Ми го кажа во 12та недела. Бев малку изненадена, бидејќи обично чекаат до 4ти месец да кажат. После правев Нифти и се потврди. Сега нон стоп ми кажуваат што е и очекуваат реакција од мене. Што треба да правам, кога веќе со сигурност знам Од куртоазија, се правам изненадена секој пат.
Прашај дали смееш да го користиш чајот од аптека стојанови, препорака од докторка од ГАК беше многу кефир, јогурт, еден куп антибиотици испив можеби 2 месеци бев на терапија и плус ми кажа за да се оддржува нормална вагинална микрофлора да користам секој месец дури и во бременост по едно пакување Ацидосалус и Вагисан.
Nokti obavezno napraveni imam, samo so sprej za dezinfekcija pred da apliciram gi pominuvam racete, vekje 8 meseci taka i nemam nikakov problem
Не бев, цела вечер немам спиено, почна грлото премногу да ме боли, ме фати после и забот и главата, место не ме фаќа само легнувам на различни места по 5 минути и не можам да седам. Не можам да голтам од болка. Иначе тие прави топчиња се, мрдаат и одма се осеќаат на допир. И под двете пазуви на исто место. И вечер ќе се мачам, така да ни утре нема да одам никаде. Не можам.
@AugusTina! пиши му на др. Михајло на вибер, ќе ти врати и за грлото што да пиеш и за топчињата што да правиш. Другарка оди кај него, враќал веднаш, да не се мачиш со болки.
@AugusTina! Земај витамин ц цинк и витамин д. Прополис за грлото. Топчињата ти се од пад на имунитетот. Ако одиш на контроли кај др. Михајло пиши му на вибер за совет ќе ти врати веднаш. Со помин
Да враќа одма, ама не сакам да пијам ништо, а ваму престрашена сум само читам на нет ми излегуваат ракови тешки болести со сите симптоми што ги имам. Наеднаш ми се собра денес се, а немав маки некои големи. Сега и забоболка и главоболка и нервози и несоници, болки во грлото и плус овие проклетиве топчиња под пазуви.. А навечер ми е смрт кога ќе легнам место не ме фаќа, ептен нервозна сум и разочарана а толку време протерав горе долу како што треба што требаше сега ова.
Болки во грло, проследено со главоболка и забоболка може да ти е и кандита на јазик со грло. Јас бев со такви болки и си мислев од умник дека ми е. Ужааас од болки, неможев да голтам, да зборам. На крај само што отворив уста на лекар веднаш ми кжа кандида. Ми даде да шмукам некои таблети, на газа содабикарбона да тријам јазик и уште едни капки. Ако ти е јазикот бел, веројатноста за кандида е голема ама и ќе ја третираш и без јаки лекови. Моја претпоставка ти е ова. За топчињата не паничи. Знам на 2-3 блиски во бременост им се појавиле и им имаат исчезнато. Јас имав ( не бев бремена) на градите , на сите еха и контроли др ми кажа дека се е поврзано, гради со жлезди накај пазуви и особено кај бремени се појавува како реакција на хормони, припрема на градите и жлездите за млеко. Кај мене не добив одговор зашто се појавија, он ми објаснуваше за кај бремени …
Многу било мака да си бремена во топли денови, не знаеш дали си се испотила или водењак ти тече. Буквално 7 пара гаќи денес, неверојатно. Изедов сигурно кг лубеница, вечер спиење во тоалет. И уште крема за под очи да препорачате, од станувањето 8-10 пати навечер имам огромни подуени подочници.
За кругови модри и подуени подочници од неспиење спас ми е со години. Можеш и у фрижидер да го држиш дополнително да те лади.
Јас имав ваква болка од 24-28 недела, а вежбав и умирав. Додека се движев беше ублажена, ќе седнам или легнам СМРТ. После 28 ма недела исчезна, сега сум 31 ва и да не се урочам нема болка, освен отоци во нозе
Цела бременост на грб спијам, нит ми спомнале дека е лошо нит знаев. На страна имам болки, а и бебето е вознемирено некако
Дали се случува на некоја да има проблем со мокрењето? Кога ќе седнам не можам да почнам да мокрам, давам напон ама не оди и морам да сменам положба за да почне млаз. Ова сега почна од кога ме боли срамна коска многу.
Земај и пробиотик, и консултирај се со гинекологот и за вагиналети... Мене лично вагисан ми помогнаа...
На абдоминално ехо може да се види но не толку прецизно како со вагинално.. Слики на мене не ми давале ама на извештајот си пишува колку е цервикс.
Јас ставам со ракавици, си купив една кутија обични не стерилни и пред да ставам ја мијам раката со ракавица со топла вода и така аплицирам.
Дали пред породување ви земаа брисеви? Со првото мислам дека 35 или 36 недела проверував, а сега со ова ништо не ми спомна докторот за брисеви за 36 недела сум. Само за кр.слика и за цтг ми кажа? Има некоја што е тука со неделите, @eli25 ти проверуваше ли?
Не баш слики, лошо се изразив. Ливчето е како тоа што ни го даваат со слика од бебето, само што на него пишува некакви димензии и ништо друго. Мислев во тие нешто да не пишува, оти на извештајот нема таква информација. Се се некои кратеници, што човек кој не се бави со медицина, не може баш да ги дешифрира. И заборавив да прашам. Што значи втор степен на зрелост на постелката во втор триместар. Тоа нормално е или?