Да знам те разбрав, ама мене лично не ми давале такво ливче со измерен цервикс а сум била и на гак и во чаир. На извештајот кај што пишува TVUZ. CC и бројка пр 40мм тоа е цервиксот. За второто прашање не би знаела да ти одговорам.
Денес бев на преглед кај Димчев, ја видовме бебка, супер си напредува, ни направи убави сликички, малку се криеше ама успеавме да извадиме неколку и една баш убава Не можам да престанам да ги гледам сликичките
Се гледа големо отстапување т.е скратување на цервикс и на абдоминално ехо. Ти кажа нешто за постелката?
Од вчера приметив дека особено преку ден сум отечена. Прсти на рацете, на дланките, на нозете. Навечер нема толку. Јас сум зимурлива, ама сега облеката не ја трпам на себе. До толку. И пак спијам. Денес се успав, среќа ми звонеше телефон инаку синко ќе си останеше во училиште.
Јас деновиве приметив дека прстените што ги носам потешко можам да ги извадам ама сепак излегуваа. Прееска кога се вратив од пешачење прстениве не мрдаат ни нагоре ни надоле. Се зачудев за неколку денови толкава разлика, не можев да ги извадам едвај. Веќе не ги ставам.
Ова и од жешково се случува, и јас сум така со прстените, сабајле супер веднаш ги ставам ама кога си идам од работа малку потешко ги вадам.
Јас сум 35. недела и последните брисеви (воедно втори по ред, првите ги правев 12-13. недела) ги правев пред две недели- матичната ми рече до 35 треба да се направи тој за стрептокока за да има време за терапија ако има нешто;
За отекување совет од лекар, 10литри вода дневно, исфрлање на сол од исхрана, само минимално за неопходно и многу белки од јајца да се јадат ❤️
Докторот има слушнато за интоксикација со вода? Премногу се 10 литри, 2-3 е доволно. Опасно е да се внесува толкава количина течност, се исфрлаат електролити од телото, се оптеретуваат бубрезите, може да доведе до отекување на мозокот и да заврши фатално. Не верувам дека има човек толку што внесува.
Дада, пред два дена бев. ГБС и цервикс,вагина само . Во Ремедика даваат во 28ма 2рите брисеви, но јас ги направив сега .
Не знам дали некогаш се размислува прво пред да се каже нешто. Па 10 литри нормален човек не треба да пие, а не пак трудница. Јас мислам очекувани се отоците. Мене еве и во мајчина книшка ми пишува дека во последно тромесечие се отекува.
Со колку цм отворено грло задржуваат на болница? Јас сум 3цм, минималми болки на цтг, д-р ме прати дома, па ако зачестат болки да одам
ОМГ 10л вода дневно не само што не е здраво туку е и токсично, ,,докторов'' самоук некој да не е... Трудница во трет триместар секако дека е нормално да има некои отоци ама и од жешкото знаат да отечат да речеме прсти, јас секое лето сум така од жешкото, само прстите ми потекуваат.
Тоа е многу вода, ама ради жештиниве треба да се внесува повеќе течности, јас гледам да пијам повеќе вода. Кога бев на преглед пред некој ден матичниот додека ме гледаше ми рече повеќе течности да пијам. Јас немам отоци сеуште 33та недела сум, за солта ми рекоа да не јадам за да не го качувам притисокот, баш сега на крајот да не ми прави проблеми.