Што ти кажаа за тахикардија дали земаш нешто? Цело сабајле сум со тахикардија без енергија матичната ми е на одмор читам овде б6 земаат да не постои и некој друг лек? Б6 никогаш не ми помогнал како лек.
Б6 е витамин и не помага за тахикардија не знам што се научија на секое демек смирувал. А инаку не земам ништо терапија зошто досега бев добра еден период и сега кога почнаа жештините пак ме фаќаат тахикардии кога ќе излезам надвор. Магнезиумот мене ме смируваше поголема доза, ми дава и енергија и ритамот на срцето ми се нормализираше ама сега сум пред пораѓај и го прекинав. А за лекарства конкретно за тахикардија појди си на кардиолог нека ти направат едно ехо, екг и ќе ти кажат тие најубаво. И провери крвна слика да не си анемична.
До сега немав ништо. 32 недела не се осеќав бремена енергија пукав ништо не ме болеше функционирав најнормално. Од вчера како ме фати некој замор неможам од кревет да станам. Сабајле до вц отидов мислев маратон сум истрчала срцево ќе ми искочеше. Крвна слика ми е супер во понеделникот бев на ехо добро е бебето се ок. Ама дали времето што ќе се менува па ми прави ваков проблем или од нешто друго е предизвикано незнам. Од сабајле лежам ми се намалува пулсот до 96 и после кај се качува до 130
Оди кај Димчев ако тоа те смири, само гледај да се смириш. Лежи и пробај некако да се смириш, барај начин да се опуштиш и побарај совет од лекар како да се справиш со вознемиреноста. Чувај се, уште малку ти остана, ќе биде сè во ред верувај
И јас имам такви епизоди, денови кога не можам од кревет да станам, тахикардија, замор, вртоглавици. Најверојатно е од времево. А верувај подобро да се движиш, не се улежувај. Знам дека смета тахикардијата ама јас кога лежев уште полошо ми беше. Движење, многу вода, магнезиум, цеди си лимони, ќе помине.
За никаде сум, многу е жешко не се издржува. Добро е што внатре не е жешко па се седи некако. Ама вчера околу 19ч колку запорно беше а јас на преглед ќе ми се слошеше за малку.
Земи си електрична на Медела. Јас ја земав со првото и после идеше кај повеќе другарки. Пумпата е ко вчера купена
Значи сите со истата мака сме... И јас вчера околу 19ч излегов да прошетам со мм и ми се слоши. Мислев нема да имам мака со жештината бидејќи сум 13+2 и уште не сум во тие напредни месеци ама не било баш така. Изгледа лекот е само дома да седиме под клима инаку тешко нас
Ужасно е значи.. а пишува цела недела да е вакво и топло и дожд, не знам како ќе се издржи И мене ми се гледа далеку септември и се надевам дека нема да биде пеколно летото како лани што беше
Уреаплазма во цервикс. Значи ми иде да се расплачам. Ќе си пијам антибиотик 10 дена. Зошто раат чоек да не може да е?
Пак ли правеше брисеви? По индикација или пак се прават. Јас во 14та недела правев и после неам правено.
Правев пак, да, иако првите беа чисти. Така рече матичната. Без индикација ништо не ми е. И матичната и Михајло рекоа дека јас и на првите брисеви сум ја имала само во многу мала концентрација и затоа била негативна тогаш и сега дека сум бремена и не се чистам си се размножила Еритромицин и флажил за мене, вибрамицин за мм
Бев на преглед во Систина, нема никакво скратување на грлото, исто е како во 20 недела кога бев, немам контракции, не е ништо страшно, болките биле од преголем стрес, ама нема дополнително влошуваење никакво. Цервикс 3 цм ми измери, фунелинг има ради полипот тоа не е страшно. Џабе ме испаничија толку вчера, веќе моја нога во Болницата во Куманово не стапнува.
Супер што се е во ред! Ако не е тајна кој доктор е толку неспособен? Инаку поради прво "екстра" искуство таму за време на бременоста,се пораѓав во Систина
Гледам доста често се јавува скратување на грлото. Ме интересира, дали може да се види тоа со абдоминално ехо, или ве проверуваат вагинално. И дали ви даваат слики од ехо со димензии, т.е дали на нив пишува некој податок за тоа (должина на грло)?
Се гледа и абдоминално, ама поточно е мерењето вагинално зошто милиметри се во прашање.. Мене за првото ми даваше докторката слика од цервиксот и стрелка колку е измерен, сега ми нема мерено. На обичните слики од ехо не се гледа и не пишува ништо.