Веројатно ако се посомневаше на нешто абдоминално, до сега ќе ме провереше подетално. Од сам почеток никој не ме проверил вагинално. Читајќи си додавам грижи само.
Да, ако има некаква индикација гледаат. И мене не ме провери на 2 скрининг, а има напишано во извештајот дека е во ред.
@ShtruMfeticka одамна ја немам прочитано во темава, се породи ли? Инаку на тема горештиниве - вие што ќе одите на одмор имате ли некој совет како да се преживее? Не ми се оди на одмор од таа причина, едвај на тераса издржувам 20тина минути, а ми се бања во море ми се плаче
Јас одам неделава, на плажа од 7 до 12:30, 50ка фактор заштита, природна сенка, кафенце разладување, во жештините под клима во смештај, назад на плажа пред квечерина И така некако планирам да терам
И јас денес бев на преглед 29+4 1 400 тежи малата. Таман мислев да ми даде слика матичниот да ја видам, арно ама госпоѓицава спиеше и беше со грб застаната не успеавме да ја разбудиме. Сега ќе спие а навечер лудува кога јас треба да спијам. Битно се е како што треба и одговара за неделите
Неа Пори, со моите одам, маж ми е на работа. Јас израснав таму, мајка ми кога беше бремена со сестра ми исто бевме таму рамно е плажа огромна ем ефтино ем блиску 3 часа од Скопје.
Ако ти е за "утеха", 35та недела стигнав, вагинално освен до 12-та недела не ме прегледале. Само на абдоминално ехо. Никогаш не сум ни побарала искрено, се водам по тоа дека доколку има индикација ќе се провери и вагинално
Се гледа на абдоменално, сигурно те проверуваат без да ти кажат. Мене сега на вториот скрининг докторката ми го покажа, 4.15 го измери и рече се гледало дека е супер. Вагинално ме нема прегледано досега.
Да отворам едно подзаборавено прашање. Што се случи со муабетите за породилно од 12 месеци? Имате некаква информација? Сакаа нели нешто оваа година, ама заборавија изгледа со штрајковите за минималец.
Дали вие што примате клексани се сончате? Уствари дали е ОК и дали има несакани ефекти некои? Имав искуство со еден испиен аспирин кога на сонце ми излезе такво црвенило по крвните садови како од хорор филм. Сега се плашам и од нив да не се појавува, а сум на океан со плажи на секој чекор не можам да одолеам.
Другарки што ставате утрогестан вагинално дали лакирате нокти, дали користите нешто плус за дезинфекција на рацете, мн ми е страв од инфекции, досега ги пиев. Нокти исеков одма ама лак не ми текна да избришам.