Зошто толку ми е измачувачки испитувањето на скриен шеќер Испив чашата, на излегување надвор повратив но малку, она што ми беше се' уште во уста. Им реков, ајде ме боцнаа по втор пат па ќе видиме. На излегување од врата ми се стемни, ни слушав ни гледав. Дефинитивно во прва бременост бев појака. Какви ќе бидат резултатите којзнае
се двоумеа, ама не повратив целосно дека ептен малку и ајде ќе сме виделе друг ден не се враќам пак ова измачување
Муабетот беше дека најмногу толку може бидејќи телото на бремена жена исфрла вода само ако добива чиста вода, не секој ден ама да се конзумира течност многу например два литра чај разладен, два литра вода, кафе, супи течности, сокови.Лошо се изразив дневната доза на течност да биде одприлике таа а не само два литри за да не дехидрира телото, исто мнооогу овошје и зеленчук што содржи вода, кога ќе видите дневно внесувате 10литри вода ќе го избришам корниот пост за да не се збуни некој
На извештајот само тоа пишува дека е втор степен и нормално количество на плодова вода. Инаку ми кажа дека се е во ред.
Да не ја пиеш многу брзо. Зачудувачки мене убаво ми дојде, дури се заблажив, ама јас сум фанатик по благо. Убаво е и вода да си пиеш додека си таму.
Погрешно се изразив генерално сите течности да бидат зголемени, чај, вода, сокови. Да се пие во текот на целиот ден за да не дојде до дехидрација. Овошје и зеленчук што содржи вода, генерално вкупниот внес дневен на течност ни е толку на нас ако земено пиеме 3 литри вода
Не смееш вода додека си таму, дур се испитува ништо не смее да се јаде пие, дури ни движење некое големо не е дозволено. Јас досега имам 4 пати испитувано, и во и надвор од бременост. Ми дозволија еднаш зорле да исплакнам уста само, не да пивнам, ќе пукнев од нервоза.
Мене ништо не ми рекоа, самите ми дадоа вода, дури и ако нешто ми дојде тешко да одам да си побарам. Претпоставувам да не се налеваш. А за движење да, ќе седиш и ќе чекаш.
Да, бргу ја испив за што побрзо надвор да одам. Во прва бременост не ми беше ова тортура, но до сега ми е полошо од земање брисеви, дека го мразам И тој момент Патем, немам јадено од синоќа 20:30, а јадев на секој час и пиев многу, многу сок. Ми рекоа вода ако сакам само да исплакнам уста, а седам пред врата веќе скоро 2 часа
Отоците се јавуваат од задршка на течности во организмот. При таква состојба и не е баш паметно да се внесува толкаво количество на вода или било која течност. Не викам да не пиеме да дехидрираме ама во граници на нормала. Јас фала богу и од тоа сум оперирана 39та недела ни прст не ми отекол.
Ти и на екс испиј го растворот, два саати сакала не сакала ќе си седиш. Минута ипол ни мереа за да се испие. Веројатно баш за да не ти се слоши, голтка по голтка полека. Верувам дека на повеќето им е лошо искуство, ама не би ми претставувало проблем пак да одам. Удобни фотељите во Авицена, уште телевизор да имаше пред мене, нека ми мерат и 5 саати, не ми се стануваше на крај.
Еве сум истата, ме буди ќерка ми, јас кома. Рацете и нозете, поточно кај прстите делот го чувствувам чудно дебел. Стигнав 29+2. Со спекулум или без? Тоа спекулумот ми е ноќна мора.
Колкава е отстапката на мерките во 28 недела? Пример колку може да е +/-? Пример. Главче, стомаче, нога поголемо/помало за колку се толерира?
Кај мене сега последно нозете беа повеќе за 2ипол недели. Викам да не е многу вика ќе има долги нозе. Стомачето исто две недели плус. Јас се извадив од памет , она рече крупно бебе. Знам дека за две недели ако е поназад тогаш даваат дополнителни испитувања. Според грамажа е една недела понапред. @Eli23 со спекулум
Се мислам што да правам. Последниот пат на крвната слика со урина, имав еден плус кај бактериите. Грешка направив што таму земав примерок. Инаку пред тоа цело време од дома според сите правила во стерилна чашка си носев и немаше ништо. И додека научам како соодветно се зема примерок, со години си имав по еден плус на тие резултати. Симптоми никакви немам, а не сум ни имала. Дали се работи за контаминација од моја страна не можам да бидам сигурна. Е сега не знам дали да правам уринокултура или да направам пак крвна слика и од дома да си носам урина. Претходно не сум се замарала за тој еден плус,а и никогаш матичната не ми рекла земи испитај се или антибиотик да земам. Со оглед дека сега сум бремена, не можам веќе да гледам само мене како ми одговара. Да поновам пак или директно да правам уринокултура?
Е добро значи има некоја толеранција... Мислев баш строго е. Кај мене главчето така е понапред и баш сешто се изначитав, а не ми рече ништо дека е загрижувачки, а убаво ја прашав дали е полошо да се мерките помали или поголеми рече во секој случај генерално полошо е мерките да се помали. Фала ти ели