Исто како и порано, жешково не ми смета на апетитот си јадам како мече. Сабајле една кифла со мармалад јадев и како да не сум јадела, па си направив 2 тостиња.
Јас од 22 недела во бременоста имав исто трнење во левата нога, особено ако стојам или се движам подолго и матичната и докторката што ме пораѓаше ми кажаа дека е најверојатно од тежината на бебето и правењето на притисок на некој нерв.Следев д димери, но од друга причина, поради големината на плодот. Сега 2 недели после пораѓај отрпнатоста е намалена за 80% веќе, се надевм за кратко скроз ќе ја снема.
Мене цееееел ден ми се јаде, нема врска што е жешко Гледам поздрава варијанта да е секој оброк ама секако има исклучоци од тоа.
Кај мене пак има млаз, ќе се испразни бешика и имам чувство дека сум завршила, па на забришување уште еден млаз. Или ќе протече по мене. За кивни-подмочни @Yowannty да не правиме муабет. Со влошки сум цело време и 20 пара гаќи неделно се перат. За јадење на топлото, така, салати, јогурт, таратур. И вода, колку што може повеќе... Минимум 2-3L. @eli25 пробај едно лажиче вегета растворено во вода, како електролит е, ќе ти врати малку енергија. Некој нерв е веројатно притиснат, од вишокот течности и големениот волумен на телото, не би требало да е проблем. Кога седиш или лежиш најчесто се случува?
Денес правев уринокултура. Резултати во среда. Ми рече матичната и скриен шекер да испитам за секој случај.
Денес правев уринокултура. Резултати во среда. Ми рече матичната и скриен шекер да испитам за секој случај.
Леле и јас сум ваков паничар како тебе. Истово ми се случува при возбуда ми се се оди во вц се препотувам ми се лоши сигурно и пред пораѓај ваква ќе бидам.
Што се однесува до мерките и јас сметам дека не треба голема паника да се прави. Уште пред 10 год кога бев бремена со ќерка ми имав огромен стомак, ме праќаа и тогаш на скриен шеќер испадна нема, кој како ме виде од доктори ми рече само што ќе влезеш во 9 месец ќе родиш, детево под 4.5 кг нема да биде. Само еден ми рече ќе си родиш во термин и немај гајле, овие се кинески мерки и не секој ги чита и тумачи правилно. Ќерка ми си ја родив точно на ден 40 полни недели 3600гр, 51 см. Па поиделана големина што се вика незнам дали има. Што се однесува до подмочувањето денеска сум на најјако мислам. Нешто поткашлувам и на секое мое закашлувае менувам гаќи. Мислам дека уште дека до вечер ќе успеам да наполнам една машина
Јас тие ги правев во 12 после пак во 23 мислам беше и во двата случаи беа чисти. Треба и трет пат да се прават истите?
На сите болки плус увото сега почна да ме боли. Се правев демек храбра ќе издржам нема да пијам ништо, дури и другарка пред спиење ми вика да ти оставам парацетамол, јас не бе ќе помине, ќе издржам, ама кога ме стегнаа сите седум работи што ме болат на најјако во 5 сабајле е оди трпи да те видам. Кога станав, сите фиоки ги испревртев за едно парацетамолче да најдам да се спасам. Малце од малце помина нешто, поспав мислам 2-3 мирни саати... Колку можеме да пиеме парацетамоли на ден и на колку време?
Кога лежам најчесто (а лежам, поради патолошка) и никако не можам позиција да си најдам за лежење/спиење. Баш како што кажа @Mm222, од 22 недела почна трнењето.
Јас во 23 недела не правев брисеви. Во 12 недела ми беа чисти. Прапав матичната, ми рече дури таму после 32 недела. Дали сите или еден, не знам. И кај мене има отстапки до 2 недели. Ми рекоа да очекувам бебе до 4 кг. Вчера с емислев за Кегелови дали да почнам, ама страв ми е да не се подмочам при вежбање. Ќе причекам после пораѓај највероватно. Немам веќе ни осет да напнам, дали е полна бешика или не, станам таман од вц шолја и си потекува... За дијастаз ректи, приметувам кога напнувам за во вц, стомакот ми се праи шпиц, од страните само се стегаат мускули, ко шпиц, ко јајце. Добар дел во среде нема мускули. Ќе не чека после наппрна работа.