Што не си носите одеднаш и урина и уринокултура? Вака дупло да се малтретирам нема шанса. И докторот така ми бара секој месец уринокултура. На секоја урина имам еден или два плуса бактерии, секогаш уринокултурата била чиста. А претходно со тоалета, среден млаз се како што треба.
Јас истиот случај, бактерии плус, одма направив уринокултура чиста. После нецел месец пак правам крвна слика со урина пак бактерии плус. Најверојатно не е ништо страшно.
Да и мене така ми рече дури ми се подразвика демек е шо сеа нечини (стално си мрчам јас де и прашувам се и сешто). Као тебе не ти се угодува. Ако имало нешто , ќе кажеше.
До 2 недели се толерира колку што знам. Моето во 28ма беше за 2 недели понапред, ама сега си е со нормални мерки.
Не сум правела никогаш и никогаш не ми рекле да испитам подетално, затоа и не ми ни текнало така да направам. За следен пат ќе си барам и тоа и тоа. Упат за уринокултура дава општ или гинеколог?
Незнам. Јас приватно правам 350 ден. Секогаш од една урина им викам направете и уринокултура да не се малтретирам
Јас на приватно направив. Гинекологов мој освен на државно упат не може на друго место да ми издаде,општа матична ми дава со дијагноза Z34 и пак ми наплаќаат и више не ни одам се си плаќам приватно...
Ако има контракции на ЦТГ и минимални болки значи дека почнува процесот или може така и неколку дена да поминат?
Какво е тоа соодветно земање урина? Јас би направила уринокултура, да си бидеш мирна ако ништо друго.
Зависи, ако се вистински контракции почнува ама не значи дека за еден ден ќе се породиш. Јас имав на претходните 2 цтг некој контракции неправилни и тогаш ми направија паника демек готово за брзо ќе биде имаш болки на цтг а уствари испадна лажни биле. На последново немав воопшто ни лажни ни никакви.
Уф, ми покажа ама не знам какви се. Докторот вика треба да засилуваат болките. Е ај стрпи се и биди смирен дали ќе засилат или не.
Минимални, не можам веќе да разликувам од што се зошто се' ме боли нон стоп, и кичма, стомак, опашка, нозе и пелвис.
Богами.. и ја така. А на моменти ко ќе ме фати некоја менструална па возбуда одма еве почнува, и на крај ништо на таа ќе си остане И да, одвај чекам да се породам, толку возбудена не бев за екскурзија во основно.
Леле, јас сакам да се породам, ама и не сакам од страв. Само што видов активност на тоа листот, одма паника, заборавив да дишам, почна да ми се врти, да ми се оди во вц, не можам да се исконтролирам од страв. Згора на се, докторот на одмор ми е уште. Која недела си ти?
Тука само нешто ново читам , викам каков е сега тој метод, хаха... Инаку мене и докторот ми сугерира да правам уринокултура ако има + кај бактерии. Во авицена е 350 денари, и можеш да ја земеш дома ама најкасно за 2 саати да ја однесеш, ако не ти даваат таму чашка...
Еве сум и јас ваква сега. Ме заболе на неколку пати грб, и да сум била 3цм отворена. Сега што и да мрдне бебе, нешто да ме заболи и си викам готово еве ќе излезе ама не е туку така тоа ваљда.....не знам