Искрено не знам дали можат да се спречат.. јас од самиот почеток почнав бебешко масло, па маслото на еуцерин за стрии и веќе 2месеци користам маст од невен, немам никаде стрии, 8ми месец сум.
Јас ретко се мачкам против стрии. Заборавам. Барем витамините до сега редовно ги земам, а маслово иако ми стои до мене на наткасна, пак не ми текнува. Како да е невидливо. Пред 3 месеци го купив, ни до пола не сум. Сега за сега немам. Малце ми е страв, што забушавам, ама си викам нема на стари години кариера како модел за веш и бикини да градам. А имам некои стари на чудни места, со години си ги носам од екстремни флуктуации во тежина. Ако решиле да излегуваат, тоа е.
Женски, 29+3 а стомаков ми личи како за 40+ дури се сомневаме со сопругот да не се близнаци па да се изненадиме на пораѓај и да ме има на сите портали Има некој како мене? Излегов да пробам некој фустан и продавачките викаат ајде уште некој ден ќе се олесниш Да се надворзам на темава за стрии, цел живот варирам со по 10кг + - и не сум имала стрии освен една кај препоните. Во неверство дека ќе ми излезат веќе сум лом и на стомак и на нозе, се мачкам со се и еве џабе, а реално бев изненадена кога се видов воопшто не очекував.
Женски за 3 дена влегувам во 6ти месец Кажете дали е нормално да ме боли толку срамната коска и препоните кога се движам? Со првото летав, немав вакви маки. Страв ми е да му кажам на докторот, да не рече да ме прегледа вагинално, па да направиме беља, знаете едвај се оправив.. Кога одам кривам а тек 6ти месец сум..што ќе биде понатаму
Да, имам пишувано и јас дека имав огромни болки во препони и срамна коска ми беше срам да станам бидеќи одев страшно, ги имав тие болки некаде од 18та недела, сега сум 29та и знае понекогаш да ме заболи ако го осетам пониско да е.
Не ми има спомнато дека го носам ниско..каков е тој појас,може кога ќе имаш време да ставиш слика? И мене рано ми почнаа, некаде 16та недела. А не сум некоја дебелка да речам со огромен стомак па да ми тежи, првото го родив 2800.. јас и маж не сме крупни, јас па ептен ситна сум, мислам и ова ќе биде така ко првото и ептен јако клоца. Ако споредувам со првата бременост, а цело време споредувам, еднава бременост нема врска со другава.
О и те како те разбирам. Јас сум утре полни 29, од пред месец дена по маркети и улица, познати и непознати ко ќе ме видат ме гледаат со жалење работава леле колкава си, ама ај се гледа крајот. Ко ќе им кажам дека крајот е август сите се чудат. Инаку ко бев во 20 недела на 2 скрининг кај Димчев, прво гледање ми вика близнаци носиш? И така, не си сама Јас и со првото бев огромна, се понадевав сеа дека нема, ама....живи здрави само да ни се и бебуши и ние
Јас прашав на доктор, ми рече дека е нормално. Не ме провери вагинално. И јас со истата мака веќе некое време. Некои денови се подобри, некои си лежам и си се жалам на глас. Чаре уште немам најдено.
Јас читав вчера дека се работи за SPD или symphysis pubis dysfunction. Се јавува кај некои трудници, ко ќе се појави олабавување на срамна коска. По сликите што гледав, тоа имам, таму ме боли. А на македонски нема никакви информации, и докторите велат нормално е, а пишува дека треба да се прават и има вежби баш специјално за тоа. Еве од Youtube некои вежби ако можите, јас сум ко раштрафена од сабајле не ни пробувам.
@kristina.k @Kate Rina 93 Можно е да ни се олабавени мускулите, лигаментите, па затоа толку рано осеќаме притисок. И кај мене исто, дури како нешто да ме влече надоле особено кога цел ден не сум седнала. Претпоставувам исти сте и вие, трчање по другото дете, зачисти, стој цел ден во кујна, трчај во паркче... Јас 10 дена немав седнато, еве мм конечно се прибра дома и сега само лежам.
Нема врска тежината на бебето дефинитивно, кога прашував добивав одговор нормално е и не ја дознав причината ама најверојатно како што рече мајка ми “се шириш” Баш сега треба да ми тежи бебето па еве ги немам тие болки (освен ако повеќе време лежам и го осетам да се спушти пониско) Земај магнезиум и раздвижувај се тоа најмногу ми помогна. И да, јас претежно го носам ептен ептен високо и само на десна страна затоа најмногу ме боли реброто. Јас како за чудо до сега брзо бев со нормална големина мислам дека во две недели ми порасна толку многу стомакот до фаза што не можам да станам од кревет и да пешачам од болки во половината. Остај што ми е огромен баш погоре пишав дека цело време на десна страна го носам и има периоди кога ми се здрвува цел стомак и така со саати ми е и кога некој ќе ме пипне мислиш камен допира и сите зачудени леле колку ти е тврд. Ајде што викаш нека ни се здрави и живи па ќе истераме уште 10тина недели најтешки и најжешки
Од испотено беше тоа 100% ноќеска еве и сабајлево ништо нема. Утре сум на преглед секако, се надевам ќе кажат дека ќе ја вадат бебка, зошто ке споцркам по жештиниве држте се сите што сте јули и август, i feel you
Ај сега пак со ново прашање, имала ли некоја Streptococcus agalactiae (група B) цела бременост со чисти брисеви и уринокултура сега не можам да ја исчистам. Испив една доза Еритромицин и едно паковање Polyginax вагинално ставив и еве на уринокултура повторно ја имам Денес ќе ми даде друга терапија матичната плус и алергична на пеницилин сум. Баш пред крајот ја закачив би сметала за пораѓај доколку не се излечи?
Девојки бев на ендокринолог ради шеќерот, ми рече дека ако мерењата ми се повисоки од што треба ќе морам да се боцкам со инсулин. Прашав нели има апчиња, ми рече апчиња за трудници не. Тука еднаш прашував, некои од вас пишаа дека примаат терапија ама никој не спомна дека се боцкал, може да ми потврдите и да ми кажете што апчиња ви имаат препишано? Баш ме зачуди ова. @eli25 ќе те тагнам, ти мислам имаше спомнато
Во друга тема имаше пишано една членка, да не ти е ова ? https://www.nhs.uk/pregnancy/relate...en may develop pelvic,or front of your pelvis. Јас си открив дека ми е оваа дијагноза, ми почна негде од 27-28 недела.