измијат, во веце...ќе заборавам и трудна дека сум или било што. Навечер ми текнува и се дружам со краставиците или јагодите Не знам колку кг имам изедено периодов.
Исто, краставици и јагоди, јас плус и патлиџани сакам, на тоа би живеела. И вода, многу вода, оти не можам друго. Од благо ми се гади.
Морам да си ја кажам маката знам ќе ме разберете. Немојте само да ми се смеете. Се осеќам нетрудно! Ете кажав. Дојдовме у село некни и во неделата станав сабајле да правам мекици, се супер, не се замарав многу ама стаив вагиналета и без да размислам легнав на стомак, да се разбереме јас сеуште немам труднички стомак сеуште е надуен, мада спласна некако сега, и се ок, ама јас од тогаш си увртев у глава дека не се осеќам трудно. За воља на вистината гадење, вртоглавици, некои гасови ко балончиња во стомакот имам, апетит ко троа подзголемен, ама нешто друго не. Ко што кажав, стомакот таа подуеност ја нема веќе, ко да спласна, ама па за воља на вистината излегов 2 дена по ред во вц и сега се осеќал полесно некако. Се надевам дека ова е само некоја моја фикс идеа, дека се е во ред, ама ај да прашам дали и вас ви се десило?
Да, да, мене градите ме болеа, па престануваа, па мачнини намалуваа/исчезнуваа, па пак де враќаше се.
Откако пишав си сумирам, освен стомакот што го осеќам нетруден, не знам како да се изразам поточно, другите симптоми сите си ги имам. Еве сега време за јадење јас цела се тресам и вртоглавици, а јадена ужинка, не дека не, едноставно се осеќам така ко прегладнета. Здравје имам до преглед уште 10 дена, се надевам се е ок.
Дали плачете на видеа со бебиња или надвор да чуете некое бебе како плаче, па и вие по него? Или сум ненормална или хормониве ќе ме убијат. Прееска на фб ми излезе некое видео, се утепав од плачење. Исто кога ќе видам некоја мајка како го шета бебето во количка, одма вртам глава, ми надоаѓаат солзи. Барем да знаев зошто и што ми е маката.
Хаха и јас сум иста штом видам бебе одма ми течат солзи или некој ако ме праша да не има нешто ново одма плачам или пак кога се враќам од преглед и му кажувам на мм што и како сум поминала одма почнувам да плачам сигурно е до хормоните
Јас со првото се пораѓав со хемороиди, немав поголеми болки, ама после пораѓај мачно си е, кај тие од бременоста, па ми излезе уште некој надворешен, плус внатрешни.. Па не знам маж ми најде некоја маст од билна аптека, ми се повлекоа за 1 недела и внатрешните и надворешните, ама од тогаш сум склона кон појавување на хемороиди, штом малку напнам во вц, одма ми излегува по некој. И до вчера имав, ставав факту маст и еве малку ми се повлекоа.
23+6, па понекогаш се осеќам "нетрудно" секако имам стомак, но има денови кога не ми ни треба одмор, косам трева во дворот, ручек, дете... секако не секој ден ама некои денови
Има некоја уште ко менструални болки во второ тромесечие? Скоро трето, 26та недела. Ме боли денес долу, срамната коска, како некои вагинални кратки бодежи, тапи болки се воглавно. И бебето е помалку активно денес, ама цел ден сум во движење дома.
И јас само некои болки имам, којзнае веќе што е нормално, прекинав да размислувам. Па и пред некоја вечер кога ме стегна кичмата исто како првите породилни кога ги добив, од памет се извадив. Утре конечно сум на втор скрининг, се надевам малку ќе се смирам.