Вчера купив цела диња, ја измив во сода бикарбона стоеше долго време, сабајле си исецкав прчиња, кој ѓавол ме натера да прочитам дека е опасна ради листерија и салмонела ако не е измиена. Па земав да размислувам како сум ја миела и тоа е готово у паника сум Ми треба разумен одговор да ме смири. Ми се одјаде а толку ја сакав
Јас со првото дете ја користев на Лансинох, единечна, електрична и сум презадоволна. Душата ѝ ја извадив додека не пркна детето, а и ме спаси кога наеднаш ми надојде млеко, па бебето не можеше да повлече од градите од што ми беа престврднати. Ја земав од Нутривита околу 6000ден и не сум користела друга за да направам споредба, ама немав ни потреба, оваа скроз ми заврши работа.
Штом си ја измила, плус ти стоела во сода бикарбона не се секирај. Јас со секое овошје и зеленчук така правам, стои по најмалку пола саат и после пак миење. https://www.lococroco.com/електрична-пумпа-за-гради-kikka-boo-leia-plus дали е ова пумпата?
Не се замарај со колку пие, нема критично, се гледа колку пие по напредокот. Така да за почеток не ти треба пумпа и да се оптоваруваш со мл. Дајбоже да не ти треба само, зошто ако ја имаш ќе молзиш, а со тоа ќе си направиш проблем, зголемена лактација, па мастити, па свашта, вака нека цица само бебе и мирна си. Ако не цица веќе, ако немаш млеко тогаш ќе мислиш. Пумпа се купува за пола саат, не му ја мисли. Пумпата јас што ја користев ја нема веќе, па би ја земала онаа од Локо Кроко, ја фалат сега. @GoldenFrida а да не се оптоваруваш толку многу? Си ја измила, си ја откиснала во сода, стерилност не ти треба зошто живееме во многу загадена средина. Ако гледаш така треба да живееш во скафандер и да дезинфицираш раце на 1мин, што не е логично. Миј ја храната, не користи сурово месо и риба, внимавај на косистење на прибор од аспект да не сечеш месо и зеленчук/овошје на иста даска и готви го месото доволно. Тоа е се што ти треба.
Фала што ме помисли Супер, го видов конечно после два месеци, срце на место. Се е одлично дури се израмниле мерките со последната менструација, цервиксот 4.15, е за полот ми забранија од дома да прашувам ќе ми праеле gender reveal, ќе дознаам деновиве
Од кај зема диња, кога сме на темата Цело време лубеница и диња ми се вртат во глава, како што затоплува. Ама такви ладни, седени во фрижидер. Инаку дињата не би била опасна ако се лупи, нема потреба од потресување. Ако е контаминирана, ќе биде надворешниот слој, кој патем не се јаде. Никогаш не сум оставала да седи во сода, само марула, ротквици и млад кромид. Баш читав од кај излезе тоа за сода дека треба да ги потопуваме овошките и зеленчукот. Всушност не било поради бактерии и паразити, туку поради пестициди. Веројатно првиве само со миење излегуваат. Којзнае веќе...
Земав во она Боб и тоа ефтина беше и либеницата му е 19ден кило, сега е во Карпош четири и земав и гајба црешни за 150 денари цела гајба. Цело време од тамо купувам храна. Инаку не знам тоа е зошто читам глупости по странски сактови к се уплашив, ама ме подсмиривте, мајка ми ми се изнасема на телефон. И ми даде совет лубеница и диња да со ги измијам со сјајче малку и да ми отстои во вода, и никако сечено да не се купива. Ете среќа што не купив сечена
Што има врска дињата секако ја лупиш кората. Не се замарај дотолку цел живот јадеме дињи па ништо не се случило фала богу. Само со вода ја мијам пред сечење и толку. Со сода бикарбона ништо не мијам, па ни диња.
А дека е контаминирана верувам. Со каква вода мислиш ги наводнуваат Да не навлагам, затоа што беља ќе направам. Доволно е да ги измиеш и да ги лупиш. Цел живот сме растеле, а никој не миел толку, како сега, па еве не сме се заразиле. Ништо не ти е
Бев будна до 5 сабајле, се напив втор дијазепам и уште еден мг па дури тогаш заспав, болки имав јаки, денес сум подобро, уште ме боли долу ама не како вчера, ке се слушнам со матичната дали да одам, ке и го пратам извештајот од болница. Се мислам да одам до Систина, да ме види Димчев да не измерил лошо докторот вчера, некој Картунски ме гледаше од клиника млад е, ако го има некој бројот од Димчев или од неговата сестра нека ми го пише во порака ве молам. Јас два пати го губам бројот од што сум расеана. Бебе го осеќам дека мрда, ама како да ме прегазил воз, мнову ме боли половина од лежењето, а на страна па стомак ме боли како и да легнам каки сите органи да ми се преместуваат кога ке се свртам, џабе и перница за трудници и еден куп други никако не ми е удобно. Мн се плашам лани со 25 мм цервикс ми се случија компликации и го изгубив бебето а сега со 20 ми е ептен страв. Вчера доживеав шок, такви болки добив и сечење мислев готово го губам бебето, почнав да се гушам, паничен напад на најјако. Морам да се стабилизирам, утрогестанот пак ке го ставам вагинално, се надевам ќе биде ок.
Исто е и со било кој зеленчук и овошје. Јади си и не се замарај. Ко што вика мојот доктор колку помалку читаш и знаеш у случајов подобро за тебе. Наздравје.
Вие за диња, јас за тигрест комарец се извадив од памет, вчера еден ми се залепи па земав да читам какви болести пренесувал. Можеме ли со Аутан да се прскаме, надвор едно излегување 20 вида на инсекти се лепат за мене. Ова хормоните страшна работа се.
И за ова прашував хахаха може да со Аутан а може и да си земеш алка од Еурофарм најпрактично мене тоа многу ми помага
Девојки како сте на ова време? Многу тешко е времето надвор, јас главоболка од сабајле имам и плус едно 10 минути имав како пречка (круг што трепери) на едното око не можев да гледам убаво не знам дали ми падна притисокот или ми се качи. Ужас е времево, многу лошо ми влијае..
Ve molam itno nekoj sto cita krvna slika. Mikroalbumini vo urina mi se 130...bremena sum 12ta nedela. Se zagriziv Sto ako imam seker ili nesto drugo
Јас од овде што читав знам дека колку што може бебето да извлече од градата толку не може пумпата. Пробај првите недели без пумпа ,па ако не оди земи. Да не се трошиш безпотребно.. јас само мака имам со топлиниве. Се чудам како ќе издржам цело лето.. Далеку ми се гледаат септември, октомври.. @macalavica аман чувај се повеќе, слушај доктори, ако треба од дома не излегувај. 6ти месец си. Уште малку имаш. Навистина многу те мислам и се нервирам што не се чуваш доволно