Имам една комшика ми доаѓа на коледе пред некоја година со малата и онака врата муабает едвај одам вика ама што да правам. Јас цела у прашалници, таа ми вика 9 месец сум. Стомак јас не видов искрено, јес да во широко, она крупничка ама па до толку да сум јас идиот си викам...ене го детено 4-5 години има, струја е
Врска немам, ама јас кај цела бременост сум во паника и ковидов сеа ме докрајчи и викам да излезам од изолација ќе се пуштам во шетање, спремање и оваа денес ме тресна
Женски 9 месец, ве боли ли на страна кога легнувате? Последниве неколку дена ме боли, како болка во стомачни е, дури едвај се вртам, знам дека и бебе тежи и големо, ама ме фаќа страв.
И јас сум истата кога се вртам во кревет од една страна на друга ѕвезди бројам. Тоа е тоа што го праќаа погоре SPD, срамната коска ни се шири.
Тоа за срамна коска веќе многу познато ама ова баш стомакот ме боли... се надевам не е диастасис, уште тоа ми фали. Ај ко ќе е згрчен боли, ама ова нон стоп е сега... Да не зборам бебе како ми го деформира, дури језиво на моменти целиот скроз крив
А за диастасис пишав пред некој ден јас изгледа имам. Дупка цела околу папок имам и меко ми е. Ко ќе легнам ми спласнува стомакот скроз. Најверојатно зошто наеднаш порасна,до 30та недела немав стомак воопшто. Ако ми остане вака стомаков и после бременост
Што мислите што да користиме кко заштита од комарци овој период Ме касна денес еден не знам што да земаме?
Кога сте кај болки. 29 недела сум. И имам повремено болки во кичма,грб,препони, срамна коска и каде уште не најново ми е кога сум легната на страна, страната ме боли. А тоа вртењето од страна на грб и обратно ми е толку болно. Исто приметив дека и вагината ми е отечена. Бебево ми е многу активно, не ме остава да спијам, некогаш ми изгледа дека пробува да излезе низ стомак вчера баш имав удари истовремено и на лева и десна страна како хоризонтално да е поставено што не верувам. Ај доста беше жалење. Малку да се пофалам. Денес поминав на работа и колегиве сите што ме видоа ми дадоа комплименти дека многу сум била разубавена. Косава сега во бременост ми има некој посебен сјај. Претходно бев слаба сега имам 10кг качено искрено не се ни познаваат на мене. Супер ми стојат. Ни стомакот не ми е нешто голем како за 7ми. Сите мислат 4,5 дека сум. И покрај сите болки добро се чуствувам уште имам енергија за пешачење не се заморувам, повеќе потењето ми прави проблем. Ама тоа е ќе издржиме уште 2 месеци најтешките и најтоплите
И јас сум од списокот во август. Не сум многу голема, и доста подвижна и енергична. Али ја имам најчудната болка во свет, не ја прочитав кај ниедна. Болка во пета Деснава пета дур ја изгазам, знае јако да ме зеза
Бев на преглед денеска, бебето тежи 2230гр +- 230гр. Се е во ред. Бебето било крупно, ме праша јас колку гр сум се родила. Постелката ми била на заден зид и да не спијам на грб ниту да лежам на грб. А има ли врска нешто со постелката што е напред или назад? Заборавив да го прашам матичниот.
И мене ми е на заден ѕид, ама не ми рекоа ништо за лежење на грб. Секако ми е неудобно, ама не знам фека може да има последици по бебето.
Можеби затоа ми е рекол така, рече никако спиење и лежење на грб. На грб не спијам, ама кога лежам на грб лежам само.
Се надевам дека не Јас сум 4600 родена крофнава е по недели таман , докторката ми вика не ти треба толку 28 недела 1200гр, прееска бевме
Јас сум па 2.750 родена. Да се надеваме дека бебушко ќе си е потежок. За перење Персил сензитив со допочнително плакнење, а се користи и омекнувач?